Author: Marta Pesevska
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста. “Имав задоволство да го пречекам мојот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, г-дин Мараш Дукај. Со цел конкретизирање на одличните односи меѓу нашите две земји, денеска го потпишуваме Меморандумот за разбирање за унапредување на развојните политики и претприемништвото во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста. Зајакнувањето на сајбер безбедноста, особено во овој период кога технологијата станува сѐ пософистицирана, претставува секојдневен предизвик, кој секогаш бара…
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во 19 часот во предворјето на црквата Св. Софија во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Боите на мојата музика“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, публицист, музички аниматор и организатор и Марко Коловски, музиколог, публицист, новинар и општественик.
АНЕТА ТАСОВА Новата фантастична комедија „Барби“ го предизвика т.н. лудило по совршената кукла, па сите, особено славните побрзаа да ѝ ја дадат својата поддршка и да изгледаат како „барбики“ во розевиот свет, без ни малку да се грижат за содржината на филмот. Се добива впечаток како Барби многу да ни помогнала и сега е нашиот ред да ѝ вратиме на Барби. Ѝ треба нашата поддршка за да продолжи да биде тоа што била, куклата во совршениот свет и што повеќе од нас го направат тоа, толку подобро. Да, тоа многу одговара за кампањата на филмот и за рекламата, но уште…
Многу скапо ги плати нашиот народ лагите и манипулациите пласирани од ВМРО-ДПМНЕ особено кога беше актуелен спорот со Грција, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија. Тој појасни дека билатералниот Договор со Бугарија е во преговарачката рамка само во делот на добрососедствотото, а добрососедството како критериум е во преговорите уште од 2005-тата година. -Да не се залажуваме дека одново ако преговараме ќе добиеме подобри услови, кажа Маричиќ. Тој ја искоментира и вчерашната изјава на Мицкоски – европејците да ја тераат европската агенда, а ние ќе ја тераме македонската агенда. -Она што го кажува Мицкоски…
Премиерката на Естонија Каја Калас денеска изјави дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се забрани учество на сите меѓународни спортски настани, додека продолжува руската агресија против Украина. Калас смета дека оваа забрана треба да важи и за Олимписките игри во Париз во 2024 година. „Важно е да се задржи забраната за учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани – дури и под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таквата забрана мора да трае сè додека продолжува руската агресија против Украина“, напиша премиерката на Естонија на Твитер. Извор: МИА
„Објектите на Скопје 2014 се како ‘циркони’ кои може да се ‘светликави’, но тоа не е сјајот на Скопје. Тие кич циркони се симболи на делба, а Скопје не е тоа на ниту еден начин“ напиша министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на нејзниот Фејсбук профил. Таа додаде дека Скопје по земјотресот требаше да биде град на нова ера, агора на демократијата и форум на слобода, но во децениите што следуваа Скопје доживеа и еден идеолошко-политички земјотрес на самоповиканите квази урбанисти и идентитетски квази инжинери преку проектот „Скопје 2014“. „Го откорнаа градот од неговата органска поврзаност со вековната, препознатлива приказна на…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Скопје, Изеир Мемеди денес ги промовираа новите канцеларии на подрачните центри за социјална работа на општините Аеродром и Центар. Граѓаните од овие општини сега ќе можат да ги остваруваат правата и услугите од системот на социјална заштита. Министерката Тренчевска истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство во областа на социјалната заштита, продолжуваат. „Министерството сериозно работи на креирање на политики кои имаат за цел адресирање на потребите на граѓаните, со акцент на ранливите граѓани. Во континуитет работиме и на…
Денес во Битола, во присуство на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и градоначалниците на Битола, Тетово и Куманово, Коњановски, Касами и Димитриевски, шефот на Европската делегација во нашата држава Дејвид Гир и Џани Волпин од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS) го потпишаа договорот за имплементација на проектот ЕУ за чист воздух. Средствата се обезбедени преку ЕУ – ИПА 3 Програмата за животна средина, а Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија ќе ги преземе сите потребни мерки за да обезбеди непречено спроведување на активностите и постигнување на очекуваните резултати. Имплементацијата ќе ја спроведува…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Истанбул се сретна со нејзиниот турски колега, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, со кого разговараше за македонско-турските одбранбени односи, безбедноста на Балканот и зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата. „Досегашната речиси тридецениска одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Турција ни овозможи да имаме подобра, поопремена, посилна Армија. Северна Македонија е уверена во највисоките стандарди на турската одбранбена индустрија, а доказ за тоа е и набавката на нови артилериски системи за Армијата од реномирани турски компании. Овие артилериски системи ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност во Алијансата“, рече министерката на средбата. Петровска се…
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во гостувањето во Сител телевизија истакна дека после 15 години е потпишуван нов Општ колективен договор со за јавниот сектор, кој содржи нови права за работниците кои досега не биле овозможени. -Креиравме нов систем за постојан раст на платите во јавниот сектор. Тоа значи дека платите во јавниот сектор ќе се пресметуваат по нова формула, односно секоја година ќе се зголемуваат, рече Тренчевска. Таа додаде дека последните години постојано си заминуваат добрите работници од јавниот сектор и одат во приватниот каде што има повисоки плати. Со ова им гарантираме дека ќе им…
АНЕТА ТАСОВА Повеќе од три недели високи температури, најавен топол бран, згора на тоа и лето. Како што во зима снегот секогаш е изненадување, така и во лето горештините исто. Сè си мислам дека не е можно да не ви текнува дека треба да ги измиете улиците, да се намали малку топлината на жешкиот асфалт и да се собере прашината за да може барем да се дише. Нели не е можно да не ви текнува дека треба да се измијат улиците, да се навадат и онака малкуте зелени површини и да биде малку полесно и почисто околу сите нас и…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашање околу резултатите од последната анкета на ИРИ според кои за граѓаните Спасовски е најуспешниот министер во Владата, истакна дека тоа е огромно признание, меѓутоа признание кое создава дополнителна обврска.
