Author: Sashko

Германските власти протераа 40 руски дипломати по масакрот во украинскиот град Буча. Аналена Бербок, министерка за надворешни работи на Германија, го образложи потегот како одговор на „неверојатната бруталност на руското раководство и на оние кои ја следат неговата пропаганда“. Украина ја обвини руската војска дека „свесно направила масакр“ во Буча, каде по повлекувањето на руските единици се пронајдени масовни гробници и повеќе стотини тела. Новинарите на „Франс прес“ во саботата во Буча пронајдоа тела на најмалку 20-тина мажи во цивилна облека расфрлани по улиците и тротоарите. „Сите тие луѓе се убиени со куршум во глава“, рече Анатолиј Федорук.

Read More

Русите се подготвуваат за заземање на Харков, вели портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Александар Мотузјаник. Тој наведува и дека „непријателот има намера да ги опколи украинските сили“, пренесуваат украинските медиуми. „Главните напори на непријателот беа насочени на подготовките за продолжување на офанзивните операции со цел да се опколат сојузничките сили и да се заземе градот Харков“, рече Мотузјаник. Според него, Русија продолжува да користи оружје со висока прецизност за уништување на критичната инфраструктура на Украина и презема мерки за формирање и преместување дополнителни единици од Источниот и Централниот воен округ за учество во воените дејствија.

Read More

„Потребна ни е годишна вакцина и интензивно работиме на тоа“, вели извршниот директор на „Фајзер“, Алберто Бурла во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Бурла објаснува дека повторувањата на дозите се заморни за луѓето и го намалуваат нивото на вакцинација. „Во овој момент, во средина со „Омикрон“, не е сигурно дека имунитетот од постоечката вакцина ќе трае една година, дури и по четвртата доза. Не е сигурно ниту за новата вакцина која ќе ги покрие сите мутации. Но, знаеме што можеме да направиме за да создадеме годишна вакцина. И на овој дел работиме многу интензивно“,…

Read More

Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вечерва ќе бидат во Министерството за финансии на разговори околу синдикалните барања за зголемување на платите. „Денеска ќе работиме во министерството каде што се крои буџетот, очекуваме добра сума што ќе ни ја понуди Владата преку Министерството за финансии, сума која нема да можеме да ја одбиеме. Значи конструктивен предлог, предлог што ќе го понудиме на членството, па тоа како ќе одлучи. Тоа се 18,4 проценти сега и дополнително усогласување на почетната плата односно минималната плата со колективните договори“, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред средбата во МФ. По…

Read More

Најголемата придобивка од членството на земјава во НАТО е сигурноста и безбедноста што граѓаните на нашата држава денес ја чувствуваат, можат мирно да се разбудат, и да знаат дека се дел од големото семејство кое, пред сè, претставува политички и воен безбедносен сојуз, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. „Стратешката цел, членството во НАТО, е исполнета. Граѓаните денес веќе ги чувствуваат придобивките од тоа наше членување. Тоа го потврдија последните случувања на европското тло од безбедносен аспект. Она што се случува во Украина, кое што ние цврсто и силно го осудивме и како земја, но и како дел од НАТО…

Read More

Суверените и независни членките на НАТО се обединети во група што споделува заеднички идеали за заштита на своите граѓани, почитување на соседите и осигурување на стабилна иднина за цела Европа, а посветеноста кон тие принципи на Северна Македонија, со која Алијансата само се засили, без сомнение е силна, истакна американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз во видео обраќање по повод одбележувањето на 4 април – Денот на НАТО. „Како рамноправни партнери, горди сме што стоиме обединети со Северна Македонијна и со секој НАТО сојузник во желбата да живееме во мир со сите народи и влади“, нагласи Брнз на настанот…

Read More

Шефицата на Обединетите Нации (ОН) за човекови права, Мишел Башеле повика на независна и ефикасна истрага за случувањата во украинскиот град Буча. „Од витално значење е да се вложат сите напори за да се обезбеди независна и ефикасна истрага за одговор на прашањето што се случило во Буча и да се обезбеди вистина, правда и одговорност, како и репарација и правен лек за жртвите и нивните семејства“, наведе таа во пишана изјава. Таа истакна дека е „ужасната од фотографиите со мртви цивили како лежат на улица и во импровизирани гробници“. Додаде дека „извештаите од оваа и други области покренуваат сериозни…

Read More

„Би-Би-Си“ пренесува дека тимови на Црвениот крст и натаму не можат да пријдат до Мариупол за да овозможат евакузација на цивилното население. Тие безуспешно се обидуваат со денови да пријдат до опколениот град за да ги следат автобусите со цивили до териториите под контрола на Владата. Десетици илјади луѓе остануваат заробени и живеат во недостаток на храна, на вода и на струја по повеќенеделното бомбардирање. Некои приватни автомобили и автобуси успеаја да заминат кон Запорожје каде сè уште се прифаќаат бегалци.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, местото од кое веќе неколку дена пристигнуваат снимки и фотографии од тела на убиени цивили на улиците. Тој кратко разговараше со новинарите кои го следеа, велејќи дека е „многу тешко да се преговара со Русија по масакрот што го извршија руските сили во Буча“. „Масакрот во Буча ја покажува природата на руската армија“, рече Зеленски, додавајќи дека „тие се однесуваат со луѓето полошо од животните“. Тој предупреди дека ситуацијата ќе се влошува „колку повеќе Руската Федерација ги одложува преговорите со Украина“.

Read More

Двата главни аеродромa во Белгија се казнети со вкупно 300.000 евра, бидејќи недозволено им мереле температура на патниците за време на кризата со ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Одлуката е на белгиското тело за заштита на личните податоци (АПД) од каде денеска соопштија дека аеродромот во Брисел е казнет со 200.000 евра, а аеродромот во Шарлроа со 100.000 евра, затоа што мерењето на телесната температура на патниците се правело без никаква правна основа и со тоа било нелегално. Аеродромите во Белгија ја донесоа оваа одлука во рамките на борбата за спречување на ширење на вирусот ковид-19. 

Read More

Околу 99 отсто од светската популација дише воздух што ги надминува границите за квалитет на Светската здравствена организација (СЗО), а луѓето во земјите со низок и со среден приход се најмногу изложени на загадување, покажува најновата база на податоци на агенцијата на Обединетите Нации (ОН). Извештајот на агенцијата вклучува податоци за загадувачите на воздухот, како што се честичките и азот диоксид, кои се наоѓаат во емисиите на фосилни горива и се виновни за некои респираторни и срцеви заболувања меѓу 2010 и 2019 година и опфаќа повеќе од 6.000 градови во 117 земји. Најмалку седум милиони луѓе годишно умираат од загадениот…

Read More

Русија нема веднаш да ја запре испораката на енергенси за „непријателските земји“ кои нема да плаќаат во рубљи, согласно новиот декрет на рускиот претседател кој стапува на сила денеска. „Вчера добив многу прашања за тоа дали ќе има прекин во испораките на плин на 1 април, ако нема плаќање во рубљи. Не, нема да има прекин и тоа не е последица од декретот“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека плаќањата за денешните испораки на енергенси се превидени за крајот на април или почетокот на мај.

Read More