Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, за време на работниот престој во Тирана, по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со неговиот албанскиот колега,Таулант Бала. На средбата македонскиот прв полицаец му го честитал назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план. -Токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија. Преку заложбите за подобрување на добрососедските…
Според последните податоци нема зголемување на цените кај земјоделците, туку станува збор за нешто што трговците го наметнуваат на грбот на граѓаните. Откупната цена на млекото просечно се движи околу 30-32 денари, воопшто не е оправдано разликата на цената да биде на грбот на граѓаните а да профитираат трговците, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Токму затоа, како што рече тој вечерва во гостување на ТВ Сител, навистина како држава мора експресно и во тој дел сите институции да реагираат. – Ние како Министерство сме задолжени да даваме поддршка на производителите и на земјоделците, на фармерите при самото производство, да…
Во Министерството за образование и наука денеска се одржал состанок на државниот секретар со директорите на основните училишта со ресурсен центар, со цел да се разгледаат предизвиците и придобивките при реализација на инклузивното образование, како и квалитетот на соработка на основните училишта со ресурсните центри. -На состанокот беа отворени повеќе прашања произлезени од праксата, за кои дополнително треба да се прават консултации или одредени измени во постоечката законска легислатива. Со оглед на тоа дека основните училишта со ресурсен центар се одговорни за избор, селекција и вработување на образовните асистенти, на состанокот стана збор и за процесот и начинот на нивно…
На Инвеститорскиот ден што се одржа денеска на Македонската Берза се склучени вкупно 207 трансакции што претставува најголем број склучени трансакции во еден ден на тргување годинава. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 139 трансакции, додека просечниот дневен број на трансакции е 47. Од Берзата соопштија дека вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денеска надминал 595 илјади евра, односно изнесува околу 37 милиони денари, што е за 2,3 пати повеќе во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ оваа година. -Дополнително, денеска во БЕСТ системот членките на Берзата внеле вкупно 336 налози…
Северна Македонија го реши проблемот со името и штом постои решение, можеме да кажеме дека оди во правилна насока и можеме да прифатиме дека постои почеток на преговори со Северна Македонија, порача министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн по средбата во Атина со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Аселборн и Герапетритис на заедничката прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање говореа за европската перспектива на Западен Балкан, а министерот за надворешни работи на Луксембург се осврна на напредокот на секоја од земја поеднечно и паралелно порача дека 20 години по Солунската агенда, должност…
Заменик-претседателот на владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, оствари средба со главниот оперативен директор на германскиот концерн за производство на автокомпоненти „Костал“, Хансјорг Херман, и Директорот на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо. На состанокот, вицепремиерот Битиќи со директорите на „Костал“ разговараше за креирањето на добра инвестициска клима која се препознава од новите странски инвеститори кои доаѓаат во земјава, при што кажа дека за Северна Македонија претставува голем успех и фактот што постоечките компании одлучуваат да го прошират своето производство и започнат нови инвестициски проекти. „Со директорите на „Костал“, Херан и Мизо веќе започнавме да…
Со голем Аеромитинг во сабота, 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, ќе биде одбележан јубилејот – 100 години Македонска авијација, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година. За настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион. Аеродромските врати за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11 часот. Посетителите ќе уживаат во…
-Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето Преспанскиот договор да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ- изјави изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за “One Chanel”. Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата. -Сакам да нагласам дека најважната работа од…
Откако германскиот пратеник и претседавач со Комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаил Рот не се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска опозицискиот лидер изјави дека никаде не пишувало оти треба да се сретне со сите што доаѓаат во земјава. „А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека Рот беше тука поканет од невладина организација која одржуваше некаква конференција. Секој гостин кој што е добронамерен и кој што побарал средба со мене, ја добил или сме ја презакажале. Овој господин не побарал средба и очигледно не чувствувал потреба…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Атина учествуваше на меѓународната конференција, организирана од грчката фондација за надворешна и европска политика ЕЛИАМЕП на тема: „Перспективите за пристапување кон ЕУ на Западен Балкан во контекст на руската агресивна војна против Украина“. На прашањето кое беше и тема на панелот: „Нов моментум за проширување: Како може Западен Балкан да не ја пропушти можноста?“, вицепремиерот одговори дека се потребни визија, лидерство и многу работа, додавајќи дека тоа не зависи само од регионот, туку и од самата ЕУ и следните чекори кои ќе преземе. – Прво ќе почнам со визијата, ЕУ е унија…
Денеска Информативната теренска кампања за презентација на новостите и можностите со новата ИПАРД 3 програма караванот на претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната ја продолжија во Дебарца и Струга. Во текот на утрешниот ден караванот продолжува со инфо денови во Лозово од 11 часот во зградата на општината и во Чашка од 14 часот во зградата на општината. Информативна кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, има за цел да ги доближи до секој еден потенцијален корисник сите новости и можности кој ги нуди оваа програма. Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на…
Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас утре ќе пристигне во прва официјална посета на Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана. За време на посетата, во Министерството за одбрана, министерката Кареирас ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што двете министерки ќе го потпишат и првиот договор за билатерална соработка на полето на одбраната.