Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Дваесет и четиригодишен мигрант од Авганистан е пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана на телото од остар предмет. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска и официјално соопшти дека Шведска ќе ѝ се придружи на Финска во апликативниот процес за членство во НАТО за време на руската инвазија на Украина. Оваа историска промена доаѓа по повеќе од 200 години шведска воена неутралност и најверојатно ќе предизвика бурни реакции од владата на рускиот претседател Владимир Путин. „Со одлуката за следење на стапките на соседна Финска и да поднесе барање за членство во НАТО, Шведска се откажува од политиката на воена неутралност поради руската инвазија на Украина“, изјавија денеска шведските власти. Премиерката Магдалена Андерсон, за време на обраќањето пред пратениците во парламентот…
Рускиот извоз на електрична енергија за Финска денеска е прекинат, наведува финскиот мрежен оператор „Фингрид“. Минатата недела, руското комунално претпријатие „РА РАО“ соопшти дека ќе го запре извозот во Финска, со образложение дека земјата од 6 мај не плаќала за електрична енергија што се продава преку паневропската берза Nord Pool. Испораките на руска електрична енергија за Финска паднаа од 87 мегавати на нула, покажуваат податоците на мрежниот оператор „Фингрид“, соопштувајќи дека компанијата може да го замени руското снабдување со шведска електрична енергија и да го зголеми домашното производство. Оттаму додаваат дека прекинот на рускиот извоз се должи на ограничувањата на…
Опасноста од нуклеарна војна меѓу Западот и Русија е голема, изјави универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев за НоваТВ. Таквиот негов став доаѓа по одлуката на финските власти за аплицирање на земјата за членство во НАТО, без одлагање, што беше примена со гнев во официјална Москва. Пред повлекување на идентичен потег се наоѓа и соседна Шведска што дополнително ја усложнува можноста за скорешно решение за деполаризација, крај на војната во Украина и излез од кризата во која западна светот по 24 февруари и почетокот на „специјалната воена операција“ на Русија. „Одлуките на Финска и на Шведска да побараат членство во НАТО…
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е префрлен во приватна болница поради влошена здравствена состојба по двата периода на штрајк со глад во затвор. Неговиот адвокат рече дека бил известен за префрлувањето во клиника во Тбилиси, но нагласи дека не добил никакви информации од управата на затворот за здравствената состојба на неговиот клиент. Саакашвили (54), кој во 2018 година беше осуден во отсуство за злоупотреба на власта, беше уапсен во октомври минатата година при враќање во Грузија по неколку години во егзил. Тој тогаш изјави дека дошол да води кампања во полза на опозицијата на претстојните избори. Минатиот месец, Саакашвили…
Украинската парламент го одобри указот на претседателот Володимир Зеленски за заплена на руски имот во Украина, соопшти денеска пратеникот Јарослав Железњак. „Радата го усвои претседателскиот декрет за заплена на руски имот“, напиша пратеникот Железњак на Телеграм. Декретот е усвоен со 334 гласа „за“, додека за усвојување на оваа одредба биле потребни 226 гласа.
Денеска на армискиот полигон „Криволак“, беше реализиран Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“, при што беа презентирани воздухопловнo-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, на Велика Британија, на Франција, на Италија, на Црна Гора, на Грција, на Албанија и на Македонија. На денот за високи гости, меѓу другите, присуствуваа и шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, претставници на дипломатскиот кор, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата…
Сликарката Андријана Мациевска (41), ќерка на познатата водителка и пејачка Јулија, ја загуби битката со ракот што ја водеше две години. Нејзината состојба се влошила во изминатиот период, поради што Јулија објави емотивен пост на Фејсбук со апел до пријателите да се помолат за здравјето на Андријана. „Драги мои пријатели, помолете сè за моето девојче, за мојата хероина, за мојата светлина. Молете сè за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да…
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 42, во Битола – 15, во Кочани, во Неготино и во Ресен – по четири, во Кавадарци и во Гостивар – по три, во Куманово, во Велес, во Кичево и во Свети Николе – по два, во Прилеп, во Охрид, во Струмица, во Струга, во Крива Паланка и во Демир Хисар – по еден. Од вкупниот број на позитивни случаи (89), регистрирани се 17 реинфекции.…
Црвениот Крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) пристапи кон процес на подготовка на развојна рамка за националното друштво за наредните пет години насловена како „Трансформација 28“. Иницијативата е во рамки на заложбата за унапредување и развој на работењето и исполнување на хуманитарната мисија на организацијата. „Трансформација 28“ претставува процес кој ги операционализира стратешките заложби на организацијата со конкретни чекори за промени и подобрување во работењето, преку кои се истакнуваат амбициите и заложбите за дополнително градење на одржливи партнерства за влијание во заедниците, но и желбата да се изгради здраво и безбедно општество. Тој претставува насочување во севкупните напори за промовирање…
Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ги усогласил барањата за Колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест пред Министерството. Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии. „Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата ….. Сите недоразбирања што…
Лица, чиј идентитет сè уште не е познат, вчера ја полија со црвена боја амбасадата на Полска во Москва. Потегот следува, откако Русија од Варшава побара официјално извинување за инцидентот во кој рускиот амбасадор во Полска беше полиен со црвена боја, пишуваат странски медиуми. Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски, да му врачи протесна нота поради „скандалозниот“ напад. Беше побарано и „официјално извинување“ од полската Влада. „Одлуката за следни чекори, ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведија од руското Министерство. Како што информираат медиуми, Крајевски го потврдил инцидентот.…