Author: Sashko

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека денеска е извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк за месец април. Средствата се префрлени на трансакциските сметки на над 28.000 студенти кои го имаат остварено ова право на некој од досегашните објавени повици за пријавување. Од МОН потсетуваат дека во периодот од 20 до 30, односно 31, во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите или од кои било причини не аплицирале. „Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува…

Read More

По два и пол месеца од нивното признавање од Русија, самопрогласените источноукраински народни републики Доњецк и Луганск номинираа амбасадори во Москва, пренесе агенцијата ДПА. Проруските сепаратисти од Доњецк најавија дека нивните интереси во Москва во иднина ќе ги застапува политичарката Олга Макеева, додека Луганск во Москва ќе го испрати поранешниот новинар Родион Мирошник, кој пред години работеше за тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, кој тесно беше поврзан со Русија. Три дена по признавањето на отцепените републики, рускиот претседател Владимир Путин нареди напад врз Украина. По неуспехот да го освои Киев, руските воени напори сега се фокусираат на зајакнување и проширување…

Read More

Златната кочија во Велика Британија се користи за кралските крунисувања, за јубилеи и за настани уште од нејзината изработка во 1762 година, а 2022 година нема да се разликува, бидејќи ја презема водечката улога на платинестиот јубилеен натпревар. Во недела, на 5-ти јуни, како дел од викендот на #PlatinumJubilee Celebration, Mounted Band of the Household Cavalry, Златната кочија ќе биде во центарот на спектаклот, извлечена како и секогаш од осум коњи од Виндзор Греј. Кралицата патувала со Златната кочија на патот до нејзиното крунисување, а за време на настанот, оригиналните филмски снимки на Денот на крунисувањето ќе бидат прикажани на…

Read More

Најмалку 17 луѓе се повредени, а едно лице е во тешка состојба по силната експлозија што се случи денеска во зграда со четирикатница што се реновирала во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти. На лице место се излезени спасувачки екипи и трагаат по евентуално заробени лица во објектот, пренесува „Ројтерс“. Grandes destrozos provocados por la explosión en el edificio de la calle General Pardiñas de Madrid 📹 @10alberto10_ 👉https://t.co/5fEzzwTpp3 pic.twitter.com/XeXvYmuovO — 20minutos.es (@20m) May 6, 2022 „Во објектот во луксузната населба Саламанка се извршувале некои работи кога дошло до експлозија“, рече градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида.

Read More

Голема експлозија се случи попладнево во Хавана, пришто целосно е уништен хотел во центарот на градот, како и автобусите и автомобилите што биле паркирани пред објектот. Полициски и пожарникарски екипи ги пребаруваат рушевините во потрага по преживеани лица, наведува „Си-Ен-Ен“. BREAKING: Major explosion damages historic hotel in Havana, Cuba; no word on injuries pic.twitter.com/QyksoqI2fI — BNO News (@BNONews) May 6, 2022 Засега е непознато што ја предизвикало експлозијата во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана. „Се случи голема експлозција“, кусо коментираат сведоци на настанот.

Read More

Руска фрегата е запалена во Црното Море, откако била погодена од украински проектил, наведуваат извештаите на украинските медиуми, иако инцидентот не е потврден од Москва и само индиректно од Киев, пренесе агенцијата ДПА. Интернет страницата „Думскаја.нет“ со седиште во Одеса денеска објави дека брод од серијата „Проект 11356 Буревестник“ бил во пламен во близина на Змискиот остров, откако бил погоден со ракета „Нептун“, истрелана од украинска територија. Иако Украина не го потврди инцидентот, Генералштабот на армијата го зголеми бројот на руски бродови што се уништени од почетокот на инвазијата на Кремљ врз земјата, а откако „Думскаја. нет“ сподели сателитски снимки…

Read More

Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина, изјави денеска рускиот парламентарец Андреј Турчак за време на посетата на градот Херсон, што е под контрола на Москва. „Русија е тука засекогаш. Не треба да се сомневаме во тоа. Нема да има враќање во минатото“, рече високиот функционер на владејачката партија „Единствена Русија“. „Ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓето што живеат овде“, додаде тој. Турчак најави и отворање на центар за хуманитарна помош во Херсон, од каде ќе се доставува храна, лекови и основни потреби. Француските медиуми коментираат дека е ова првпат…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 29, во Битола – 20, во Прилеп, во Велес, во Гостивар и во Охрид – по пет, во Тетово – два, во Куманово, во Кавадарци, во Струмица, во Кочани, во Струга и во Гевгелија – по еден. Од вкупниот број на позитивни (77), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 101 оздравени пациенти од Скопје – 40, од Битола – 27, од Берово – шест, од…

Read More

Подготвен сум за четири дена од денеска да зборуваме за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори. А без ова прашање не може да се разговара. Тие се проблемот, а решението е предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп. Мицковски прифаќа лидерска средба, но ако се зборува за она што им е потребно на граѓаните, а тоа се предвремени парламентарни избори за да се излезе од кризната состојба. „Подготвен сум да зборуваме за сѐ што е актуелно и им е потребно на граѓаните, а предвремени парламентарни избори се неопходни час…

Read More

Блокади и бојкоти не се категории за напредок на демократијата, која се унапредува со дебати и компромиси, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Мислам дека ние сме држава која има прогрес во овие вредности. Не мислам дека бојкотот и блокадите ќе ни служат за да одиме напред, додаде Џафери, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во организација на Општина Чаир и во соработка со Институтот за духовно-културно наследство на Албанците. Осврнувајќи се на барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба,…

Read More

Со блокирање не се прави штета ниту на Владата, ниту на Собранието, штета се прави единствено на компаниите, на граѓаните и на државата. Ги повикувам сите пратеници да бидат на ниво на својата задача, бидејќи тие, како што рече, не се избрани од претседател на политичка партија која добива наредби од Будимпешта, како да се однесува и што да прави. Пратениците треба да бидат одговорни, бидејќи тие се избрани од народот и треба да работат за потребите и за унапредувањето на животот на граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по посетата на германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ во велешкото…

Read More

За зголемување на платите на вработените во образованието за повеќе од 12-те отсто што ги понуди Владата се потребни пресметки од Министерството за финансии за што Министерството за образование и наука сега не располага со податоци, соопшти лидерот на СОНК, Јаким Неделков по денешната рунда преговори со МОН во рамки на десетдневниот рок за помирување кој почна минатиот четврток. „Доаѓаме до некакви заеднички ставови. Сепак има нијанси на размислување за дополнително зголемување од 12 проценти, меѓутоа кога, за колку, итн., тоа се детали кои сè уште ги утврдуваме, а за жал ниту министерот не може да излезе официјално со став,…

Read More