Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Атина: Со визија, лидерство и работа сме блиску до членство и обединување на ЕУ со регионот

0
By Marta Pesevska on September 13, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 13, 2023 18:20

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Атина учествуваше на меѓународната конференција, организирана од грчката фондација за надворешна и европска политика ЕЛИАМЕП на тема: „Перспективите за пристапување кон ЕУ на Западен Балкан во контекст на руската агресивна војна против Украина“.

На прашањето кое беше и тема на панелот: „Нов моментум за проширување: Како може Западен Балкан да не ја пропушти можноста?“, вицепремиерот одговори дека се потребни визија, лидерство и многу работа, додавајќи дека тоа не зависи само од регионот, туку и од самата ЕУ и следните чекори кои ќе преземе.

– Прво ќе почнам со визијата, ЕУ е унија на мирот и вредностите, ако не беше тогаш немаше да разговараме околу тоа дали Украина би требало да стане членка на ЕУ и ова е визијата којашто земјите од Западен Балкан треба да ја следат. Мислам дека сè уште се натпреваруваме со двата концепта, тој на национални држави кој е присутен кај земјите на Западен Балкан и концептот на вредностите на ЕУ, соработката, и што е можно помалку отворени билатерални прашања меѓу земјите. Ако го следиме концептот на вредности на ЕУ, тогаш треба да бидеме по солидарни и да работиме заедно, рече Маричиќ.

Вицепремиерот продолжи дека е потребно и лидерство повикувајќи се на прашањето која е цената на проширувањето, но исто така рече дека треба да се одговори и прашањето која е цената на непроширувањето, односно колку ќе ја чини ЕУ ако не се прошири.

– Ние сме опкружени со земји членки ма ЕУ, не сме некаде далеку, туку се наоѓаме на самиот двор на ЕУ, и бараме да станеме полноправни членки на Унијата. И нашата популација, на Западен Балкан, не е повеќе од 18 милиони луѓе, што не е повеќе од вкупната популација на Романија, затоа не веруваме во тезата дека проширувањето е тешко за апсорпција од страна на ЕУ, особено не што се однесува до заедничкиот пазар на ЕУ и економијата, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Во таа насока Маричиќ објасни дека за нас не е важно и не ни пречело ако првите десет години откако ќе станете членка на ЕУ да немаме ваши комесари во ЕУ, укажувајќи на важноста да сме членки и да ја обезбедиме стабилноста и европскиот терк по кој ќе продолжи да се движи и развива државата.

– За нас воопшто не е важен бројот на комесари во Европската Комисија, за нас е важно да бидеме политички застапени во Европскиот Парламент и Судот на правдата. Но прво и основно за нас е приоритет нашите граѓани да ги почувствуваат реалните придобивки од членството во ЕУ. Затоа мислам дека ни е потребно лидерство и визија за да ги направиме овие тешки одлуки, укажа Маричиќ.

Како трет услов за да успееме Маричиќ рече дека треба многу да работиме, и тоа на две нивоа, на политичко ниво за да успееме да ја ставиме политичката волја во функција на донесување на храбри одлуки, а не тоа да остане само на убави зборови, што е случај во Северна Македонија каде ако ги прашате сите се за ЕУ, сите политички партии сите граѓански организации, сите експерти, буквално сите, но кога станува збор за донесување на важни одлуки повеќе од половината ќе ви кажат, знаете што, можеби ова е премногу, да почекаме уште 10 години, и во тоа е проблемот.

– Донесувањето на тешки и храбри одлуки е дел од интеграцискиот процес и земјите на Западен Балкан тоа треба да го направат. Колку е поголема политичката волја работите да ги придвижиме напред се по видливи и очигледни ќе бидат и резултатите, рече Маричиќ.

– Затоа мораме да направиме се за 2030 да не остане само една убава приказна, и 2030 треба да се гледа како можност а не како ветување. И никако ме треба да помислиме дека сега ќе почекаме уште 7 години за да станеме земја членка на ЕУ, туку напротив треба да работиме со посветеност и мотивација до нашата цел. Да биде 2030 дупла успешна приказна за земјите на Западен Балкан, кој после толку време ќе станат членки на ЕУ, но истовремено и за самата ЕУ која ќе се прошири со нови земји членки, порача Маричиќ.

Соговорници на Маричиќ беа Мирослав Гачевиќ, помошник министер, Сектор за политички и економски критериуми во процесот на пристапување во Европската унија, Република Србија Одета Барбулуши, советник на премиерот и национален Координатор за регионална економска област, Република Албанија, Јована Маровиќ, поранешен вицепремиер и министер за Европски прашања, Република Црна Гора и Срѓан Мајсторовиќ, Центар за европска политика (ЦЕП), Република Србија, а под модераторство на Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика (ЕПИ).

ЕУ маричиќ регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.