Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Од 2016 година минималната плата порасна двојно, странските инвестиции два и пол пати, а невработеноста се намали за над 50 отсто

0
By Marta Pesevska on August 30, 2023 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 30, 2023 20:41

„Во 2016 Година минималната плата во државата изнесуваше 10.080 денари, а сега од март годинава изнесува 20.175 денари, значи двојно повеќе. Просечната нето плата во 2016 година изнесувала нешто над 22 000 денари, а во 2023 година, просечната нето плата е историски највисока и изнесува 36 527 денари. Тоа се цели 230 евра повеќе во сечиј домашен буџет, за неполни 7 години“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека се донесе и системско решение за раст на пензиите со што минималната пензија од 7700 денари во јуни 2016 година се искачи на 12500 денари во јуни 2023, додека просечната пензија се поокачи за 40 отсто.

„Ако во 2016 година, просечната пензија изнесуваше околу 13.700 денари, а денес во 2023 година таа изнесува над 19.100 денари. Ново покачување е предвидено од септември и  она што е многу важно е дека пензиите континуирано ќе растат“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека значителен раст имаат и странските директни инвестиции, кои во 2016 година изнесуваа 338 милиони евра, додека во 2022, екстремно тешка година, во ек на глобална економска и енергетска криза изнесуваа 754 милиони евра, што е за два и пол пати повеќе.

„Ако зборуваме за ТИРЗ во 2016 нивото на инвестиции изнесувало 600 милиони евра, додека во 2023 заклучно со она што денес е постигнато, изнесуваат 2 милијарди евра. Само во последниве 2 години имаме постигнати договори од околу 1 милијарда евра што е речиси еднакво на инвестициите од една декада. Бројот на вработени во зоните во 2016 година, изнесувал нешто над 6.200, а денес имаме 17.150 вработени или 173% раст“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека и вкупниот број на невработени се намали за речиси 52 отсто од 2016 до 2022 година и стапката на невработеност сега е 14,4 отсто, наспроти 24 отсто во 2016 година.

„Овие позитивни показатели може да се зголемат и мултиплицираат. Продолжувањето на евроинтегративниот пат е единствениот начин како да го направиме тоа. Тој процес меѓу другото за нас е можност за промени на економски план кои ќе донесат многу трајни придобивки како за граѓаните така и за бизнисот“ рече Ковачевски.0

Ковачевски трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.