Author: Mirjana

Во текот на вчерашниот ден (10.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 516 возачи. Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 357 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 77 други видови прекршоци.…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, ги предводеа делегациите на двете земји на билатералната средба којашто во рамките на официјалната посета на нашата земја на германскиот владин врв, денеска се одржа во Владата на Северна Македонија. Претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски во своето обраќање на билатералната средба на двете делегации истакна дека односите меѓу двете земји се исклучително позитивни, како на политички, така и на економски план и без ниту едно отворено прашање. Како посебно значаен Ковачевски го нагласи континуитетот на поддршката на СР Германија во остварувањето на стратешката ориентација на Северна Македонија…

Read More

Во првиот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2.4% на годишна основа. Овој раст е остварен на ниска споредбена основа од К1-2021, но е сличен на динамиката од 2021 година, укажувајќи на понатамошна умерена пост-пандемиска консолидација на економските текови. На ова укажува и растот од 11.2% во секторите трговија, транспорт и хотелиерство, кои беа најизложени на затварањата на економијата во текот на пандемијата. Кај останатите сектори, растот во К1-2022 е стагнантен, што е особено забележливо кај земјоделството (0.3%) и преработувачката индустрија (0.2%), додека градежништвото забележа значителен пад од 17.2%. Растот на извозот и увозот забрза, на 11.1% и 24.4%, соодветно, што е одраз на олабавувањето на тесните грла во…

Read More

Приведени 9 дилери на дрога во Тетово, меѓу нив еден и за издржување на казна затвор, соопшти полицијата.  Имено, синоќа  на 10.06.2022 во 21.15 часот во кругот на основно училиште во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода: Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од с.Стримница, тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.  Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување…

Read More

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија  одржа прес-конференција на која ги соопшти деталите за овогодишното издание на Скопје Прајд која ќе се одржи на 25 јуни.  Третото издание на парадата на гордоста ќе се одржи во последната сабота од јуни под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“. Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, а медиумската поддршка е од суштинско значење во борбата за еднаквост на маргинализираните групи, беше речено на прес конференцијата. Минатите изданија на Прајдот покажаа дека најголемиот дел од медиумите известуваа за настанот согласно професионалните и етички новинарски стандарди…

Read More

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ на 12 јуни (недела) планира да одржи мирен  протест против руската воена агресија врз Украина. Како што најавуваат од „Лесја Украинка“, протестот почнува во 12 часот од детското игралиште позади Универзална Сала а завршува пред руската амбасада во Скопје.

Read More

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски побара безусловен старт на преговорите со Европската Унија не криејќи ја амбицијата, одлуката за тоа да се случи веќе на претстојниот самит на ЕУ на 23 јуни во Брисел. „Македонија има направено се за да се случи првата меѓувладина конференција со ЕУ. Доколку се работи, а се работи по мерит систем на заслуги,  Македонија заслужува прва меѓувладина конфдеренција. Ние не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ и да очекуваме дали ќе има или ќе нема датум. Тоа сега зависи од 27 земји на ЕУ, односно имаме ситуација кога една земја членка на ЕУ…

Read More

По пристигнувањето во Скопје, каде беше дочекан со високи државно-воени почести, германскиот канцелар Олаф Шолц оствари тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски , по што следеше средба на ниво на делегации.  Се очекува македонската европерспектива да е во центарот на дијалогот и особено надминувањето на спорот со Бугарија. На прес конференцијата се очекуваат детали за разговараните теми. https://www.youtube.com/watch?v=b1bqCIbuhjY

Read More

Како што најавуваат од Управата за хидрометереолошки работи викендов времето ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На пооделни места се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Сончевото зрачење нема да биде изразено и ќе изнесува УВ=5. Утринските температури ќе се движат од 8 степени на повисоките места, до 18 степени, а максималните до 25 степени. И за текот на утрешниот ден се најавува слична прогноза со исклучок на малку повисоки температури.

Read More

 Утрово нешто пред 6 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месносата „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информираат од  АМСМ. Дека е така потврдуваат и многумина на социјалните мрежи кои утрово ја користеле оваа патна делница и споделуваат фотографии и видеа.  „Порта.мк“ објави видео од поплавите на кое може да се согледа актуелната ситуација.

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц , претпладнево птрестојува во официјална посета на Северна Македонија која се реализира во рамки на пошироката балканска турнеја. Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници за надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Со оглед на рангот на посетата, на платото пред Владата се организира дочек со високи државно-воени почести. https://www.youtube.com/watch?v=MOU3tMMFPCE

Read More

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование. Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени. Во земјава има и 100 невработени доктори на науки. Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование. Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60…

Read More