Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Руското Министерство за надворешни работи денеска порача дека влезот на Шведска во НАТО ќе предизвика значителна штета на безбедноста на Северна Европа и на европскиот континент во целина и предупреди дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазнички чекори. Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, како воено-технички, така и од друга природа, за да ги запре заканите за нејзината национална безбедност. „Во овој поглед, многу ќе зависи од специфичните услови за интеграција на Шведска во Северноатлантската алијанса, вклучително и изгледите за распоредување на офанзивниот вооружен систем на овој воен блок…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја е членка на Северноатлантската алијанса, денеска изјави дека нема да дозволи Шведска и Финска да влезат во НАТО, пренесува Хина. Ердоган на прес-конференција рече дека шведската и финската делегација не мора ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат Анкара да го поддржи нивното барање. „Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно“, рекол Ердоган, пренесува Хина повикувајќи се на РИА Новости. „Како да им веруваме? – Шведска е плодна почва за терористички организации“, рече шефот на турската држава. Шведската премиерка Магдалена…
Високиот претставник за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел изјави дека поставува временска рамка за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија до крајот на француското претседателство на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел. Борел ова го изјави вечерва на прес-конференцијата по Министерскиот совет за надворешни работи, на кој се одржа и посебна седница со министрите за надворешни работи од Западен Балкан за прв пат. „Длабоко навлеговме во прашањето за односите со Бугарија, која го блокира процесот, за време на дебатата меѓу земјите членки на ЕУ и ова е нешто што мора да биде надминато. Има…
Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион. Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, во САД имаше вкупно 900.000 починати од коронавирусот. Просечната смртност од коронавирус во САД на дневна основа во моментот е околу 300, додека за време на пикот во јануари во 2021 година, таа изнесуваше околу…
Спречено предавање на Љубчо Георгиевски во Софија по упад на Ангел Џамбаски и сопартијци од ВМРО-БНД
Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија. Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна. Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже. „Пријателството се гради низ дијалог“, категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми кои го…
Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) на владиниот трон, тој од вечерва повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон попладнево ја назначи Елизабет Борн за нова премиерка на земјата, соопшти Елисејската палата. Поранешната шефица на РАТП во 2017 година се приклучи на шефот на државата во неговиот прв мандат како министерка за транспортот, потоа за еколошката транзиција, а еден период мина и како минитерка за труд. „Таа во неговиот петгодшен мандат ги отелотвори повеќето големи трансформации подобро од кој било друг“, забележа извор близок до Макрон. Нејзиниот претходник, Жан Кастекс попладнево во Елисејската…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во кој го нагласи единството и одлучниот одговор на Алијансата на неиспровоцираната војна во Украина и едногласноста во поддршката на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина и на нејзиното неприкосновено право на самоодбрана на нејзините меѓународно признаени граници.Како израз на силна поддршка на политиката на отворени врати, Ковачевски во разговорот со Столтенберг ја поздрави иницијативата на Шведска и на Финска да станат членки на НАТО и потенцираше дека Северна Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на нивното членство во Алијансата. „Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг…
Унгарските пратеници, со 133 гласа „за“ и 27 „против“, го реизбраа лидерот на партијата Фидес, Виктор Орбан за премиер, функција што ја извршува од 2010 година, пренесе агенцијата МТИ. Орбан, веднаш по гласањето, положи заклетва и ја презеде функцијата. Кабинетот на унгарскиот премиер претходно соопшти дека Орбан ги завршил преговорите за формирање на новата влада, во која многу министри ќе ги задржат своите ресори. Орбан кажа оти има изгледи за доаѓање на „ера на рецесија“ во Европа, бидејќи континентот се бори со зголемени цени на енергијата и високата инфлација поради војната во Украина. Говорејќи во парламентот, Орбан кажа дека Будимпешта…
Францускиот премиер Жан Кастекс поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет. Потегот на Кастекс отвора пат за долгоочекуванара реконструкција на француската влада. Макрон, по реизборот во април, порача дека неговиот нов тим би требал да биде „поконцентиран“ и со помалку министри. Францускиот претседател, кој треба да прати сигнал оти ги слушнал фрустрациите на електоратот изразени преку ниската излезност на изборите и големата поддршка на радикалната крајна десница и на крајната левица, рече дека нов премиер би требало да биде некој кој е ангажиран во „зелените“ и социјални политики. Неговите сојузници веклат дека најверојатно ќе именува жена за шефица…
Руската православна црква (РПЦ) ја поздрави одлуката на Српската црква за обновување на канонското општење со Македонската црква. „Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српска сестринска црква за обновување на канонското општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, изјави архиепископот Николај Балашов, истакнувајќи оти тоа претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“. Светиот архиерејски Синод на Српската православна црква претходно објави соопштение за „Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ во кое го признава канонскиот статус на МПЦ и соопшти за повторно воспоставување на богослужбени општења со неа. Истовремено се нагласува оти во дијалогот за идниот и конечен канонски статус…
Американскиот претседател Џо Бајден го одобри прераспоредувањето на неколку стотици американски војници во Сомалија, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред повеќе од една година го нареди нивното повлекување оттаму, соопштија денеска двајца американски претставници. Пред наредбата на Трамп за повлекување, САД во Сомалија имаа распоредено околу 700 војници, кои беа фокусирани на помошта на локалните сили во задушување на бунтот на Ал Шабаб, терористичката група која е тесно поврзана со Ал Каеда, јавија британските медиуми.
„Вашингтон пост“, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието. Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се наведува во Телеграм каналот на изданието. Во Русија, по инвазијата на Украина, беа затворени неколкуте преостанати независни медиуми, а новинарите кои работеа во нив ја напуштија земјата. Оние кои работат се под строга воена цензура. Војната во Украина не смее да се нарекува војна туку „специјална воена операција“, во спротивно…