Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја заврши дводневната работна посета во Брисел. Во изјавата за медиумите тој истакнува дека лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата без одлагање. Во изјавата Ковачевски подвлекува дека иднината на Северна Македонија е во европското семејство и дека тоа е иднина на највисоки демократски вредности, на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата и пат кој на младите им создава предвидливост и простор за развој. -Тукушто ја завршивме последната од серија средби тука во…
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, во рамките на државните настани за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев. Со овие чествувања денеска, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, народот на Северна Македонија и претставниците на повеќе државни и општествени институции се поклонуваат и оддаваат почит за неговата огромна…
Вчера (03.02.2022) во периодот од 06.30 до 09.30 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи. Притоа биле исконтролирани 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации, при што биле констатирани кривични дела и прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести…
Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Премиерот Ковачевски ѝ го честиташе изборот на Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент (ЕП), и изрази благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност на Европскиот парламент во поддршката на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан да напредуваат во процесот на интеграција во ЕУ. Ковачевски како особено значајна ја наведе плодната соработка на Северна Македонија со Европскиот парламент во рамките на дијалогот Жан…
Протегањето на јужниот гасен коридор и можностите за негово насочување и проширување кон Европа и Балканот е тема што ќе биде третирана на Осмиот министерскиот состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор во Баку, Азербејџан. Јужниот гасен коридор, проект вреден 40 милијарди долари, минува низ 3.500 километри територија, од Баку до јужна Италија, преку Грузија, Турција, Грција и Албанија. Главен извор на гас за системот е наоѓалиштето „Шах Дениз“ во Каспиското Море, со резерви од 1,2 трилиони кубни метри. Со завршувањето на етапата I на јужниот гасен коридор во декември 2020 година, засегнатите страни испитуваат проширување на проектот на…
Недостигаат матични гинеколози, а има и случаи на незаконска наплата на услуги кај некои од нив, кои инаку се бесплатни. На ова укажа документарниот филм „Дали си подготвена“ снимен во рамки на Кампања за подигање на јавна свест за репродуктивно здравје и здрава бременост кај ромското население преку проектот „Баир- Здружена акција“ кој имаше своја онлајн премиера. „Имав регистрирано матичен гинеколог кој почна да ја води мојата бременост. Во почетокот на мојата бременост кога и да направев преглед секогаш ми беше наплатуван. Иако бев свесна дека не е во ред од негова страна, радоста која ја чувствував ми беше поважна…
Пишува: проф. д-р Марјан Ѓуровски Од делувањето на македонската политичка елита зависи дали како држава ќе остане само објект или ќе се градиме како субјект во регионот, кој ќе партиципира во креирањето на политиките и одлуките. Се наоѓаме во турбулентен период во кој за само неколку дена за безбедноста се говори многу повеќе од изминатите две години. Се одржа седница на Советот за национална безбедност, на гости ни беше специјалниот пратеник на Брисел, а македонска државна делегација предводена од премиерот Ковачевски се наоѓа во седиштето на НАТО и ЕУ. Балканот влегува во неизвесен период на политичка (не)стабилност што повремено може безбедносно…
НАТО ја цени посветеноста на Република Северна Македонија како најмлада членка во Северноатлантската алијанса и поради тоа што го финализира военото интегрирање за кусо време по зачленувањето и поради придонесот во мировната мисија на Косово. НАТО ја гарантира вашата безбедност и безбедноста на вашето небо и тоа е дел од принципот на солидарност. Ова го нагласи генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг во рамки на заедничката изјава со премиерот Димитар Ковачевски , кому ова е прва официјална посета на Брисел по назначувањето на функцијата. Столтенберг нагласи дека една од темите на разговор била состојбата за и околу украинско-руската граница…
По повеќе од три часа преговарање во Владата на Северна Македонија, не се постигна договор за минимална плата. Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски револтиран од односот на работодавачите, тие не прифатиле работниците да добијат зголемен минималец, додека за Владата рече дека ги поддржала заложбите на синдикалците. -Работодавачите во „5 до 12“ излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение – изјави Димовски.…
Се чини последното интензивирање на односите и контактите со официјална Софија го „помрдна“ и процесот за назначување на наш дипломатски претставник во Бугарија. Владата во затворениот дел на вчерашната седница, а како што пренесоа повеќе медиуми, ја предложила шефицата на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година, дипломатката од кариера Агнеса Руси за амбасадор во Република Бугарија. Според процедурата предлогот треба да го помине собранискиот филтер, Комисијата за надворешни работи, по што шефот на државата го доделува агреманот. Обврската за настап пред собраниската комисија не е задолжителна но е веќе востановена пракса која помалку или повеќе се почитува…
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) бара Бугарија да го признае македонското малцинство и да го воведе во бугарскиот Устав, заедно со другите малцинства во државата. Паралелно со оваа заложба, претседателот на ОМД, Мето Колоски, ги анализирал правата загарантирани во бугарскиот Устав на граѓаните кои се декларираат како небугари. (Анализата на англиски можете да ја прочитате ТУКА.) – Иако цврсто верувам дека Бугарија и Македонија, како соседи, треба да работат на зајакнување на врските меѓу луѓето, проширувањето на економските можности и трговија, се надевам дека граѓанските права на македонското малцинство во Бугарија нема да бидат дополнително компромитирани. Македонците во Бугарија се бугарски државјани…
Мега интервју на Претседателот Бранко Азески, во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија што ќе излезе деновиве… Претседателот Азески говори за тоа, дали ќе опстои македонската држава. Вели, „Сигурно ќе опстои. И веројатно тоа е главната причина за нашето заостанување во развојот и слабата активност бидејќи човек кој има алтернатива да друг му ги решава работите не пружа максимум во она што треба сам да го прави. Ако 90% од интелектуалците во една држава викаат дека работите ќе ги реши „калето“, тоа е тежок пораз на самиот себе, затоа што ти однапред…