Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Времето претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.…
Во светот, статистичките извештаи на УНХЦР избројаа 4,2 милиони лица без државјанство во 94 држави. Земајќи предвид дека повеќето држави не собираат податоци за лицата без државјанство, се верува дека реалната бројка е значително повисока. До денес, 96 држави пристапиле кон Конвенцијата на ОН за статусот на лицата без државјанство од 1954 година, а 76 кон Конвенцијата на ОН за намалување на бездржавјанството од 1961 година. Повеќе дела се потребни за да се решат проблемите на милионите лица во светот кои сè уште се без државјанство, инсистира денеска УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, за време на одбележувањето на седумгодишнината…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири на кој беше презентиран извештај за реализацијата на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување за оваа година. На состанокот покрај тимовите на МТСП и АВРСМ, присуствуваа и претставници од УНДП кои работат на имплементација на дел од мерките. Поголемиот дел од активните програми и мерки за вработување и оваа година се атрактивни за граѓаните и интересот за нив е голем. Оттука, беше констатирано дека, до денес околу 85 проценти од Оперативниот план веќе…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 15 јули, обвинетиот со употреба на сила извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила. Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото. Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар…
Уште еднаш се потврди дека најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни кон граѓаните. Денеска тие паднаа во вода. Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се повикуваат на изборните резултати, еве им ја математиката. Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или изразено во освоени советнички мандати, СДСМ и владината коалиција имаат 664 советнички места, што е 61 повеќе…
Демократската Унија за Интеграција силно го поддржува и е посветена на спроведувањето на глобалните политики и цели за заштита на животната средина од климатските промени. Климатскиот самит #COP26 во Глазгов ги претстави акциите и националните климатски амбиции кои се тесно поврзани со зелената агенда како програмска ориентација на Владата и Демократската Унија за Интеграција. Во неколкудневниот самит за преговори за климата, ќе се презентира и Ревидираниот национален придонес на Република Северна Македонија, кој е признат како еден од поамбициозните ревидирани придонеси во Парискиот договор. Република Северна Македонија е ангажирана да ги намали емисиите на штетни гасови за 51% или искажани…
Финансиската алијанса на Глазгов за нето нула – чадор-група која ги вклучува сите големи западни банки, како и осигурителни компании и менаџери на финансиски средства – објави дека фирмите одговорни за управување со капитал од 130 трилиони долари, што е еквивалентно на 40% од финансиските средства во светот, се пријавиле за преземање „фер удел“ во декарбонизацијата. Откако националните лидери заминаа од конференцијата на ОН за климата во Шкотска, вниманието денеска се сврте кон државните но и приватните каси, бизниси и финансиери што беа посочени како одговорни во делот на финансиите потребни за извршување на ветувањата за намалување на емисиите на…
Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 16 годишна пациентка од село Сиричино тетовско. Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итна Помош е донесена на Инфективна клиника, од КБ Тетово каде била од 21.10 до 23.10, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале 9 дена од иницијалниот прием во тетовската болница. Според медицинскиот извештај, од КИБФС станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска оствари средба со Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), придружуван од Илина Мангова, раководителка на програмата на ИРИ во Северна Македонија. На состанокот стана збор за актуелни прашања на домашен и меѓународен план, вклучително и статусот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и очекувањата за надминување на предизвиците. Вицепремиерот Димитров ја истакна поддршката на Меѓународниот републикански институт за јакнење на демократските процеси и капацитети на Северна Македонија, кои достигнувања беа нотирани во Извештајот на ЕК за земјата објавен месецов. – Процесот на европска интеграција е главниот…
Неспорен факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводевме на локалните избори е апсолутен победник. Победивме во 42 општини, плус градот Скопје, ако се има во предвид дека во Маврово Ростуше водевме, но таму не успеаја изборите поради цензусот, тогаш се 43 општини плус градот Скопје. Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови, доколку се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика. Надежта за нова иднина е родена и тоа нам ни дава енергија да продолжиме со…
Луна, Христијан, Марија, Ѓорѓи, Севда, Александар, Христина, Светомир, Ива, Калин, Ерато, Никола, Вероника, Данчо, Катерина, Златко, Ивана, Виктор, Верче и Борче се главните херои на изложбата „И јас сум тука“ која својот фокус го насочува кон луѓето со попречености. Изложбата во себе опфаќа дваесет фотопортрети на лица со попречености, меѓу кои лица од различна возраст, различен профил и од различни делови на Македонија. Но, она што сите ги поврзува и обединува во оваа фото-изложба е насмевката која е измамена на нивните лица. Таа насмевка вели – „И јас сум тука“ и повикува на будење. Изложбата е дело на фотографот Тоше…
На 02.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишени се од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено, по претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка…