Author: Миодраг Мишолиќ

Македонците се многу горди на своето културно наследство. Цркви, стари градски јадра, чаршии, амами, антички градови и градби, карактеристична архитектура од минатите векови… Но, дали грижата за тие локалитети и објекти е соодветна на гордоста со нив? Состојбата укажува дека не е. А, се работи за деликатна материја, која мора да биде максимално стурчно изведена, за да го имаме и да им го оставиме на следните генерации она што сме го наследиле од претходните. Д-р. Донка Барџиева Трајковска е еден од најголемите експерти во Македонија за заштита на материјалното културно наследство, која целиот работен век го поминала во таа област,…

Read More

„Само површен поглед врз телевизиите покажува дека сите се останати на нивото на „А1“ од 2010-та, а денес сме 2021-ва, што не е многу пофално, па дури е и срамно за медиумските професионалци и за оние кои ги водат тие куќи. Затоа мора да работиме на професионализација на редакциите, за да се врати она новинарство, кое го знаеме од порано. Нам не ни треба толку реформа на медиумите, колку што ни треба реформа на менталитетот на луѓето кои ги водат медиумите“, вели Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија, и долгогодишен телевизиски новинар и уредник, порано во „А1“,…

Read More

„Лицата со потежок телесен инвалидитет, особено лицата кои се движат искучиво со инвалидска количка, приморани се да користат сопствен автомобил или такси превоз за да одат секојдневно на работа, на лекар, во продавница, на пазар, на разни културно-спортски манифестации, да учествуваат во активностите на своите здруженија, да одат на посета кај роднини и пријатели, на прошетка… Едноставно, секаде каде имаат потреба од движење, затоа што немаат друга алтернатива. Тие не можат да возат велосипед, не можат да користат јавен превоз, бидејќи тој, или не е организиран во нивните локални самоуправи, или не е адаптиран за транспорт на патници со инвалидска…

Read More

Планот со кој е предвидено да се изградат висококатници (засега една) на просторот, каде што е паркинг спроти хотелот „Холидеј Ин“, предизвикува многу контроверзи и полемики. Како тоа ќе влијае од урбанистички, еколошки, социолошки и од повеќе други аспекти врз Скопје и неговите жители? Имаше решенија на општина Центар, Министертвото за транспорт и врски, на Уставниот суд…, со кои се сопираше, па повторно му се даваше зелено светло на проектот. Според последните одлуки, се чини дека градењето зграда од 20-тина ката на таа локација, не може да се спречи. Но, дали е навистина така? Една од најактивните противници на проектот…

Read More

Секодневно слушаме и читаме за илјадници новозаразени со ковид-19, и за неколку десетини починати од вирусот. Во овој момент физичкото здравје е приоритетно, но блиску до него е и менталното, кое исто така страда многу во сегашните услови, и болесите кои го загрозуваат може да имаат тешки последици. Доктор Мицко Дудучки е невропсихијатар со повеќедецениско искуство, стекнувано во врвни медицински институции во поранешна Југославија и во странство, а кој преку својата приватна здравствена установа „Анима“ им помага на голем број пациенти со психички проблеми. Обединетите нации констатираа дека се случува криза со менталната состојба на луѓето. Милиони се соочуваат со…

Read More

„Прво, да се направат безбедносни проверки согласно стандардите на НАТО за сите припадници на МВР и другите служби за безбедност (тој процес во АНБ веќе е при крај), тест на интегритет, да бидат сите тестирани со полиграф, да им се проучи имотната состојба и се друго согласно високите стандарди за работа во овие институции. Второ, да е направи анализа на организациската поставеност, внатрешната хиерархија, степенот на дигитализација на базите на податоци, нивното вкрстување и слично. Трето, да се провери степенот на стручноста на поголемиот дел од новопримени кадри, веродостојноста на нивните дипломи, да се организираат стручни обуки и да се…

Read More

Истрагата за издавањето македонски патни исправи со лажен идентитет е многу сериозна работа, која има потенцијал да прерасне во голем, меѓународен безбедносен и политички скандал. Што мисли за неа, го прашавме поранешен началник на Аналитика во Министерството за внатрешни работи, Гроздан Цветковски, кој подоцна беше и советник во Агенцијата за разузнавање, како и наш дипломат во Софија. При обелоденувањето на аферата со издавањето пасоши со лажен идентитет, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека злоупотребата на службената должност ја направиле КОНТРОЛОРИ во тој оддел. За луѓе кои не се целосно упатени во систематизација и организациската структура на МВР, може…

Read More

Професорот Бранимир Јовановиќ го знаеме повеќе години, како енергичен поборник за работничките и социјалните права, и за намалување на финансиската нееднаквост во општеството. Своите заложби се обиде да ги оствари од позицијата советник на министерот за финансии, но во Министерството остана само околу две години. Денес работи како експерт за Балканот, во Институтот за меѓународни економски студии во Виена. Го побаравме Јовановиќ таму, да го прашаме за неговите размислувања во врска со економскиот аспект на актуелната пандемија, како и за перспективите на Македонија во наредниот период. Корона-пандемијата исфрли на површина две доминантни кризи: здравствената, која е убиствена, и економската, која…

Read More