Author: Sashko

Уште еден руски олигарх почина под мистериозни околности, што е петти таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Овојпат станува збор за Александар Суботин (43), поранешен извршен директор на нафтениот енергетскиот гигант „Лукоил“. Прелиминарната причина за смртта на Суботин, според полициски извор, е срцев застој, но медиумите пишуваат дека милијардерот наводно барал помош од шамани за „лекување на мамурлук“. Олигархот, кој беше сопственик и на бродска компанија, наводно бил третиран со отров за жаби што му бил ставен во отвор во кожата. Набрзо потоа доживеал срцев удар по што добил лек за смирување од валеријана,…

Read More

Пратеникот Антонио Милошоски, кој денеска дојде во Собранието за да присуствува на пленарна седница на која на дневен ред се два предлога за испраќање македонски војници во мировни операции во Босна и Херцеговина и во Јужноафриканската република, како и предлог закон за перење пари и финасирање тероризам, објасни дека блокадата што ја најави ВМРО-ДПМНЕ ќе се одвива со присуство на пратениците од опозициската партија во Собранието, но дека во текот на пленарната седница ќе се спротистават на сите предлози на владејачкото мнозинство кои не се во интерес на македонските граѓани. „Активната блокада во Собранието почнува денес, како реакција на лошите…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска почнуваат со блокада на Собранието која, како што ни објаснија пратениците, ќе биде активна, а тоа значи дека тие ќе присуствуваат на собраниските седници како што е денешната пленарна, но нема да и дозволат на власта да носи законски решенија кои според нив се штетни за граѓаните. Пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, ќе дојде и за време на собраниската расправа за буџетот, за да предложат решенија кои ќе бидат од интерес на граѓаните. Блокадата е поттикната од барањето на партијата за лидерска средба за предвремени парламентарни избори, која не…

Read More

Кристијан Трајковски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, засега е единствен официјален кандидат во трка за нов лидер на Новата социјалдемократска партија (НСДП), откако Тито Петковски неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција на партијата. Неофицијално како кандидат за лидер на НСДП се споменува и името на собранискиот потпретседател, Горан Мисовски, но тој сè уште не поднел своја кандидатура за изборот кој ќе се случи за помалку од еден месец, на 4 јуни. Тито Петковски, кој 17 години ја предводеше НСДП, неодамна зборувајќи за мотивите за неговото повлекување изјави дека на партијата…

Read More

Украина летово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ), а одбивањето ќе го смета за измама од Европа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за „Фајненшл тајмс“. „Доколку не добиеме кандидатски статус, тоа значи само едно – дека Европа се обидува да нè измами. И ние тоа нема да го проголтаме“, рече Кулеба. Тој нагласи дека Украина во моментот е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова ЕУ.

Read More

Над три четвртини од луѓето во Финска поддржуваат членство во НАТО, покажува најновото истражување, што, според локалните медиуми се должи на руската инвазија на Украина. Поддршката за членство во НАТО досега беше стабилна на 20 до 30 отсто, но во последните месеци се зголеми во Финска, како и во соседна Шведска, кои досега беа воено неутрални. Околу 76 отсто од Финците сега сакаат земјата да се приклучи на НАТО, за разлика од 60 отсто во март, според анкетата нарачана од радиодифузерот YLE и спроведена од истражувачката компанија „Талоустуткимус“. Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството е „за“, без разлика на партиската…

Read More

Европската Унија (ЕУ) денеска одржува меѓународна донаторска конференција за помош на сириските бегалци и нивните земји домаќини. „И покрај војната на нашиот праг, ЕУ не заборава на другите конфликти“, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел пред конференцијата во Брисел, алудирајќи на војната во Украина. „Милиони луѓе во Сирија и во регионот секој ден зависат од хуманитарна помош“, рече Борел. Над 13 милиони луѓе ја напуштиле Сирија или биле раселени во земјата од почетокот на конфликтот во 2011 година, според УНХЦР. „Околу 5,6 милиони Сиријци нашле засолниште во соседните и блиски земји“, објави УНХЦР, а многумина живеат во…

Read More

Брисел се откажа од своите планови за забрана на бродската индустрија на Европската Унија (ЕУ) да превезува руска нафта. Причината, како што објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ), е загриженоста на некои држави членки околу економски ефект на мерките. „Европската Комисија (ЕК) се откажа од предлогот насочен на поморство што беше воведен во минатата недела, по жестокото лобирање на Грција и на Малта“, изјавија неколку извори што се упатени во преговорите за „Фајненшл тајмс“, пренесува „Индекс“. Унгарија не даде поддршка за забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, дури и по разговорите меѓу премиерот Орбан и шефицата на ЕК, Урсула фон…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на стратегија на неговиот руски колега за излез од војната во Украина и во тој контекст размислува што да направат САД. Говорејќи на политички собир во предградие на Вашингтон на кој беа собрани парични донации, Бајден рече дека Путин погрешно верувал дека со инвазијата во Украина ќе го разбие НАТО и Европската Унија, пренесува „Ројтерс“. Бајден дека Путин е многу пресметлив човек и дека проблемот што сега го загрижува е што рускиот лидер „нема излез во моментот“. „Се обидувам да сфатам што да праваме по тоа прашање“, рече Бајден.

Read More

Едно лице загина, а пет се повредени во ракетен напад на руските сили на Одеса, соопшти украинската оперативна команда „Југ“. Нападот бил извршен врз трговски центар и магазин со производи за широка потрошувачка, пренесува Интерфакс Украина. Целите биле гаѓани од воздух, додека врз градот се истрелани седум проектили. По нападот биле забележани пожари на повеќе локации, додава агенцијата. Руските сили продолжуваат со воздушни и артилериски удари врз челичарницата Азовстал во Мариупол, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Read More

Документи кои биле пронајдени за време на „специјалната воена операција“ во Украина укажуваат дека постоеле конкретни планови за напад на Русија од територијата на Украина, изјави Дмитри Полански, првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во Обединетите Нации (ОН). „Можам да кажам дека сега е очигледно оти имаме прокси војна, преку посредници. НАТО води прокси војна со Русија, а не обратно. Тоа е реалноста со која се соочуваме“, рече Полански за „Скај њуз“. Рускиот дипломат, исто така, нагласи дека слични планови се развиваат и за Донбас, пренесе агенцијата РИА Новости. „Документите на украинскиот генерал што ги добивме укажуваат на тоа“,…

Read More

Најмалку 43 затворени се убиени, а десетици се повредени во затвор во Еквадор, соопшти јавниот обвинител на таа јужноамериканска држава. Затворениците биле жртви на физичка пресметка меѓу ривалски банди во затворот Санто Доминго, околу 80 километри источно од главниот град Кито, пренесува „Би-Би-Си“. За време на нередите дошло и до бегство на дел од затворениците од кои 112 се уапсени, додека сè уште се трага по 108. Конфликтите се честа појава во затворите во Еквадор. Речиси 400 затвореници се убиени во шест одделни нереди од февруари во 2021 година.

Read More