Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во Македонскиот народен театар (МНТ) денеска напладне ќе се одржи отворена комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022), долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Стефановски е роден во 1928 година во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал и организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Одиграл 14 улоги – од Поцко во „Чорбаџи Теодос“ (1945 година), преку Зија во „Гоце“ (1951 година), Тренко во „Македонска крвава свадба“ (1953 година), Офицер во „Отело“ (1954 година), Френсис Нерс во „Вештерките од Салем“ (1955 година), Петров во…
Во Скопје денеска ќе биде отворен почесен Конзулат на Грузија, како нов импулс за продлабочување на соработката меѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година. На отворањето се најавени обраќања на Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија и Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и почесен конзул на Грузија во земјата. Ќе бидат присутни и претставници на деловната и академската заедница, МНР и дипломатскиот кор, како и државјани на Грузија кои живеат и работат во државава.
Македонските власти очекуваат дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот меѓу Скопје и Софија за дефинирање на преговарачката рамка, со цел што е можно побрзо одржување на првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Комисија (ЕК) како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во Европската Унија (ЕУ). Досегашните заклучоци се дека државата ги има исполнето сите услови за старт на преговорите и, дополнително, дека е постигнато стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ. Владата, порачаа вчера оттаму, останува фокусирана на дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање соодветно решение.…
Новиот лидер на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија денеска информираше оти треба да се почека сигнал од Москва пред одржување на референдум за приклучување кон Русија. Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници. Алан Глагоев, кој го победи претседателот на заминување, Анатолиј Бибилов, на изборите одржани за викендот, изјави за ТАСС дека Русија треба да даде зелено светло за да има референдум за придружување. „Ова не едностран процес. Мораме да…
Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и на Министерството за образование и наука (МОН) денеска во седиштето на СОНК одржаа уште една средба за усогласување на платите и за колективните договори во основните и средните училишта во рамки на новиот десетдневен рок за усогласување на отворените прашања со посредство на помирувач. По двочасовната средба не беа соопштени детали, а СОНК и МОН договорија нова средба во петок. Претставници на Синдикатот утре ќе имаат средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за…
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потпиша сигурносни декларации со лидерите на Финска и на Шведска поради зголемените тензии во регионот. Со Декларациите ќе се „засили одбранбената и безбедносна соработка меѓу Обединетото Кралство и двете скандинавски земји, ќе се интензивира размената на разузнувачки информации, ќе се забрза заедничката воена обука, вежби и распоредување и ќе се засили сигурноста во трите земји“, порача Џонсон.
„Отворен Балкан“ има политика на постојано отворена врата за земјите од регионот. Ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит, бидејќи „Отворен Балкан“ носи само придобивки за народите од Западен Балкан и ги европеизира државите, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање каков е коментарот на Владата на изјавата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ дека ја поддржува регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. Арсовски најави дека на Самитот на оваа иницијатива што ќе се одржи во јуни во земјава, ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово.…
Вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Караорман“ со тешки телесни повреди се здобил М.Н. (43) од село Кучевиште, Општина Чучер Сандево, додека извршувал работни задачи во јавно градско претпријатие. Како што соопшти МВР, повредениот работник бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) започна со првиот дел од медиумската кампања за привлекување на поголем број на странски туристи, што ќе се реализира во земјите Србија, во Бугарија, во Албанија, во Косово, во Турција, како и во Полска, поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата. Од АППТ нагласуваат дека ова се традиционални пазари кои континуирано се меѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. „Медиумската…
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ потврди дека се испорачува помалку гас преку Украина кон Европа, откако Киев соопшти за намалување на количината поради војната. „Гаспром ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина на 11 мај, изјави портпаролот на компанијата, Сергеј Купријанов. Тоа ниво е намалување на обемот на нарачката од 95.8 милиони кубни метри, претходниот ден.
Украински борец од опколената челичарница Азовстал во Мариупол во видео порака говори за тешките услови во кои се наоѓаат војниците и цивилите. Вели дека преостанатите бранители „сносат тешки жртви“ додека траат жестоките напади на Русија. Lieutenant Illya Samoilenko is still trapped in the Azovstal steel plant in Mariupol and tells Sky News that “we’re taking heavy casualties” and “every day may be our last”. Latest: https://t.co/ZeprhNWkgn 📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/mNfImNBkBz — Sky News (@SkyNews) May 10, 2022 Поручник Илја Самојленко, припадник на баталјонот Азов, за „Скај њуз“ истакна дека бројот на повредени и загинати…
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Белгија и Европската Унија (ЕУ). Ковачевски во Брисел ќе оствари средба со премиерот на Белгија, Александар де Кро. Работната посета на Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската Комисија (ЕК) и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Премиерот Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан и…