Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓу Запад и Русија

0
By Marta Pesevska on September 30, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 30, 2023 13:30

ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Наспроти бруталниот 11-годишен режим на Никола Груевски, поранешниот социјалдемократски лидер Зоран Зaев беше вистинит, веруваше во западните вредности кои ги интернализираше и создаде политичка филозофија која го воодушеви Западот, беше искрен, имаше одлична идеја и идеал и секој ден се зборуваше за толеранцијата и човечките вредности.

Никогаш не се изјасни со тонови, како на сегашната опозиција, колку е „нечесна“ Бугарија, Грција или неговите противници, не мразеше никого, но зборуваше за духот на толеранцијата и се разбуди, како што рече, со идејата да направи нешто добро за својата земја и луѓето – „Едно општество за сите“.

Значи, нашата земја, која порано ја сакаше и пренесуваше политичката мисла, сега е во состојба на ментална парализа. Затоа, денес ретко кој во западниот свет им верува на нашите опозиционери, ВМРО-ДПНЕ, Левица – Мицкоски, Апасиев и Данела „Правда“, затоа што немаат поим, не се ниту вистинити, ниту искрени.

Затоа што нивните објаснувања за политичките прашања не се ниту вистинити, ниту компетентни, ниту западни, туку се резултат на параноја, неспособност и длабоко незападен начин на размислување. Државата не може да се развива ако наоѓаме изговор за секој неуспех, ако секој ден покажуваме колку се лоши другите, а ние самите не правиме ништо вредно.

Алберт Ајнштајн рекол: „Само ароганцијата е поопасна од незнаењето“.

Зоран Заев веруваше во доброто – цврст беше во ова верување – насилството не го следеше со насилство, туку со опцијата добрина.

Затоа, денес на Северна Македонија ѝ треба политичката и културната мисла на Зоран Заев, како што на човек му треба чист воздух и вода, бидејќи неговото дело е неисцрпен политички извор, каде што можеме да ја задоволиме нашата жед, каде што можеме да се освежиме и се храни и во исто време се инспирира за добри и корисни дела.

Северна Македонија денес е во овој политички ќорсокак, затоа што не продолжи да го следи патот на Заев, патот што не донесе до членство во НАТО, меѓународно достоинство и развиена држава.

Од друга страна, опозицијата денес во Северна Македонија е без политички авторитет и со некои опасни демагози со екстремистички начини на размислување, кои парадираат како лажни пророци. Треба да се вратат назад – и да учат политика од визијата на Зоран Заев, која е свежа, и да се инспирираат од неговата фигура, за да ги надминеме големите предизвици со кои се соочува државата.

Блокирањето на уставните амандмани, а со тоа и стопирањето на процесот на европска интеграција на државата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оди во корист на проруските сили во регионот и на штета на граѓаните на Северна Македонија. Руската агенда на Балканот е прва што го помага процесот на блокирање на уставните измени, со цел земјата да не чекори кон интеграција во Европската унија. На сите ни е јасно дека на Кремљ му треба дестабилизиран Балкан за да го одвлече вниманието од агресијата и војната што се случува во Украина.

Но, за наша среќа, никој од македонските граѓани не ги дели истите вредности како Русите, сите ги сакаат европските вредности, освен Христијан Мицкоски, кој го сака европскиот хедонизам, но не стоицизмот, посветеноста… Политичкиот, економскиот и цивилизацискиот развој на Европа има долга историја и во никој случај не е случајност.

Од овие вредности тешко некој дека ќе ги оддели граѓаните на Северна Македонија!

Попречувањето на продолжувањето на европските интеграции на Северна Македонија е, всушност, војна меѓу Западот (за продолжување на европските интеграции на Северна Македонија) и руските интереси (за нивно блокирање), како поширока слика за пополнување на геополитичкиот вакуум што се создаде на Западен Балкан.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: Фронтлајн.
“едно општество за сите“ Заев НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.