Author: Mirjana

Петгодишно дете од Тексас починало во вжештен автомобил, откако мајка му по грешка го оставила таму три часа. Мајката наводно мислела дека нејзиниот син е во куќата, но откако ја пребарала отишла до автомобилот пред нивната куќа и таму го пронашла детето веќе починато. Вчера попладне мајката побрзала дома бидејќи подготвувала роденденска забава за своето второ дете, 8-годишната ќерка, а се верува дека не сфатила дека момчето се уште е во автомобилот. Дури по два-три часа забележала дека нејзиниот син го нема, а потоа дошла до трагично откритие во автомобилот, соопшти полицијата во Тексас.

Read More

Премиерот на Албанија, Еди Рама изрази песимизам за почетокот на преговорите со Европската унија. Рама на Твитер напиша дека ЕУ е киднапирана од Бугарија, и дека според неговите очекувања ЕУ повторно ќе каже „Не, извини“ за Северна Македонија и Албанија. – Ние долго разговаравме со лидерите на Србија и Северна Македонија за идниот самит на ЕУ. Се гледа дека уште едно „Не, извини“ ќе биде тоа што ќе го слушнеме на крајот! Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакал за да се гледа! Што да се прави таму?!, напиша Рама. https://twitter.com/ediramaal/status/1539214914643951618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1539214914643951618%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Frama-celata-eu-e-kidnapirana-od-bugarija-so-makedonija-kje-dobieme-ushte-edno-ne-izvini%2F

Read More

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на почетокот на тридневната конференција во Виена, упати апел за нуклеарно разоружување. На конференцијата учествуваат претставници од околу 80 земји, кои го потпишаа меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје. – Да го елиминираме тоа оружје пред истото да не елиминира нас. Сегашниот глобален нуклеарен арсенал од околу 13.000 нуклеарни боеви глави е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на конфликти и недовербата што ја има во светот, наведе Гутереш на Конференција преку видео врска. Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Петер Маурер го опиша Договорот за забрана на нуклеарното…

Read More

Кражба била извршена во објект на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ од Куманово, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во објектот на ЈП „Национална радиодифузија“ лоциран на место викано „Спомен костурница“ во Куманово со употреба на сила било влезено и биле одземени предмети, информираше полицијата. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот

Read More

„Потрошувачите чии права се повредени имаат право на надоместок на штета  која ја претрпеле, а за трговците следат глоби санкции и забрана за вршење на дејност. Од 500 до 10000 евра казна и привремена или целосна забрана за вршење на дејност на трговците и од 15 до 30 дена забрана за работа за микро или малите трговци“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Владата го усвои денес законот за заштита на потрошувачите. Главната цел е да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и сите да уживаат високи стандарди. Како резултат на анализата со овој закон се…

Read More

На 20.06.2022 во 21.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(18) од Охрид и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(23) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка на мотоциклот од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Read More

На 20.06.2022 околу 22.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.В.(64) од Штип, удрил во Л.Р.(59) од Штип. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Read More

Едно лице е уапсено во шведскиот град Вестерас откако во еден трговски центар нападна две лица со остар предмет. Жртвите се хоспитализирани, а едниот од нив има тешки телесни повреди. Во полицискиот извештај се наведува дека нападот е квалификуван како обид за убиство. Шведската полиција не објави повеќе детали за инцидентот во Вестерас, што е лоциран 90 километри западно од Стокхолм.

Read More

Утре на пладне пред Влада Здружението на сопственици на деловен простор во  ГТЦ ќе одржи протест. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, како што велат на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата. Здружението на сопственици бараат директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ, договори за водоснабдување со питка вода со лиценциран снабдувач, времено затворените дуќани…

Read More

Џастин Бибер боледува од синдромот „Рамзи Хант“, кој предизвикува парализа на лицето, а лекарите велат дека му претстои долго лекување. Канадскиот поп-пејач можеби ќе треба да чека и до шест месеци за целосно да исчезне неговата парализа на лицето. Докторите предупредуваат дека синдромот може да предизвика и губење на слухот, но, како што истакнаа, му оди во прилог тоа што е млад и тоа дека болеста навреме била откриена. Во видеото на Инстаграм, музичарот вели: – Ќе бидам добро, само потребно е време. Но, се надевам дека сѐ е в ред. Верувам во Господ и во тоа дека сѐ се…

Read More

Принцот Вилијам ќе наполни 40 години на 21 јуни и треба да одржи заеднички роденден со сопругата Кејт за да го прослави. Претходните планови за роденден на војвотката од Кембриџ беа откажани поради зголемените стапки на ковид, но на парот сега им беше дадено право да организираат поголема заедничка забава. Забавата ќе се одржи во домот на кралицата Виндзор или во имотот Сандрингам подоцна ова лето, откако се согласија дека парот треба да ги „прослави своите значајни родендени со стил“, откриваат кралски извори. Настанот нема да биде обележан со веење знамиња на Унијата на владините згради за да ги одбележи…

Read More

Славниот пловечки ресторан Џамбо во Хонг Конг се преврте во Јужното Кинеско Море помалку од една недела откако беше одвлечен од градот, соопшти неговата матична компанија. Ресторанот наиде на „неповолни услови“ уште во саботата додека ги минуваше островите во Јужното Кинеско Море, а водата навлезе во него и почна да се превртува. Компанијата соопшти дека никој не е повреден, но дека напорите да се спаси бродот не успеале и тој се превртел во неделата. „Бидејќи длабочината на водата на местото изнесувала над 1.000 метри, тоа го отежнало извршувањето на спасувачките работи“, се вели во соопштението. Од компанијата велат дека се…

Read More