Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. „Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Од сѐ срце Ви посакувам празникот на Христовото Воскреснување да го дочекате во добро здравје, исполнети со мир, хармонија, радост и со среќа. Токму во овие празнични денови, инспирирани од Христовата победа над смртта, да ги обновиме и верата и надежта и вдахновени да правиме добри дела и да даруваме безусловна љубов“, се наведува во…
Премиерот Димитар Ковачевски во писмото со честитки по повод празникот Велигден, на бискупот скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија, Киро Стојанов и на сите верници на католичката црква во нашата земја, во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник – Велигден.„Со пораката за воскреснувањето „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ ја славиме и надежта за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда. Со празникот Велигден, ја славиме и победата над сите човечки ситуации на предизвици и искушенија низ кои минуваме денес за да излеземе посилни и подоброи по сите искушенија.…
Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија. На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов… Велигденска воскресна литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед. „Драги браќа и сестри. Велигденскиот пост го започнавме со страшната воена ситуација со нападот над Украина и поголемиот…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои сè уште се борат во Мариупол ќе бидат поштедени, доколку го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време, пренесуваат странските агенции. Русија претходно соопшти дека го исчистила отпорот во сите урбани области во Мариупол. Се додава дека останатите борци во опколениот пристанишен град, за кои Русија вели дека се и украински и странски, се блокирани во фабриката за челик Азовстал. Генерал полковник Михаил Мизинцев, директор на Рускиот национален центар за управување со одбраната, рече дека понудата на Москва е поттикната од „катастрофалната ситуација“ во фабриката, како и…
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска е назначена за нова кординаторка на Форумот на жени на СДСМ. Ја предложи лидерот на владеачката партија, Димитар Ковачевски, а беше избрана на денешната трета седница на Извршниот одбор на местото на досегашната претседателка, Снежана Калеска Ванчева. „Трeнчевска е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, актуелна министерка за труд и социјална политика. Честитки! Во името на сите членови на СДСМ и се заблагодаруваме на досегашната претседателка Снежана Калеска Ванчева за досегашниот ангажман и значаен придонес“, се вели во постот на официјалниот Фејсбук налог на СДСМ.
Македонско-бугарскиот спор е очигледно сензитивна тема во двете општества и побудува голем интерес, многу емоции и различни интерпретации, но она за што деновиве се крева многу прашина во двете земји, всушност е португалскиот предлог кој сè уште е основа за постигнување на договор, појасни министерот за надворешни работи, Бујар Османи. „Јас сум во комуникација со министерката, еве и денеска имавме можност да разговараме и со премиерот. Тоа што јас зборувам за документ е всушност е португалскиот предлог кој сè уште е основа за постигнување на договор и кој што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во…
Никој од македонската влада не учествувал во организацијата за отворање на клубот при бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, ниту, пак, бил поканет да присуствува на свеченоста, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи по посетата на трансформаторската станица „Битола 2“ на МЕПСО, заедно со премиерот на Бугарија, Кирил Петков и шефицата на дипломатијата, Теодора Генчовска. „Тоа беше во организација, мислам на клубот, на бугарската амбасада. Ние не бевме вклучени во тој дел. Повеќе беше иницијатива на амбасадата. Ние учествувавме во презентација на далеководот Битола – Елбасан кој е дел од Коридорот 8 и важен е за инфраструктурното поврзување…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани остварија работна средба со владината делегација од Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска кои денеска пристигнаа во посета на земјава. Делегациите ја посетија трансформаторската станица „Битола 2“ на АД МЕПСО, која енергетски ги поврзува Република Северна Македонија и Република Албанија, и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8. „Оваа инвестиција ќе претставува уште еден капитален енергетски проект, дел од Коридорот 8 , преку кој сите земји ќе имаат бенефит: Република Северна Македонија – да…
Руските сили држат во заробеништво околу 700 украински војници, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук. „Што се однесува до армијата, ние, во принцип, имаме приближен сооднос: имаме повеќе од 700 нивни затвореници, а тие имаат приближно ист број“, рече Верешчук. Таа додаде дека „руските војници зеле повеќе од 1.000 цивили, од кои пола биле жени“. „За жал, има многу наши цивили во заробеништво. Тие заробија над 1.000 луѓе и, за жал, околу 500 од нив се жени. А ние, очигледно, постојано ќе повторуваме дека нема да менуваме војници за цивили, тоа е забрането со Женевските конвенции. Ние нема да го…
Шпанското село Фуентес да Андалузија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со народот на оваа источноевропска земја која е во војна со Русија, пренесуваат странските агенции. Некои од улиците во мирното населено место источно од Севилја, со нешто повеќе од 7.000 жители, се преименувани во „Киев“, „Одеса“ и „Мариупол“. На влезот од селото има табла со боите на украинското национално знаме. „Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина, но и за земјите во кои се води војна во моментот“, рече градоначалникот, Франциско Мартинез. Тој додаде дека неговите сонародници собрале 3.500 евра за…
Германскиот амбасадор во Албанија, Петер Зинграф е категорично против одвојување на Северна Македонија од Албанија во евроинтегративниот процес. Тој за телевизија „Ора њуз“, коментирајќи ја изјавата на премиерот Еди Рама дека доколку во јуни не се отворат преговори за Албанија од земјите од ЕУ ќе бара одвојување од Северна Македонија, нагласи дека Северна Македонија заслужува да се почека, потсетувајќи го при тоа Рама за 2020 година кога „таа сакала да ја почека Албанија“. „За нас беше изненадување фактот што во овој процес се вмеша едно прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија. Во 2020 година, Северна Македонија мораше да ја чека…
Немам информација што има во тој нон пејпар. Имаме само определени шпекулации кои што или ги дознаваме од медиумите или од канали кои што се неофицијални, но тоа се нерелевантни информации кои што доаѓаат до нас, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали како опозиција знаат што точно содржи новиот нон пејпар за преговори со Бугарија. Мицкоски рече дека „се срами од тоа што го прават на граѓаните на Македонија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој, како што рече, прифаќа договор кој веќе еднаш е одбиен. „Навистина се срамам од ова…