Author: Marta Pesevska
Пред една година, ЕУ се соочи со еден од најголемите предизвици досега – со војна што беснее на нашиот континент и првпат досега една соседна земја беше нападната поради нејзината желба да се приклучи на нашата Унија, се наведува во воведот на прегледот за работата и постигнувањата не Европската комисија во текот на изминатата година, објавен денеска во пресрет на годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент в среда. – Русија се обиде да нè уценува со енергија, а Европа беше на работ на криза со фосилните горива. Не знаевме…
Делагација од украинската амбасада предводена од амбасадорката Лариса Дир, оддаде почит и положија цвеќе во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел. Амбасадорката Дир на социјалните мрежи упати честитка по повод Денот на независноста на Северна Македониа. Таа се заблагодарува на поддршката што Македонија и ја дава на Украина и посака „мир, безбедност и просперитет на великодушната македонска земја“. Утрово и Министерството за надворешни работи на Украина на социјалните мрежи упати честитка за Денот на независноста. „Нашите искрени честитки до Северна Македонија за Денот на независноста! Украина ја цени поддршката дадена во овој клучен период. Нè обединуваат европските аспирации и…
Нема да има никаква дестабилизација на Северна Македонија ако не успееме да го промениме Уставот и не продолжиме кон ЕУ, посочува претседателот Пендаровски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа. „Седумнаесет години сме надвор од Европа со статус на кандидат, бевме 12 години со ова што го спомнав, со аспирација за членство па во 2018 година станавме членка, и не се случи никаква безбедност и дестабилизација. Ниту може, ниту ќе се случи! Не заборавајте ние имаме стратешки договор со САД од 2008 година кои подразбира заеднички механизам на кризен менаџмент, ако не дај боже нешто лошо почнува да се случува и да…
Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека случајот „Онкологија“ ќе има разрешница. Ќе се знае точно, со име и презиме, кој го прекршил законот, а ќе има и соодветни последици. Како што изјави денеска, на негова иницијатива, тој е во постојана комуникација со МВР и со Обвинителство и прашува до каде е постапката. Досега, рече, во Министерството за здравство не се пристигнати поплаки од пациенти или нивни блиски во однос на Онкологија, но апелира граѓаните да пријават какви било сомнежи за евентуално неправилно лекување. Според Меџити, Министерството за здравство е максимално отворено и транспарентно за соработка зашто сака да придонесе…
Гласот на 8 Септември е глас за европска држава, глас за европска република, порача денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во обраќање по повод Денот на независноста и упати порака за обединување како општество околу европската иднина на земјата. -На Денот на независноста упатувам порака да гледаме напред кон иднината исполнета со надеж и реална, дофатлива можност за подобар живот. Да се фокусираме на она што не обединува како општество и како земја и да ја донесеме одлуката за уставни измени заедно. Тоа е одлука за европска иднина со која ќе се гордееме сите денеска, но ќе се…
Денеска, 8 септември, се навршуваат две години од трагедијата од страотниот пожар кој ја уништи модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица, пациенти и членови на семејствата. По тој повод, денеска во Тетово ќе има протестен марш, на кој семејствата на загинатите ќе бараат правда за изгубените животи. Се уште нема правда за овој случај, вистинските виновници остануваат на слобода. Впрочем, со измените направени неодамна во Кривичниот законик ќе се намалат казните за злоупотреба на службената положба, пишува Portalb.mk. Членовите на семејството изразија дека преку овој протест ќе го изразат своето незадоволство поради немањето правда за членовите на…
Преку грчките телевизии, жители од поплавените подрачја, заглавени со часови без вода и храна, меѓу кои и стари лица, бараат помош и упатуваат апел што побргу да стигне помош и да бидат спасени, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на оние кои се заглавени во поплавените објекти во околината на Кардица, Трикала и Волос, засега е непознат, исто како што е непознат и бројот на исчезнати лица, додека пак бројот на жртвите во невремето „Даниел“ се зголеми на седум загинати. Паралелно, со хеликоптери, со чамци и булдожери, продолжува и масовната акција за спасување на луѓето од поплавените грчки подрачја.…
Бесими на средби во ЦЕБ: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија
Владата на Република Северна Македонија ги финализира преговорите за обезбедување финансиски средства од Банката за развој при Советот на Европа – (CEB). Барањето е веќе доставено до Банката, и се очекува до крајот на овој месец да се финализираат условите, а до крајот на годината да бидат и одобрени од страна на Банката. Ова, како што информираат од Министерството за финансии, било соопштено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со гувернерот на ЦЕБ Карло Монтичели и вицегувернерот на ЦЕБ Томаш Бочек во Париз. -Банката за развој при Советот на Европа е една од водечките меѓународни финансиски институции во…
Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување. Не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и од комунистички режим, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој тврди дека немало „пазар“ околу донесувањето на измените кои, како што нагласи, минале низ јавна парламентарна дискусија која можел да ја проследи секој од директен пренос. Со измените на Кривичниот законик, дециден е Ковачевски, се конкретизираат кривичните дела, се овозможува поголема ефикасност и ефективност на судските постапки, се зголемува бројот на казнивите дела и на фреквенцијата на казните, а не само на нивната должина, но и…
НАТО Алијансата и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум со фотографии и видеа од македонските војници во заедничките операции, го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. – Ретвитнете за да се придружите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста, објавено е на официјалниот профил на НАТО на Твитер, сега преминувана во Х. Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум, пак, објави видео од активностите на македонските војници со порака „Честит ден на независноста на нашиот сојузник, Северна Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно“.
„Ја одбележуваме 32 годишнината од независноста на државата оддавајќи почит, чест и признание на нашите претходници. Се поклонуваме на нашите претходници кои со нивниот придонес низ годините и вековите успеаја да ја донесат историската одлука кога на референдум, на 8 септември 1991 година нашиот народ изгласа независност и суверенитет. Со таа историска одлука им се спротивставивме на центрите и околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт и избравме пат со силна верба за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава“, пишува вицепремиерот Бојан Маричиќ во честитката за Денот на независноста. Нам,…
Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста преку Министерството за внатрешни работи до граѓаните на Република Северна Македонија беше упатена и од страна на Оперативниот тим на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС). Во честитката, во чест на овој посебен ден кој претставува постигнување значајна пресвртница во историјата на земјата, како што информираат од МВР, се вели: „Овој ден го означува раѓањето на вашата нација и почетокот на новото поглавје во вашата историја. Тоа е ден за сеќавање и чест на жртвите на вашите предци кои се бореле за слободата и ослободувањето на вашата земја. Ова…
