Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Свечен, државнички и историски ден е 8 Септември за сите македонски граѓани

0
By Marta Pesevska on September 8, 2023 ВЕСТИ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на „Преспа форум дијалог“ се сретна со министерот за европски и надворешни работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, со кој разговараа за актуелните домашни политички случувања, за реформите и интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 8, 2023 17:29

„Ја одбележуваме 32 годишнината од независноста на државата оддавајќи почит, чест и признание на нашите претходници. Се поклонуваме на нашите претходници кои со нивниот придонес низ годините и вековите успеаја да ја донесат историската одлука кога на референдум, на 8 септември 1991 година нашиот народ изгласа независност и суверенитет. Со таа историска одлука им се спротивставивме на центрите и околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт и избравме пат со силна верба за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава“, пишува вицепремиерот Бојан Маричиќ во честитката за Денот на независноста.

Нам, продолжи Маричиќ, на сегашните генерации, ни припаѓа историската чест и особената одговорност да ја чуваме и развиваме македонската држава.

„Денес Северна Македонија ужива посебен углед во светот и се стекнува со доверба да стане посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот, демократски, цивилизациски свет.

Денес како граѓанска држава на сите граѓани и на сите етнички заедници, здружени во заедничкото општество, со јасно потврден македонски идентитет, ние сме полноправна членка на НАТО. Тоа е најсилна гаранција за заштита на интегритетот и суверенитетот, зачуван аманет од сите пред нас кои се бореле за слободата и независноста на Македонија.

На прагот сме на остварување на уште една од најважните стратешки цели, членството во ЕУ, за коешто имаме безусловна поддршка од Унијата. Јасни и гласни се повиците од ЕУ што поскоро да станеме полноправна членка на семејството европски народи, сега веќе и со проектиран краен рок – 2030 година.

Уверен сум дека на бранот на ентузијазмот што ги движеше одлуките кога се донесуваше независноста, и денеска можеме да ги надраснеме разликите и да се соочиме со сите предизвици – да обезбедиме стабилна иднина, заедно со нашите меѓународни пријатели, да живееме во мир, стабилност, брз економски раст и благосостојба, брзајќи кон денот кога независноста на нашата земја ќе ја славиме како членка на Европската Унија. Честит 8 Септември!“, напиша вицепремиерот Маричиќ.

Европска унија ЕУ маричиќ Честитка за 8 Септември
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.