Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска: Младите ја имаат страста и храброста да зборуваат гласно и одлучно за промените

0
By Marta Pesevska on August 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од седницата на Комисија за култура
Од седницата на Комисија за култура
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 12, 2023 11:47

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на својот профил на Фејсбук по повод  Меѓународниот ден на младите објави дека политичарите потврдуваат дека младите се двигатели на движењето напред, идните лидери и предводници на успесите на нашата држава.

Младите ја имаат страста и храброста да зборуваат гласно и одлучно за промените кои оваа генерација политичари мораме да ги заокружиме со единствена цел – подобар, поквалитетен и европски живот, тука во нашиот македонски дом.

Таа енергија, авангарда, па дури и непослушност, е суштината на нивниот идентитет и код на нивната креативност.

И токму затоа заслужуваат да им го обезбедиме сиот потребен простор за да се изразат.

Во природата на младинскиот дух е освојување и пополнување на јавниот културен простор.

Затоа, се обврзувам пред младите дека Министерството за култура ќе продолжи да ослободува и оспособува јавни простори за нивните „субверзивни“ креативи како најдобар начин да го слушнеме, разбереме и уважиме младинскиот глас за подобра иднина.

Еден од хоризонтите на таа иднина е Европската Унија и ние со ништо не смееме да им ја попречиме оваа јасна цел на младите. Секој политичар, сите на кои им важи зборот во општеството, сите имаме обврска да им ги отвориме перспективите на младите и да ја внесеме Северна Македонија во ЕУ затоа што тоа е нивното природно место, меѓу своите европски врсници, напиша Костадиновска Стојчевска во својата објава.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Меѓународен ден на младите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.