Author: Sashko

Парагвајски обвинител за организиран криминал, Марсело Печи е убиен за време на меден месец во Колумбија, јави „Би-Би-Си“. Тој бил на плажа на популарниот остров Бару, при оружениот напад на две лица. Како што изјавила сопругата, новинарката Клаудија Агилера, Печи не добил никакви закани. Едно од вооружените лица „без збор пукал во Марсело два пати, пришто еден куршум го погодил во лицето, а друг во грбот“. Парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитез пукањето го опиша како „кукавичко убиство“. Печи специјализираше за организиран криминал, трговија со дрога, перење на пари и терористичко финансирање. Во 2020 година, тој имаше улога во случајот против…

Read More

Израелските сили на окупираниот Западен Брег ја убија новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, соопшти палестинското Министерство за здравство. Новинарката била убиена додека известувала за израелските напади во близина на градот Џенин, информира Нида Ибрахим од Ал Џезира. „Она што досега го знаеме е дека палестинското Министерство за здравство ја објави нејзината смрт. Ширин Абу Аклех известуваше за настаните во Џенин, поточно израелскиот напад на градот во северниот дел на Западниот брег, кога беше погодена со куршум во главата“, изјави Ибрахим од палестинскиот град Рамала.

Read More

Судот во Салвадор осуди жена на 30 години затвор, бидејќи морала да абортира од здравствени причини. Како што пренесува Асошиејтед прес (АП), жената е осудена на повеќегодишна робија за тешко убиство. Група на граѓани кои поддржуваат декриминализација на абортусот соопштија дека жената, идентификувана како Есме, била осудена во понеделникот. Таа две години била во истражен затвор по апсењето при обраќање за лекарска помош во болница, наведоа тие. „Судијата беше пристрасен. Поголема тежина даде на верзијата на државниот обвинител која е полна со стигма и родови стереотипи. Есме ќе се жали на пресдуата“, рекоа тие. Во Салвадор е на сила целосна…

Read More

Украинскиот оператор за пренос на гас GTSOU објави дека „поради виша сила“, денеска ќе ја запре дистрибуцијата на гас преку влезната точка Сохранивка, една од двете клучни точки за снабдување на Европа со руски гас. И покрај руската инвазја која започна на 24 февруари, Украина и натаму е важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа. Од компанијата велат дека не можат да продолжат со работа на компресорската станица Новопсков „поради мешање на окупаторски сили во техничките процеси“. Компресорската станица Новопсков во регионот Луганск, на истокот на Украина, падна во руски раце накусо по почетокот на инвазијата. Таа…

Read More

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги продлжуваат преговорите за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и за дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование. Денешната средба е за закажана во 10 часот во просториите на СОНК. Синдикатот и Министерството на 8 мај се договорија да ги продолжат преговорите за уште десет дена. Обострано е заклучено дека е потребно дополнително време за преговарање, под покровителство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а…

Read More

МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи томос за автокефалност, туку чекор кон конечно решавање на статусот на нашата црква, што сепак, по препорака на Фанар ќе се бара преку разговори со СПЦ. Синодот на МПЦ-ОА изрази благодарност до вселенскиот патријарх Вартолемеј за одлуката на Цариград да ја признае црковната ерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет, со име се кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на…

Read More

Австрија изрази силна поддршка за што побрзо отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија и охрабрена дека е можно скоро решение за „сложувалката“ со Бугарија. За Скопје заслужен е исчекорот во евроинтеграциите за земјата, а на сложувалката, која полека се составува во насока на решавање на спорот со Софија, во моментот и недостасува лепилото, односно политичка волја, за да ги стави елементите во еден сеопфатен процес. Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во Скопје изјави дека Европската Унија (ЕУ) се наоѓа пред огромна геостратешка одлука и најважниот инструмент…

Read More

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени, а дневните од 20 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени. Утре и задутре, времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е позитивен на коронавирусот, соопшти портпаролот на Алијансата. Столтенберг има благи симптоми и во наредните денови ќе работи од дома, во согласност со белгиските прописи.

Read More

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри над 40 милијарди долари помош за Украина, јавија странски медиуми. Предлог законот за украинска помош е усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“. Сега предлог законот е во рацете на Сенатот, каде се очекува брза реакција, за потоа да се најде пред претседателот Џо Бајден, кој, би требало, да го потпише. Бајден пред две недели побара од Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари помош за Украина. Пратениците одлучија да се зголеми военото и хуманитарното финансирање. „Овој закон ќе ја заштити демократијата, ќе ја ограничи руската агресија и ќе ја засили нашата сопствена…

Read More

Додека пратениците од владејачкото мнозинство образложуваа закони, нивните колеги од опозицијата истакнуваа транспаренти со што ја стартуваа најавената активна блокада на законодавниот дом, па координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Илир Даути побара пауза што беше дадена до 14:30 часот. Даути го образложи барањето со загрозување на демократијата, а претседателот на парламентот, Талат Џафери не знаеше како да се справи со ситуацијата, и постојано апелираше да се следат точките на дневен ред. Според пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Јован Митрески, сликата со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспарентите околу собраниската говорница, како што рече, е вистинската слика…

Read More

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел бил принуден да се префрли во засолниште за време на посетата на Одеса поради ракетен напад на руските сили, јави германската новинска агенција ДПА. Мишел и украинскиот премиер Денис Шмигаљ морале на одредено време да ги прекинат разговорите и да заминат во засолниште поради гранатирање на тој регион. Мишел ја посети Одеса за лично да се увери во влијанието на руската војна врз глобалните синџири на снабдување. Украинската армија претходно денеска објави дека четири високопрецизни ракети Оникс биле истрелани кон Одеса од полуостровот Крим, што е под руска контрола.

Read More