Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да присуствува на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации во Њујорк и да учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, изјави денеска Ферит Хоџа, амбасадор во ОН на Албанија, која во септември претседава со Советот. Светските лидери на 18 септември ќе имаат состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ОН. Состанокот на Советот за безбедност за Украина треба да се одржи на 20 септември. Извор: МИА
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ оствари средба со младите од младинскиот совет на Општина Струмица, во европската куќа на која порача дека сега се води битката која ќе им овозможи на младите повеќе можности, да ги користат тие можности и да живеат европски. -Нашите млади не се ништо помалку вредни или помалку образовани или помалку паметни од другите. И тоа треба да го искористиме. Наша е битката да им овозможиме повеќе можности да ги искористат тие можности и да живеат европски. Мислам дека тоа ни е обврска тоа ни е…
Есенва Русија планира да одржи таканаречени „избори“ за „законодавните тела“ (со други зборови, окупационите влади) во окупираните области на областите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорижја, како и во 79 општински окрузи. Носителите на одлуки на Кремљ се обидуваат да ја легализираат анексијата на украинската територија со помош на таканаречените „избори“, па затоа се подготвени да ги одржат по секоја цена дури и за време на воена состојба што беше прогласена во окупираните територии. За таа цел, руските функционери го менуваат сопствениот закон со вметнување на контрадикторни и меѓусебно исклучувачки норми кои имаат за цел да ја постават правната основа за…
Тренчевска вечерва емотивна пред граѓаните во Струмица ги истакна пропуштените 20 години од нејзината генерација во чекалната на Европската Унија. Таа истакна дека тоа и ја дава должноста како министерка заедно со Владата на Република Северна Македонија да бидат предводници на младите на патот кон Европската Унија.
Украинските сили во изминатите денови постигнаа „забележителен напредок“ против руските трупи во нивната јужна офанзива, соопшти денеска Белата куќа. Запрашан за критиките дека јужната кампања на Киев против окупаторските руски сили не напредувала многу во последните три месеци, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби призна дека борбата одела побавно отколку што самата Украина се надевала.
Градоначалникот на Струмица Костадинов на трибината од серијалот “Ние сме Европа” порача дека треба да политичарите треба да носат одговорни одлуки за иднината на државата. Како пример ги посочи европските политики на Општина Струмица, особено најновата одлука на општинскиот совет со која општинското зеленило се зголемува од сегашните 42 на 88 хектари. Оваа мерка, заедно со веќе изградената градска вело патека ја прави Струмица европски, зелен и вело град – порача Костадинов.
На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција. Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не откриваат детали. Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата. Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пацинети. Извор: МИА
На денешниот управен одбор на Агенцијата за енергетика на РСМ, Дарио Николовски е избран за Директор. До сега ја вршеше функцијата В.Д. Директор на истата институција.
Тишина, заборавена папуча и ретки случајни минувачи, ова е сликата што секојдневно се гледа на мостот на булевар АСНОМ кој се уште не е довршен. Започнат и повеќе од половината од проектот завршен во времето на градоначалникот Петре Шилегов, овој мост требаше да го олесни поврзувањето меѓу општините Аеродром и Гази Баба, но до денеска тој се уште е надвор од употреба. Актуелната градоначалничка Данела Арсовска првично велеше дека мостот ќе служи само за фаќање риба, потоа се премисли и реши да ја продолжи неговата изградба но очигледно повторно се предомислила. 24инфо утрово испрати прашања до Арсовска до каде е…
Судскиот совет да преземе мерки за пополнување на непополнетите работни места во Управниот суд, стои во препораките од записникот по споведениот надзор на функционалноста на Автоматскиот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во овој суд, што го објави денеска Министерството за правда.
„Северна Македонија припаѓа во ЕУ и граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ. Нашето економско чудо, нашиот политички развој и мировен проект се можни само во Европската Унија“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје. Тој додаде дека ЕУ е најуспешниот проект по втората светска војна што светот го има видено – тој е мировен проект кој обезбеди траен мир, политички проект базиран на вредности, човекови права, слобода, владеење на право, силни институции, демократија, но е и економски проект. „Она што можеме да видиме е економско чудо од државите кои пред 20-30 години…
„Во 2016 Година минималната плата во државата изнесуваше 10.080 денари, а сега од март годинава изнесува 20.175 денари, значи двојно повеќе. Просечната нето плата во 2016 година изнесувала нешто над 22 000 денари, а во 2023 година, просечната нето плата е историски највисока и изнесува 36 527 денари. Тоа се цели 230 евра повеќе во сечиј домашен буџет, за неполни 7 години“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје. Тој додаде дека се донесе и системско решение за раст на пензиите со што минималната пензија од 7700 денари во јуни 2016 година се искачи на 12500…