Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, Владимир Кличко објави денеска дека размислува за враќање во рингот. Два дена по објавата на британскиот светски првак, Тајсон Фјури дека ја завршува кариерата, 46-годишниот Кличко во интервју за германскиот весник „Билд“ најави дека ќе се обиде да се врати во рингот. „Зошто да не, доколку сум во добра форма. Можеби и ќе сонувам да го соборам рекордот на (Џорџ) Форман. Дефинитивно имам силна мотивација кога секое утро се будам и спортувам“, изјави Владимир Кличко, кој се наоѓа во Киев, украинската престолнина чиј градоначалник е неговиот брат Виталиј Кличко. Пред неколку години Владимир…
Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во 18:31 часот во Делчево, Берово и Пехчево. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот е регистриран на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Првиот беше регистриран изутрината во 6:36 часот и беше со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Колона со возила која се провлекува и по неколку киилометри се создаде на планинскиот превој „Плетвар“. Причина е сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп поради што сообраќајот е пренасочен по алтернативни правци. „Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп поради сообраќајка“, потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. „Во 14:35 часот се случила сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански регистарски таблички и патнички автомобил марка Ауди А4. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа…
Агонијата на бранителите на Мариупол, како и на цивилите кои се наоѓаат во подземните тунелите на гигантската челичарница Азовстал, влезе во завршна фаза. Иако се гладни, жедни и без лекови, тие упорно одбиваат да се предадат на руските трупи. Бројни борци на баталјонот Азов, сепак, се сè уште живи, а веројатно е жив и нивнкиот командант, 31-годишниот потполковник Денис Прокопенко. Многу Украинци кои подобро го познаваат, се уверени дека тој никогаш нема да се предаде на Русите. „Прокопенко, како што некои пишуваат, прилично отстапува од екстремистички десничарски стереотип од кој пропагандистите на Путин наголемо стравуваа и од него и од…
Во последните три дена, од 22 до 24 април, се регистрирани вкупно 147 нови случаи на ковид-19 од направени 3.722 тестови, пријавени се вкупно пет починати пациенти и 238 оздравени, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на активни случаи во земјава изнесува 630, а во осум градови во моментот нема ниту еден случај на ковид-19. Од 147-те нови случаи, во Скопје се 84, во Битола – 15, во Кавадарци – 12, во Куманово – 10, во Велес – 6, во Прилеп – 4, во Штип – 3, во Тетово, во Охрид, во…
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од утре до петок ја „вади“ јавната администрација на протести. Нивните барања се усогласување на платите со минималната плата, а своето незадоволство ќе го демонстрираат секој ден од 16 до 17 часот на рута од Собрание до Влада. „Бараме усогласување на платите во јавниот сектор, согласно покачувањето на минималната плата, а не како што е направено со Законот за административни службеници со кој платите се покачуваат од 100 до 200 денари. Во овој момент имаме ситуација во која дел од административните службеници или вработените во јавниот сектор земаат или минимална плата или под минимална плата.…
Русија прогласи 40 германски дипломати за персона нон грата. Германскиот амбасадор Геза Андреас фон Геир денеска бил повикан во руското МНР. Притоа му било изразено незадоволство поради протерувањето на руски дипломати и му било соопштено дека Москва, како одговор, прогласила 40 вработени во германската амбасада во Русија за персона нон грата. Во март и април речиси сите земји од Европската Унија протераа руски дипломати и технички персонал.
Државниот секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана, Лојд Остин вчера го посетија Киев за да ја покажат непоколебливата посветеност на САД кон Украина и украинскиот народ во нивната борба против руската агресија. За време на престојот во Киев, секретарот Блинкен и секретарот Остин се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, министерот за одбрана Олексеј Резников, шефот на претседателската администрација Андриј Јермак, началникот на одбраната генерал Валериј Залужни и амбасадорката Оксана Маркарова. „Тие разговараа за цврстата поддршка на Америка за украинската влада и украинскиот народ, вклучително и преку нашата значајна помош за безбедноста, управувањето, економските…
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји од денеска до 28 април ќе ги посети Хрватска, Бугарија, С. Македонија и Албанија. Како што стои во календарот на негови активности на веб – страницата на ЕК, еврокомесарот Вархеји за време на престојот во Загреб, Софија, Скопје и Тирана ќе одржи билатерални разговри, а во Софија ќе учествува на Самитот ЕУ-Балкан. Вархеји утре ќе биде во Софија, каде во исто време ќе престојува и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Засега нема детали за агендите на Вархеји и Османи во Софија. Шефот на дипломатијата Османи денеска е во посета на Берлин каде што со официјални…
Кане Танака, највозрасната жена во светот, почина денеска на возраст од 119 години, пренесува агенцијата „Аанадолија“. Танака почина во Фукуока, каде и живееше, објави новинската агенција „Кјодо њуз“. Таа е родена во 1903 година, една година пред руско-јапонската војна, и оваа година го прослави 119 роденден. Во животот беше сведок на најмалку пет империјалистички епохи на модерната јапонска историја по 1867 година, вклучувајќи ги Меиџи, Таишо, Шову, Хеисеи и Реива која е во тек. Во Гинисовата книга на рекорди беше впишана во март во 2019 година како највозрасна жена на светот, на возраст од 116 години. Рекордерка за најдолг живот…
Европската Комисија (ЕК) сака законски измени во агенцијата „Евроџаст“ за да може оваа агенција да собира и споделува докази за воени злосторства, јави дописничката на МИА од Брисел. „Евроџаст“ е агенција на ЕУ за соработка во областа на криминална правда, но таа не располага со легална база за да прибира и споделува докази за воени злосторства, нешто што ЕК смета дека треба да биде изменето поради војната во Украина. Регулативата врз која почива „Евроџаст“ не ѝ овозможува на оваа агенција да се справува со „толку голем обем за ѕверства“, изјави попладнево портпаролот за правда во Европската Комисија, Кристијан Виганд. „Важно…
Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација. Бродот е изнајмен од руската нафтена групација „Новатек“ и регистриран е во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка. „Танкерот „Уст Луга“ отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област“, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај. Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со…