Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Германија да го пушти „Северен тек 2“, а Русија да прифати евра за гас, предлага германски политичар
Германија би требала да дозволи работа на „Северен тек 2“, а Русија би требала повторно да прифати плаќање за гасот во евра, смета Тино Крупала, членот на комитетот за меѓународна политика во германскиот Бундестаг и лидер на партијата „Алтернатива за Германија“. „Нашата партија смета дека Германија во секој случај би требала да се залага за пуштање во функција на „Северен тек 2“. Затоа ја следам темата за валутата на плаќање како независна во проектот. Ако аргументот за тргување во евра помогне да се убеди германската влада да се пушти гасоводот во експлоатација, тогаш тоа би можело да биде добра идеја“,…
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го стави штрајкот во мирување, откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) дека Министерството за образование и наука (МОН) пристапува кон мирно решавање на спорот. Учениците од денеска треба да се вратат на настава, но дел од членството на СОНК е незадоволно од најновата одлука и побара одговорност од првиот човек на Синдикатот. Велат дека оние деца што ќе дојдат во училиште, нема да бидат вратени. „Сите оние кои ќе дојдат во училиште, ќе бидат прифатени. Ние ќе бидеме во училиште, ако дојдат деца, ќе ги примиме. Ако треба…
Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата ќе се одржи денеска во Националната опера и балет. На Форумот, како што е најавено, ќе се обрати премиерот Ковачевски, по што ќе следуваат панел сесии со премиерот, со вицепремиерите и со министрите. На сите три панели е предвиден и дел за прашања. На настанот е најавено присуство на претставници и на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми, итн. Во вторникот се одржа и тематска владина седница на која премиерот Ковачевски рече дека првите 100 дена биле исполнети со предизвици од здравствената, енергетската, економската и воената криза и дека…
Во Скопје продолжува неформалниот состанок на директорите за политичкo – безбедносни прашања на министерства за надворешни работи на земјите-членки на НАТО. Претседавач е помошничката на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Бетина Каденбах. На состанокот учествуваат и високи претставници на Европската Унија (ЕУ). На првата работна сесија на состанокот, посветена на Западен Балкан се обрати министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој рече дека отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива на Западен Балкан може да има мноштво негативни последици, особено во поглед на регионалната стабилност. „Оттука, забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан,…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека не можеме да го направиме тоа пред почетокот на преговорите со Европската Унија (ЕУ). „Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак, тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ“, додаде шефот на македонската дипломатија, рече Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Османи изрази стравување дека по оваа шанса, ќе има сè помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија. Според него, ќе…
Главниот координативен кризен штаб и Владата деновиве се очекува да се произнесат по препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19. Во земјава има вкупно 503 активни случаи, а бројката на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата е 309.434. Поради намалување на бројот на новозаразени со ковид-19, Комисијата за заразни болести во средата препорача укинување на сите рестриктивни мерки, освен задолжителното носење маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица. Комисијата, исто така, испрати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што…
Сергеј Лешченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е уверен дека Русија ќе нападне и членки на НАТО. „Путин ќе нападне земји од НАТО за да покаже дека глобалните институции се слаби. Полска и другите соседи, би требало да бидат предупредени поради тоа што се случува во Украина“, изјави Лешченко за виенскиот дневен весник „Пресе“. Според него, целта на претседателот на Русија, Владимир Путин, не е само да ја избрише Украина од географската карта, туку и да го уништи глобалниот поредок. Тој нагласи дека „доколку добие вистински гаранции, Украина би била подготвена да стане неутрална земја“. „Подготвени сме да прогласиме…
Рускиот претседател Владимир Путин во една прилика изјави дека цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик „Азовстал“, додека милитантите мора да го положат оружјето, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол. „Претседателот јасно стави до знаење дека цивилите можат да излезат и да заминат каде сакаат. Милитантите мора да го положат оружјето и, исто така, да излезат. Нивните животи ќе бидат спасени. На сите повредени и болни ќе им биде укажана медицинска…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен. Утре температурите ќе опаднат за неколку степени и ќе настапи период на променливо облачно и посвежо време, наместа со повремен дожд и услови за…
Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам. Одлуката за суспензија е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид. Руската делегација одби да ја брани својата позиција, најавувајќи повлекување од Организацијата уште пред дебатата по предлогот. Собранието на UNWTO со над двотретинско мнозинство ја изгласа суспензијата, така што одлуката стапува во сила веднаш, додека доброволното повлекување стапува во сила една година откако членката преку соодветни канали ќе поднесе такво официјално барање. Притоа се појаснува дека со губењето…
(Видео) Експлозии во центарот на Херсон, погодена ТВ кулата, Русија тврди дека ракетите се украински
Силна експлозија одекна кај ТВ кулата во центарот на украинскиот град Херсон за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола. Снимката чија автентичност ја потврди и „Си-Ен-Ен“ прикажува експлозија во воздух кај ТВ кулата во Херсон. Strikes reported in Kherson tonight, TV tower was hit pic.twitter.com/p7HRcdqSfX — OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2022 Руската новинска агенција тврди дека украинските сили истрелале три ракети кон градот кој е под руска контрола од почетокот на март. Две од нив, како што тврди РИА Новости, се соборени во воздух, додека третата ја погодила целта.
Во интерес на Европската Унија (ЕУ) е неодложно да започнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Потоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ, поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Северна Македонија наскоро ќе биде тргнато. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини, Северна Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија. „Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување…