Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Руските сили почнаа со гранатирање на челичарницата „Азовстал“ во јужниот украински пристанишен град Мариупол, откако украинските војници го искористија прекинот на огнот за заземање на позиции, објави денеска агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. „Прогласен е прекин на огнот, цивилите мораа да бидат евакуирани од територијата на „Азовстал“. Тоа го искористија војниците на Азов и на Украина, кои се стационирани во фабриката. Тие излегоа од подрумот, зазедоа позиции на територијата и во зградата на фабриката“, наведува руската агенција. Според Министерството за одбрана, единиците на руската армија и на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), користејќи артилерија и…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска порача дека ќе стави вето за влез на Финска во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата, додека не се решат прашањата на Хрватите во Босна и Херцеговина. „На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за“, рече Милановиќ. На одбележувањето на Денот на Вуковар, тој ја нарече хрватската влада „предавничка“. „Имаме предавничка влада, ги предава Хрватите во БиХ, а тие луѓе таму бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“, рече Милановиќ. Тој…
Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, рече британскиот премиер Борис Џонсон во денешното обраќање пред украинските пратеници преку видео врска. Тој истакна дека Велика Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје и најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра. „Имам порака за вас денеска: Украина ќе победи, Украина ќе биде слободна“, нагласи Џонсон. Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија. „Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата“, порача Џонсон.
Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана со продажба на билети за релацијата Софија – Скопје – Скопје по 21 мај, објави интернет порталот exyuaviation.com, пренесуваат бугарските медиуми. Релацијата беше обновена пред повеќе од еден месец, поточно на 26 март и на првиот лет патуваа 22 лица. Авиокомпанијата првично се обврза да ја опслужува линијата двапати неделно – во сабота и во понеделник. Интернет страницата на компанијата „Гуливер“ не нуди никакво известување за прекинот на летовите на релација Софија – Скопје и обратно, ниту, пак, зошто не може да се купи билет по 21 мај. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече…
Украина буквално се стави под хипотека на САД, рече денеска претседателот на долниот дом на рускиот парламент, алудирајќи на милијардите долари „тешките“ заеми за купување на оружје што го предложи американскиот претседател Џо Бајден. Вјачеслав Володин, претседател на долниот дом на Думата, ги обвини САД дека настојуваат да профитираат од таа војната, не обрнувајќи внимание дека со тоа ги задолжуваат идните генерации на Украинци. „Претседателот Володимир Зеленски ја води земјата кон дно“, истакна Володин.
Германските истражни органи по налог на Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт. Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, на Финансиската полиција и на Обвинителството. Засега не е позната причината за претресот во канцелариите во „Дојче банк“. Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, додека други детали не може да се дадат поради истрагата што е во тек. Ниту од „Дојче банк“ не се огласуваат со какви било информации за јавноста.
Украина денеска призна дека има големи загуби во нападите на Русите во источниот дел на земјата, но истовремено додаде дека загубите на агресорот се поголеми. Објавата доаѓа по повикот на американскиот претседател Џо Бајден до Конгресот да одобри помош од 33 милијарди долари за Киев за да се зацврсти одбраната од руските напади. Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја пофали иницијативата на Бајден која претставува, речиси, десет пати поголема помош одошто Вашингтон ја прати до неговата земја од почетокот на руските напади на 24 февруари. По неуспешниот напад на Киев и на северот на Украина во минатиот месец, Русија ги концентрира…
Директорот на Фронтекс, гранична агенција на Европската Унија (ЕУ), Фабрис Леџери поднесе оставка по истрагата за неговата инволвираност во нелегални протерувања на бегалци на надворешните граници на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Оставката на Леџери доаѓа по извештај на ОЛАФ, антикорупциска агенција на ЕУ, но и на темелна истрага на бројни новинари и невладини организации кои со години обвинуваат дека агенцијата Фронтекс и нејзиниот директор знаеле и ги прикривале овие нелегални протерувања на бегалци, кои во некои случаи довеле и до смрт. Новинарите во Брисел денеска бараа одговор од Европската Комисија (ЕК) зашто досега не реагирала и дали…
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да присуствува на Самитот на Г-20 што ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември, изјави денеска индонезискиот претседател Џоко Видодо, објави „Си-Ен-Ен“. „Индонезија сака да ги обедини Г-20. Да не се дозволи да има поделеност. Мирот и стабилноста се клучни за закрепнување и развој на светската економија“, истакна Видодо. Тој го покани и украинскиот претседател, Володимир Зеленски да присуствува на Самитот. Зеленски на Твитер се заблагодари за поканата, но не прецизираше дали ќе отпатува за Бали. Индонезискиот претседател претходно телефонски разговараше и со Путин и со Зеленски. Тој му кажал на…
Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани, се наведува во сооопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР). „Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“. Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект…
Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола, а со засилен интензитет се подготвува и трасата која ќе обезбеди топлинска енергија за Битола, за Новаци и за Могила, трите општини во близина на рударско-енергетскиот комбинат, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Првите цевки се поставени на излезот од РЕК Битола кон Новаци и тие треба да ја прифаќаат топлинската енергија која се создава како нус производ во текот на производството на електрична енергија и да ја спроведуваат во системот за парно греење на трите општини. Изведувачите на работите, фирмите „Рапид билд“ и „Гранит“ во оваа фаза…
Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот „Ел паис“. Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега. На 26 април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека активно ги истражува случаите на акутен хепатитис од непознато потекло. Според СЗО, ширум светот се потврдени околу 160 случаи. Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи со…