Author: Sashko

Во руската инвазија е уништено или оштетено до 30 отсто од украинската инфраструктура во вредност од 100 милијарди американски долари, рече украинскиот мкинистер за инфраструктура, Олександар Кубраков. Земјата досега не изнесуваше проценка на конкретните последици од војната по инфраструктурата, како мостови и улици, иако официјални лица велат дека вкупната причинета штета, од инфраструктура до куќи, згради и други објекти, би можела да изнесува околу 500 милијарди долари. „Сите делови од нашата инфраструктура се, практично, настрадани на некој начин“, изјави министерот Кубраков за „Ројтерс“. Тој рече дека руската инвазија погодила „од 20 до 30 отсто од целокупната инфраструктура, во различни мерки,…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање до нацијата објави дека во тек е битката за Донбас. Неговото вечерашно појавување во медиумите и на социјалните мрежи следува по предупредувањата на високи украински службеници претходно дека Русија денеска го отпочнала својот долгоочекуван напад во источниот регион. „Сега може да потврдиме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас што долго ја подготвуваа. Голем дел од руската војска е посветен на оваа офанзива. Без оглед колку руски војници ќе дојдат таму, ние ќе се бориме и браниме секој ден“, рече Зеленски. https://www.youtube.com/watch?v=iHD_6j17wL4

Read More

Вечерва се огласија сирени за опасност од воздушни напади во, речиси, сите региони на Украина, јавува Некста. Исклучок од ова, како што објави медиумот, е регионот на Херсон кој е под руска контрола и Крим.

Read More

Низ социјалните мрежи се шири снимка од момчето Макар кое, како што објави „Украинска правда“, има седум години и потекнува од Мариупол. Момчето на видео записот се наоѓа во разрушена куќа, а „Украинска правда“ наведува дека снимката е иронична порака што тој ја изговорува додека ги покажува рушевините околу себе. „Јас сум Макар. Имам седум години. Ова е мојата куќа. Ви благодарам спасители од Русија што го направивте ова“

Read More

Руската армија вечерва соопшти дека денеска во близина на Лвов, со ракети со висока прецизност, уништила големо складиште со донирано странско оружје, што неодамна ѝ беше доставено на Украина, пренесоа француските медиуми. „Руските воздухопловни сили утрово извршија напад со ракети со „висока прецизност“ врз логистички центар на украинските вооружени сили во близина на Лвов“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Според него, уништени се логистичкиот центар и голем дел од складираното странско оружје што го „испорачаа САД и европските земји во последните шест дена“. „Уништено е складиште за муниција и кај Василково, во Киевската област“, изјави Конашенков.…

Read More

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо објави дека неговиот новороден син починал. Тој и неговата сопруга Георгина Родригез во октомври соопштија дека чекаат близнаци, а португалската фудбалска ѕвезда денеска на Инстаграм објави дека момчето починало. „Со најдлабока тага мора да објавиме дека нашето момченце почина. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Самото раѓање на ќеркичката нѝ дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж. Благодарни сме на докторите и на медицинските сестри на стручната грижа и поддршка“, наведено е во соопштението кое е потпишано од двајцата родители. Тие, воедно, побараа да се почитува…

Read More

Република Македонија го има достигнато еден од највисоките стандарди во Европа во однос на почитување на малцинските права. Именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој е осведочен соработник на фашистичките режими во Хрватска и во Италија, човек чие политичко кредо е политичко насилие и терор, и тоа е забележано не само во Бугарија туку и ширум Европа, значи дека се поткопува и максимата за заедничка историја. За каква заедничка историја зборуваме кога македонската антифашистичка борба и третиот Рајх на Бугарија се две спротивставени страни во историјата. Ова е провокација од Бугарија, изјави поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан…

Read More

Уставот на државава да не се отвора пред почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, изјави вечерва Малинка Ристевска Јорданова, член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ). „Зошто НЕ за отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара од нас и Европската Унија не може да каже. Значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини, туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска официјално му го предаде пополнетиот прашалник за пристапот на Украина во ЕУ и рече дека верува оти потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели. Прашалникот, кој служи како почетна точка за ЕУ ​​да ги започне пристапните преговори, го предаде претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на украинскиот претседател за време на посетата на Киев на 8 април. Украина поднесе барање за членство во Европската унија по почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Процесот на пристапување во ЕУ е сложен и одзема многу време, па…

Read More

Командата на украинските вооружени сили денеска соопшти дека забележала знаци кои укажуваат дека Русија ја започнува очекуваната нова офанзива на истокот на земјата, зголемувајќи го интензитетот на нападите во делови од регионите Доњецк и Харков. Во објава на Фејсбук, Командата на вооружените сили, исто така, наведе дека главните воени сили на Русија се концентрирани на преземање контрола врз целиот регион Доњецк и Луганск. Командата објави и дека во тек се борби во пристанишниот град Мариупол, каде Русија се обидува да го преземе градското пристаниште.

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ѝ додели почесна титула за „херојство“ на 64-та руска моторизирана пешадиска бригада, пренесуваат француските медиуми, додавајќи дека Украина ја обвини воената единица за злосторствата извршени во Буча. „Путин потпиша Декрет со кој ги одликува членовите на бригадата за нивното „херојство, истрајност, одлучност и храброст“, соопшти Кремљ. „Одлучните и вешти акции на членовите на бригадата за време на специјалната воена операција во Украина се пример за извршување на воената задача, храброст, решителност и голем професионализам“, напиша Путин во пораката до војниците. Кремљ не прецизира каде се тие сега, која е нивната мисија или каде се распоредени.…

Read More

Јавноста со право реагира околу името на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, напиша на својот Фејсбук-профил поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, посочувајќи дека Министерството во 2019 година не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. „Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност,…

Read More