Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
По повод овогодинешното Генерално Собрание на Обединетите Нации кое се одржа минатата недела во Њујорк, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната претставничка на Обединетите Нации во нашата земја, Росана Дуџак напишаа заедничка колумна која следи во продолжение: Кога би биле прашани, веројатно сите во светот би рекле дека ја поддржуваат Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (ЦОР). Но, иако многу држави ги поддржуваат, на половина од овој процес, заедничкото ветување на земјите ширум светот дека ќе ги осигураат правата и ќе ја обезбедат…
Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 30 дронови „Шахед“ во јужниот дел на земјата, пренесе Укринформ, повикувајќи се на објава на Јужната команда на Украина. „Триесет напаѓачки беспилотни летала беа уништени во нашата област на одговорност од страна на силите за воздушна одбрана: 20 во регионот Виница, шест во регионот Одеса, четири во регионот на Николаев“, се наведува во соопштението на командата. По нападот силен пожар избувна на инфраструктурна локација во Калиновка. Властите во украинскиот регион Виница рано утринава наредиле делумна евакуација на градот. -Во овој момент нема потреба од општа евакуација, освен во непосредна близина на погодените област, изјави градоначалникот…
Албанскиот премиер Еди Рама на меѓународниот форум „Берлински глобален дијалог“ (Berlin Global Dialogue) оцени дека „некои земји во регионот се под руско влијание“ и и затоа „неопходно е забрзување на интегративниот процес на Западен Балкан во Европската Унија“. -Морам да кажам дека по руската инвазија, дури и најскептичните, дури и најоддалечените од Западен Балкан, ја сфатија неговата геополитичка важност. Западен Балкан има прилично тешка историја, но тој е во срцето на Европа. Нема други решенија освен интегрирање на Западен Балкан во ЕУ. Ова е причината зошто мора да се забрза процесот на интеграција. Ние сме меѓу многуте актери (не зборувам…
Со промотивен настан и панел-дискусија, Институтот за медиуми и аналитика ИМА во Скопје ја објави публикацијата „Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“. Публикацијата донесува авторски анализи, во кои истакнати истражувачи со повеќегодишно искуство во медиумите и во професионалните медиумски организации изнесуваат наоди, примери, ставови и мислења за известувањето на медиумите, дезинформациите, медиумските манипулации и говорот на омраза поврзани со предложените уставни измени, кои се услов за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија. Преку анализирање на начините на кои се одвиваше медиумското известување и јавната комуникација по ова прашање, четирите авторски…
Аукцијата за зелената обврзница, за која проспектот беше објавен оваа недела, ќе се одржи на 3 октомври, во вторник, и за неа очекуваме поголем интерес, пред се, од банките и институции, иако е наменета и за граѓаните, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Блумберг Адрија. Тој исто така најави и издавање на уште една нова емисија на граѓанска обврзница. -Износот на емисијата на зелената обврзница е на 10 милиони евра, двегодишна, со 4,7 отсто годишна камата, а ќе можат да се пријават банки, институции и граѓани. Очекуваме поголем интерес, пред сè од банките и институциите, затоа што…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска најави дека лозарите ќе ги добијат дополнителните субвенции пред „Св. Трифун“. Според него, тие се задоволни од годинашната цена која е значително повисока поради понискиот принос и огромната побарувачка од откупните компании. Како што истакна Николовски, кон средината на идната година лозарите ќе добијат уште 12 000 денари поддршка. -Лозарите прв пат, преку новиот модел на субвенционирање, до крајот на годинава, а не следната пред „Св. Трифун“, ќе ги добијат 30-те проценти од средствата за директна поддршка на лозовите насади. Со овој модел овозможивме постојана финансиска поддршка за лозарите во текот на целата…
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона Како што се наведува во соопштението, согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1-ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.…
Геоекономската фрагментација е глобален ризик кој може позначајно да се одрази на глобалните трговски и финансиски текови, а со тоа и врз економскиот раст, особено кај помалите и помалку развиени економии. Проценките за загубите од долгорочното ограничување на глобалните текови на добра, услуги, финансии и технологија се проценува од 0,2 до 12% од глобалното БДП, во зависност од претпоставките и сценаријата, беше посочено на деветта Меѓународна истражувачка конференција на Народна банка. Долгорочно, беше посочено на конференцијата, само трговската фрагментација, односно поделбата на земји во блокови кои тргуваат само меѓусебе може да го намали годишниот БДП за 7% или 7 трилиони…
ДЕСТАН ЈОНУЗИ Наспроти бруталниот 11-годишен режим на Никола Груевски, поранешниот социјалдемократски лидер Зоран Зaев беше вистинит, веруваше во западните вредности кои ги интернализираше и создаде политичка филозофија која го воодушеви Западот, беше искрен, имаше одлична идеја и идеал и секој ден се зборуваше за толеранцијата и човечките вредности. Никогаш не се изјасни со тонови, како на сегашната опозиција, колку е „нечесна“ Бугарија, Грција или неговите противници, не мразеше никого, но зборуваше за духот на толеранцијата и се разбуди, како што рече, со идејата да направи нешто добро за својата земја и луѓето – „Едно општество за сите“. Значи, нашата земја,…
Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов изјави дека Владата низ транспарентна постапка го избра приватниот инвеститор, конзорциумот ППЦ и Архиродрон од Грција, кој имаат обврска на свој трошок да го изградат Чебрен, и да го управуваат преку заедничката компанија со АД ЕСМ, во која АД ЕСМ ќе има учество од 33%. Андонов, во емисијата ВИН ВИН на ТВ Телма, како што се наведува во соопштението од Владата, ги презентираше најновите информации поврзани со реализацијата на најголемиот стратешки проект во историјата на македонската енергетика, хидроелектричната централа Чебрен, чијашто изградба се планира и се чека цели шест…
На Украина и треба повеќе оружје бидејќи колку е посилна на бојното поле, толку посилна ќе биде нејзината позиција на преговарачката маса, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Првиот меѓународен форум за одбранбена индустрија во Кијив, пренесува Укринформ . -Само храброст не ги спречува беспилотните летала. Само херојството не може да пресретне ракети. На Украина и треба технологија. Висок квалитет. Високо количество. И брзо. Нема одбрана без индустрија, рече Столтенберг. Тој ја пофали генијалноста на украинската одбранбена индустрија, истакнувајќи дека во производството на воена опрема, од беспилотни летала до опрема за чистење мини, Украина има иновации „со молскавична…
Јавноста сведочи дека изминатата недела на различни интервјуа, Христијан Мицкоски и Александар Николовски најавуваат резултати на анкети кои допрва треба да бидат објавени. Иако не се објавени Николовски и Мицкоски ги знаат резултатите, што е најголем доказ за системот на нарачаните анкети од страна на ДПМНЕ. Очигледно кулминацијата на внатрешните кавги, поделби и расколи во ДПМНЕ се толку големи што Мицкоски има потреба за нова лажна анкета, која овој пат има исклучиво внатрешна употреба. Со нарачани анкети Мицкоски сака да си ја спаси фотелјата во белиот дворец. Лажните анкети на ДПМНЕ се добро познати на јавноста и не се ништо…