Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Норвешката Влада денеска и официјално се извини за законот кој беше укинат во 1972 година со кој беше криминализиран сексуалниот однос меѓу мажите. Околу 120 луѓе беа уапсени и притворени во периодот меѓу 1902 и 1950 година, според законот кој беше укинат 22 години подоцна, на 21 април 1972 година. Ден пред 50-годишнината, премиерот Јонас Гар Стоере упати официјално извинување од властите поради законот. –„Преку законите, но и мрежата на санкции, ние како народ и општество ставивме до знаење дека не прифаќаме квир љубов. Владата сака да се извини за тоа“, рече лидерот на Лабуристите. „Овој закон уништи многу животи“,…
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска од Летонија порача дека нејзината земја ќе обезбеди обуки и одржување за потребите на украинската армија, пренесува „Си-Ен-Ен“. „Додека другите партнери сега обезбедуваат воена помош, Германија ќе помогне со обука и одржување“, рече Бербок додавајќи дека Германија во овој миг нема на располагање оружје што би можело веднаш и без одлагање да биде испратено во Украина. Бербок на прес-конференција со нејзиниот летониски колега Едгарс Ринкевичс, рече дека Германија одлучила јавно да не објавува какво оружје претходно испратила во Украина. „Испративме противтенковско оружје, стингери (проектили за противвоздушна одбрана и многу други оружја за…
Украински маринец од опколената челичарница Азовстал во кратко интервју за „Скај њуз“ изјави дека руските сили кои ја опколиле челичарницата се 10 пати побројни од бранителите. Мајорот Сергеј Волина, кој ја презеде улогата на портпарол на неговата единица, рече дека условите во фабриката за челик се ужасни, но инсистира на тоа дека моралот и натаму е висок. „Моралот на борците што го бранат Мариупол е сè уште висок. Се бориме. Јасно е дека имаме многу мртви и ранети“, рече Волина. „На повеќе од 500 борци им е потребна медицинска помош, што е невозможно да се добие овде. Тоа е подземно…
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел денеска пристигна во посета на Киев. Високиот гостин од Европската Унија (ЕУ) беше пречекан лично од претседателот Володимир Зеленски. Двајцата дискутираа за санкциите против Русија, за одбраната на Украина, за финансиската поддршка на државата, како и за прашалникот за членство во Европската Унија (ЕУ).
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во фокус на разговорот беа темите поврзани со билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, и со тоа кревање на рампата за отворање на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). „Во контекст на актуелните безбедносни предизвици, процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука постигнувањето напредок во евроинтегративните процеси на Северна Македонија е најсигурна инвестиција во стабилноста во…
Штрајкот во образование ќе продолжи до оној момент додека постигнеме договор со надлежните, објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференцијата што заврши пред малку. Тој прочита низа заклучоци од денешната шеста редовна седница на Советот на СОНК, највисокото тело на Синдикатот за обрзование, наука и култура, со кои се отфрлаат заклучоците од вчерашната 40-та седница во Владата. „Советот на СОНК констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата меѓу Синдикатот, МОН и МТСП, односно со Владата. Овој став на Советот на СОНК се темели на огромниот број на дискусии на членовите во кои, без исклучок се…
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби потврди дека на Укрина ѝ се доставени дополнителен број на борбени авиони и делови за поправка на оштетените летала. „Добија дополнителни авиони и делови за авиони со цел да можат да „дигнат“ повеќе летала во воздух“, рече Кирби. Тој додаде дека авионите не ги осигурале САД, што значи дека ги обезбедиле нивните сојузници, а сосема е сигурно дека станува збор за некои од европските земји.
Русија најави прекин на огнот на подрачјето околу железарницата Азовстал во Мариупол, која се смета за последно упориште на украинските сили во градот, кој би бил на сила до среда, јави државната новинска агенција РИА, пренесува „Ројтерс“. Одлуката, која претставува пресврт во настаните и најавите во текот на денот, ја објави руското Министерство за одбрана. „Руските сили ќе го почитуваат примирјето во Азовстал додека предлогот е на сила до 13 часот на 20 април“, соопшти Министерството. Украинските власти сè уште не го искоментирале предлогот на руската страна. Прорускиот лидер на самопрогласената Доњецка Република претходно извести дека е во тек голем…
Попладнево во земјава влегле 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени за текот на утрешниот ден. На малопродажните рафтови се очекува да се најдат веќе од утре. Забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија сè уште е на сила и засега нема информација кога ќе биде симната, иако се очекува во најскоро време. Домашните производители, во меѓувреме, набавуваат суровини од други земји и со повисоки цени, па затоа и предупредуваат на можноста од поскапување на маслото за јадење во малопродажбата. Освен 96.000 шишиња со масло за јадење од Србија, од кои пола пристигнаа, а…
Премиерот Димитар Ковачевски во видео обраќање се осврна на провокациите што, по повод отворањето на бугарскиот клуб во Битола, поттикнаа говор на омраза и недоверба со намера, како што се наведува во соопштението од Владата, „да ги поткопаат и стават под сомнение досегашниот напредок во дијалогот меѓу Скопје и Софија постигнат од силната определба со јасна визија и лидерство од двете страни може да се дојде до достоинствено решение на споровите за заедничка иднина во ЕУ“. „Од првиот ден на мојот мандат како премиер, реков дека не отстапувам од тоа разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија да се водат достоинствено…
Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, по што ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, велат од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува. „Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, напиша претседателот на СОНК, Јаким Неделков на Фејсбук.…
Францускиот премиер Жан Катекс денеска најави дека ќе поднесе оставка во случај на победа на Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори, јави радиото „Франс инфо“. „Ќе поднесам оставка во деновите по изборите, доколку Макрон биде реизбран за претседател“, рече Кастекс. Тој навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот. Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик…