На 20.06.2022 околу 22.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.В.(64) од Штип, удрил во Л.Р.(59) од Штип.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.