Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Делегациите на Русија и на Украина пристигнаа во Долмабахче, на Босфор во Истанбул, во кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Обете страни се сместени на долга маса и свртени се едни кон други. Пред почетокот на четвртата рунда на преговори им се обрати Ердоган кој доби силен аплауз. https://www.youtube.com/watch?v=nyIgd36hCnM Ова се првите разговори меѓу Русите и Украинците по пауза од две недели, но очекувањата за напредок во преговорите се мали.
Никој во Русија не ја разгледува идејата за употреба на нуклеарно оружје, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американски „Пи-Би-Ес“. Тој одговори негативно на прашањето „дали претседателот Владимир Путин претходно сугерирал за употреба на руското атомско оружје“ во случај на вмешување на трета страна во конфликтот во Украина. Песков, патем, го повтори ставот на официјална Москва за употреба на нуклеарниот арсенал само во случај на закана по опстанокот на Русија. „Но, било каков исход на операција во Украина, секако, не е причина за користење на нуклеарно оружје. Имаме безбедносен концепт кој јасно кажува дека само во случај…
Авион и влезница за натпревар на сметка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), хотелско сместување на сопствена сметка. На тој принцип, односно како ВИП гости во чартерот на ФФМ за Палермо, патувале обвинителката Фатиме Фетаи, министерот за правда Никола Тупанчевски, судијата и поранешен член на Управниот одбор (УО) на Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ), Лазар Нанев, поранешниот градоначаник на Охрид, Никола Бакрачески, актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко и екс премиерот Владо Бучковски, пренесуваат медиумите. Истиот статус го имале и во ложата на „Ренцо Барбера“. Дел од нив за медиумите изјавија дека во Палермо биле во сопствена режија, а само…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветар од јужен правец. Утринските температури ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, а дневните од 14 до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 18 степени. Во среда ќе се задржи суво, но претежно облачно време. Од четврток ќе дува засилен јужен ветар и ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни. Во петок и во сабота во попладневните часови…
Руската инвазија досега ја чини Украина 564,9 милијарди долари, изјави украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, додавајќи оти мисли на направените штети на инфраструктурата, загубениот економски раст и друго. „Околу 8.000 километри улици и патишта и 10 милиони квадратни метри на станбени објекти се оштетени или уништени како резултат на борбите“, вели Свириденко.
Поединци кои ја истакнуваат буквата Z во Германија како симбол за поддршка на руската војна во Украина би можеле да бидат обвинети, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи. „Буквата Z како таква, се разбира, не е забранета, но нејзината употреба во поединечни случаи може да претставува одобрување на руската воена агресија“, истакна тој. Буквата Z се користи како ознака на руските воени возила што учествуваат во конфликтот и усвоена е од Русите кои ја поддржуваат војната, при што е истакната на знамињата и на митинзите за поддршка на Кремљ. „Руската агресивна војна врз Украина е криминален чин и…
Украинскиот весник „Киев пост“ објави дека пропаднал нов обид за атентат на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Весникот пишува дека недалеку од границата со Словачка и Унгарија е уапсена воена група од 25 лица предводена од руски специјални служби. „Киев пост“ тврди дека целта на групата била да го ликвидира Зеленски. Украинците веќе во неколку наврати тврдеа дека имало обид за атентат врз Володимир Зеленски.
Москва протера тројца словачки дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, како одговор на потегот на Братислава да протера тројца руски дипломати поради шпионажа овој месец. Руското министерство соопшти дека го повикало амбасадорот на Словачка во Москва и му соопштиле дека тројца дипломати сега се персона нон грата „како одмаздничка мерка“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија ги разгледува моделите за плаќање на рускиот гас со рубљи и дека нема да ѝ испорачува гас на Европа бесплатно. „Процесот на испорака е сложен. Сега се разгледуваат сите модели“, изјави Песков пред новинарите, додавајќи дека ќе бидат јасно одредени сите временски рокови. Запрашан што ќе се случи ако Европа одбие да плаќа во рубљи, Песков истакна дека проблемите ќе се решаваат кога ќе се појават. „Нема да испорачуваме гас безплатно. Тоа е сигурно и тоа може да се каже со апсолутна увереност“, додаде Песков. Тој потврди дека Русија ќе почне да…
Украинските војници во составот на КФОР се подготвени за враќање дома по наредбата на претседателот Володимир Зеленски за итно повлекување на сите војници на Украина од мировните мисии ширум светот, објави порталот Балканска безбедносна мрежа (ББМ). Зеленски ја издаде наредбата за повлекување на украинските мировни сили на 7 март, но командата на мировната мисија на Косово објави дека украинскиот контингент, сепак, ќе остане во земјата. Мрежата на својата интернет страница balkansec.net, повикувајќи се на медиумиуте во Приштина, наведе дека неименуван офицер на КФОР рекол оти „Украинците ќе продолжат со својата мисија на Косово“. По повеќенеделно одложување, „тешката ситуација по украинската…
Руското Министерство за правда го додаде „Дојче веле“ на листата на странски агенти, објавено е денеска на веб-страницата на Министерството. Како што се наведува, руското Министерство за правда го вклучи „Дојче веле“ во својот регистар на странски медиуми кои имаат функција на странски агент, пренесува агенцијата ТАСС. Руските власти на 3 март ја одзедоа акредитацијата на „Дојче веле“, како одговор на одлуката на официјален Берлин да го забрани емитувањето на рускиот канал РТ бидејќи немал соодветна лиценца.
Во Германија е забележано зголемување на бројот на кражби на горива на бензинските пумпи. Тенденција на пораст на случаите на кражби на горива е регистрирана и минатата година, односно и пред драстичното зголемување на цената на дериватите поради кризата во Украина. Германското списание „Билд“ објави податоци дека лани во земјата се регистрирани 5.800 случаи на кражби на горива, што е за 70 проценти повеќе во споредба со 2020 година. Независно што, речиси, сите бензински пумпи во Германија се покриени со постојан видео-надзор, се поголем е бројот на возачи што се дрзнуваат да го наполнат резервоарот на своето возило и да…