Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Геолокацираните снимки објавени на 11 август и анализирани од страна на Институтот за проучување на војната потврдуваат дека украинските сили стигнале до северната периферија на Роботин, лоцирана на 10 километри јужно од Орихив во западната област Запорижја. Меѓутоа, Институтот укажува на тоа дека трајноста и обемот на овие позиции се нејасни во овој момент. Украинските сили спроведуваат редовни копнени напади кон Роботин со недели како дел од нивните операции насочени кон деградирање на руската одбрана. „Способноста на украинските сили да напредуваат до периферијата на Роботин – за која руските сили посветија значителни напори, време и ресурси за одбрана – останува…
Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово, ДПМНЕ нека си ги побара од Христијан Мицкоски, велат од партијата. Токму Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори. Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово. Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар…
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на својот профил на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на младите објави дека политичарите потврдуваат дека младите се двигатели на движењето напред, идните лидери и предводници на успесите на нашата држава. Младите ја имаат страста и храброста да зборуваат гласно и одлучно за промените кои оваа генерација политичари мораме да ги заокружиме со единствена цел – подобар, поквалитетен и европски живот, тука во нашиот македонски дом. Таа енергија, авангарда, па дури и непослушност, е суштината на нивниот идентитет и код на нивната креативност. И токму затоа заслужуваат да им го обезбедиме сиот потребен простор…
Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената амбасада во Скопје. Ова е потврдено во разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Осмни со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана. -Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа и е реализирање на конкретната заложба од декларацијата која министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишаа минатата година, наведува МНР. Казахстан, како што се додава во соопштението, важи за двигател на економијата во Централна Азија и отварањето…
„Иницијативите како Отворен Балкан сметаме дека придонесуваат кон проширување и олеснување на достапноста на низа нови можности за младите. Цениме дека преку истите младите ќе добијат нови образовни, економски и културни привилегии со кои тие ќе се изградат во квалитетни личности кои понатаму ќе дадат ефективен придонес во општеството“ вели Анита Николовска од невладината организација „Младите можат“ за Трн. Во разговорот за Трн, Николовска истакна дека оваа иницијатива е засилувач на регионалната соработка и поврзаност, а иако примарен фокус е ставен на економскиот раст и развој, иницијативите за организација на регионални младински размени, школи и фестивали претставуваат можност за младите…
Зоран БОЈАРОВСКИ Неразумното неприфаќање на уставните амандмани се заканува да ја оттргне Македонија од прогресивната меѓународна коалиција. Мицкоски да застане, добро да ги прочита пораките на Агелер и на другите од меѓународната зашто нема да биде амнестиран заради погрешни одлуки. Интервјуто на амбасадорката на САД во нашата земја Анџела Прајс Агелер сѐ уште ја бранува македонската јавност, особено меѓу опозицијата и предизвика лавина од коментари меѓу експертите и аналитичарите. За Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија, во интервјуто на амбасадорката на САД Анџела Агелер, уште еднаш, експлицитно и многу јасно ни се дава до знаење дека измените во…
ИПАРД е само почеток на поддршката на Брисел за нашиот агрокомплекс и рурален развој, ЕУ 40% од буџетот одвојува за аграрот, најмногу за младите земјоделци Периодов актуелна тема е програмата ИПАРД која е наменета за модернизација на производството и инвестиции во агросекторот и руралниот развој. Во тек е повикот за Мерка 3 од ИПАРД 2, а во најавата се и првите повици за Мерка 1 и 7 од ИПАРД 3. Покрај промоцијата на мерките од страна на ресорното министерство, кампања за ИПАРД најави и консултанската фирма Агротим која преку специјализираната платформа Агротим.мк информира за предностите, можностите и условите кои се…
Во Собранието се подготвува Нацрт програма за работата на Собранискиот канал, преку којшто граѓаните ќе се информираат за работата на пратениците, но и за функционирањето на Парламентот. Новото студио од каде што ќе се емитува програмата е опремено, а паралелно со Нацрт програмата, се работи и на доекипирање на Собранискиот канал со новинари и друг персонал. Потоа, како што неодамна најави во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се започне со пробен период на работа. Донесувањето на програмата на Собранискиот канал е обврска од измените и дополнувањата на Законот за Собранието. Според Парламентарниот институт, целта е заедно…
Министерство за надворешни и европски работи на Република Словенија преку објава на Твитер изрази благодарност за поддршката на македонското МНР кон Словенија изразена преку 100-те македонски војници кои ќе заминат како помош во справување со последиците од големите поплави. Вашите љубезни мисли и вистинската помош никогаш нема да бидат заборавени, стои во објавата. On behalf of @MZEZ_RS we would like to thank @Defence_MKD for their support. Your kind thoughts and actual help will never be forgotten. https://t.co/omx4StWj4O pic.twitter.com/W2j0IQzVIG — MFEA Slovenia (@MZEZ_RS) August 11, 2023
АПЕЛ на Врховната Рада на Украина до парламентите и владите на странските држави, меѓународните организации и нивните парламентарни собранија по повод намерите на Руската Федерација да одржи нелегални избори во привремено окупираните територии на регионите на Украина Доњецк, Луганск, Запорожја и Херсон.
„Не, ова не е реконструиран булевар, ова е само заменет асфалт на коловоз. Веќе некое време во Скопје не се ни прашува за она што беше правило некогаш – секоја нова реконструкција на улица или булевар доаѓаше со нови велосипедски патеки, тротоари, дрвореди… Се пропуштаат важни прилики да се подобри градот, Рузвелтова, Бледски Договор, Даме Груев… се реновираа на ист начин. Некогашните активисти со лекциите за автоцентричност на улиците нигде ги нема“, реагира Никола Наумоски, шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во врска со објавата на Град Скопје во која велат дека е.завршена реконструкција на дел од…
Украинската амбасадорка во Македонија Лариса Дир преку своја објава на Твитер напиша дека на 534 ден од војната во Украина, рф го погоди Кијив и областа со ракети Х-47М2 „Кинжал“, додека под удар се Виницката и Хмелницката област. Системите за противвоздушна одбрана на Украина работат. Украина се бори. Храброста на Украинците ќе ја уништи агресијата на рф. На храброста на Украинците додајте оружје со долг дострел и F-16, напиша Дир во објавата. 534.го погоди Кијив и областа со ракети Х-47М2„Кинжал“,под удар се и Виницката и Хмелницката област.Системите за противвоздушна одбрана наработат.се бори.Храброста наќе ја уништи агресијата на рф.На храброста надодајте…