Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Европската комисија подготвува нов закон чија цел е заштита на европските демократии од странско влијание, преку воведување обврски за транспарентност на изворите на финансирање и поврзаноста со трети земји за оние ентитети кои „сакаат да влијаат врз јавното мислење и демократската сфера“. – Не треба да бидеме наивни, видете ги постапките на Кремљ и другите актери од трети земји. Крајно време е да излезе на виделина прикриено странско влијание и сомнителното финансирање, изјави неименуван претставник на ЕК за „Еурактив“. Законот, кој беше најавен по избувнувањето на скандалот „Катаргејт“ поврзан со поткуп на европратеници, првично беше планиран за вториот квартал на 2023 година, но…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР, денеска ќе го посети Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е селекција на кандидати за полициски службеници. Како што соопшти МВР, министерот по настанот ќе даде изјава за медиуми.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Ново Село, Бугарија ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО. Во пресрет на посетата на македонскиот контингент, министерката Петровска разговараше со министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев по што истакна дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна и дека е на ниво кое доликува на две сојузнички земји во НАТО. „Денеска со мојот колега Тагарев заедно ќе ги посетиме нашите мултинационални сили што се стационирани овде во Бугарија и се дел од зајакнатото присуство на НАТО Алијансата на…
Поранешниот премиер Зоран Заев во своја објава на Фејсбук по повод петгодишнината од референдумот напиша дека 30 септември 2018 година е важен ден во современиот развој на Северна Македонија. Тоа е денот кога македонските граѓани од сите етникуми во огромен број излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа, со цел земјата да ни стане членка на НАТО и ЕУ и со цел да создадеме трајно пријателство со нашиот сосед Грција. 610.000 граѓани гласаа ЗА на референдумот и ја поддржаа каузата “Излези ЗА европска Македонија” што е најголемата поддршка дадена при непосредно гласање после независноста. Бројот на гласови ЗА…
Медитеранските земји од Европската унија (ЕУ) вчера во Малта повикаа на „обединет“ одговор на миграциската криза, дури и откако италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази резерва за улогата на невладините организации и за истоварувањето на мигрантите спасени од тие организации. „Ја повторуваме потребата да се зголемат напорите на ЕУ со земјите на потекло или транзит на мигранти“, се наведува во завршната декларација од состанокот „Мед9“, на кој учествуваа Хрватска, Кипар, Шпанија, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија и Словенија. Домаќинот на самитот, малтешкиот премиер Роберт Абела, оцени дека прашањето за мигрантите „мора да се реши во корен“, со „цврсти и глобални партнерства…
САД се загрижени од големото воено присуство на Србија на границата со Косово и го повикаа Белград да ги повлече своите сили од пограничната зона, каде се забележани српски тенкови и артилерија. Србија распоредила „напредни тенкови и артилерија“ во близина на границата со Косово по насилните и смртоносни судири во близина на манастир во северно Косово минатата недела, предупреди синоќа Белата куќа. -Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово, изјави за новинарите Џон Кирби портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. „Тоа вклучува досега незабележано поставање српска напредна артилерија, тенкови, махенизирани пешадсики единици. Веруваме дека ова…
„Чекаме на извештај на Скринингот, Поглавјето 29 директно се однесува на Царинската управа. По тоа што сум информиран, во добар дел царинската управа е усогласена со Регулативата на Европската Унија. Сега развиваме транзитен систем на Царинската управа, којшто ќе влезе во петта фаза следната година, и е комплентно е усогласен со европската регулатива. Тоа значи дека вие можете да отворите транзитна постапка оттука и да ја затворите во Германија, во Хамбург, во целата траса да си имате транзитна постапка, бидејќи истиот систем го користиме и ние со Европската Унија бидејќи сме дел од истата конвенција и го следиме трендот“, истакна…
Прашањата од билатерален и регионален интерес, одбранбената соработка, миграцијата, како и војната во Украина, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон на нивната средба на маргините на Самитот МЕД9 во Валета, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека посебен акцент на средбата бил ставен на мигрантското прашање и важноста на чувањето на надворешните граници на ЕУ, но и соработката со земјите на потекло на мигрантите. – Кирјакос Мицотакис истакна дека Грција ќе остане доследна на својата политика за чување на границите, потенцираше дека е потребна соработка на земјите-…
Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, ЕУ е подготвена да размисли за воведување казнени мерки против властите во Србија, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. – Преземени се мерки во врска со Косово. Станува збор за политички и финансиски мерки, меѓу кои се и запирање на посетите и настаните на високо ниво, освен Дијалогот што го води ЕУ. Тие мерки имаат влијание и врз финансиската поддршка за Косово. Суспензијата е привремена и реверзибилна и ќе биде укината штом има…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантскиот совет одобрил испраќање дополнителни сили вп Косово поради актуелната ситуација. По денешниот состанок на Северноатлантскиот совет за ситуацијата во Косово, Столтенберг изјави дека претставниците на членките на Алијансата „изразиле длабока загриженост поради растечките тензии на северот на Косово“, објавено е на веб-страницата на НАТО. – Од мај го зајакнуваме присуството на силите на КФОР. Вчера Северноатлантскиот совет одобри дополнителни сили за справување со актуелната ситуација, рече Столтенберг. Тој истакна дека НАТО ги повикува „сите страни на итна деескалација“. – Продолжуваме да апелираме до Белград и Приштина да се вклучат во…
Во Норвешка на 3 октомври стапува во сила забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. – Важно е санкциите да бидат ефективни за да се спречат колку што е можно повеќе приходите што и се потребни на руската држава за финансирање на војната, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд. Возилата во сопственост на норвешки државјани или граѓани на Европската економска зона (ЕЕА) со постојан престој во Русија или членови на нивните семејства ќе бидат ослободени од забраната. Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска веќе воведоа слични забрани по директивата на Европската…
Додека се разгорува дебатата за проширувањето на ЕУ пред самитот на Европската политичка заедница следната недела во Гранада, украинскиот премиер Денис Шмигал јасно дава до знаење дека Украина не сака да биде членка на ЕУ од втор ред. Шмигал го рече ова додека земјите од ЕУ го разгледуваат француско-германскиот предлог за попостепен пристап кон проширувањето на ЕУ. Во изјава за „Политико“ тој истакна дека целта на Украина е „да стане полноправна кандидатка за полноправно членство“ во ЕУ. Шмигал вети и дека ќе ја внесе својата земја во Унијата во следните две години. „Вложуваме максимални напори за да обезбедиме Украина да стане…