Author: Marta Pesevska

Најмалку триесетина други лица беа повредени во нападот во населбата Мај во Картум, каде што биле распоредени паравоените сили кои се борат против војската, соопштија активистичката група позната како Комитети на отпорот и двајца здравствени работници во Универзитетската болница Башаир, каде што се третирани жртвите, објави Вашингтон Пост.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, утре во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ. Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони…

Read More

За Русија како земја нема место на Олимпијадата во Париз во 2024 година и на Игрите следната година не треба да се користи руско знаме, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Си-Ен-Ен.

Read More

Бројот на загинати во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“ се зголеми на 14 лица, откако денеска беа пронајдени уште две безживотни тела во поплавен дом во село во близина на градот Кардица, а исчезнати се три лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека загинатите биле идентификувани и станува збор за 65-годишен маж и 88-годишна жена, кои беа исчезнати. Најверојатно станува збор за мајка и син. Во погодените подрачја и денеска продолжува акцијата за спасување и евакуација на граѓаните заглавени во поплавените населени места. Официјално, за исчезнати се водат три лица, еден…

Read More

Политиките на СДСМ создаваат нови и подобри можности за македонските земјоделци и земјоделството во целина. Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата. Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство. Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила. Нова…

Read More

Заменик-министерката Д-р Маја Манолева, имаше чест да биде дел од третиот „Summit of First Ladies and Gentlemen“ што се одржа на 6 септември во Киев, Украина. Под мотото „Спасување животи низ целиот свет“, на овој самит беа потпишани 25 меморандуми за партнерство помеѓу медицинските институции на Украина и различни земји од светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Д-р Манолева имаше свое онлајн учество на министерскиот состанок посветен на зајакнување на меѓународните партнерства во областа на здравството. Во името на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, таа ја прифати изјавата за потпишување на меморандум за градење отпорни меѓународни здравствени партнерства,…

Read More

Вкупно 38 Американци утре треба да пристигнат во Северна Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации низ државата. Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Дебора Конор. За време на нивниот двогодишен престој во Северна Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. -Ова е 26-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ државата.…

Read More

Шпанска хуманитарна работничка е убиена откако проектил го погодил автомобилот со кој таа патувала во Украина, соопшти вршителот на должноста министер за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез. „За жал, можам да потврдам дека проектил погодил автомобил во кој патувала вработена во хуманитарна невладина организација во Украина. Имаме усна потврда дека таа починала“, изјави Албарез на новинарите во Индија, каде што беше на маргините на самитот Г. -20. Тој не го соопшти идентитетот на убиената хуманитарка.. Еден канадски хуманитарен работник исто така беше убиен во напад вчера во Часов Јар во источна Украина, соопштија локалните власти. Извор: МИА

Read More

Бројот на загинати во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија се зголеми на четворица, откако на повредите им подлегна и четвртиот патник од автомобилот што се судри со автобусот од Србија, додека пак повредени се 49 српски туристи, според информациите на дописничката на МИА од Атина. До несреќата, според информациите на МИА, веројатно дошло при директен судир на двокатниот автобус од Ниш што патувал кон Ставрос во Грција со патнички автомобил што се движел во спротивна насока. Од ударот автобусот со околу 80 српски туристи излетал од…

Read More

„Северна Македонија не сака само да ги исполни критериумите и стандардите на ЕУ, туку и да ги надмине. Сакаме да покажеме дека не само што ги исполнуваме барањата, туку сесрдно ги прифаќаме европските вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за грчкиот весник „То Понтики“. Тој додаде дека крајно нашата цел за членството во ЕУ е да се подобори животот на граѓаните, да се промовира економски развој и да се зајакнат врските со европските соседи. „Ние сме целосно посветени на ова патување, а овие следни чекори се доказ за…

Read More

Мицкоски, наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, која се отвора за прв пат после 20 години, ја политизира и ја поврзува со избори и ја меша со непостоечка надлежност, велат од СДСМ. Тоа е потврдува дека очигледно Христијан Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата за случајот на Онкологија, за се што се правело со грозоморната шема воспоставена пред многу години. Нема промена во криминалната матрица на ДМПНЕ. Ниту Мицкоски ниту ДПМНЕ не ги интересира правдата а злупотребата на болните говори колку ниско е падната оваа партијата. Истрагата за Онкологија е во тек и ја водат надлежни инстутции а…

Read More

Амбасадорката на Украина Лариса Дир за Руските незаконски „избори“ одржани на привремено окупираните територии на Украина во своја објава на Х напиша: 564.Фиктивните избори на рф на привремено окупираните територии на Украина се продолжение на злосторствата на државата агресор. Фарсата и дезинформациите на рф нема да доведат до промена на статусот на украинските територии заземени од руската армија. @Korrespondent @_UkrNet_ pic.twitter.com/CDH24bo6YH — Larysa Dir (@dir_larysa) September 10, 2023 М. П. Извор: ЦИВИЛ МЕДИА 

Read More