Author: Sashko

Украина упати повик до Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) да ја прогласи нуклеарната централа „Чернобил“ за специјална безбедносна зона, јави агенцијата ДПА. Весникот „Украинска правда“ ја пренесува изјава на вицепремиерката, Ирина Верешчук, која вели дека меѓународната мисија би ја презела контролата врз областа на нуклеарната централа. „Неодговорните и непрофесионални активности на руските трупи претставуваат сериозна закана, не само за Украина, туку и за стотици милиони Европејци. Затоа го повикуваме Советот за безбедност на ОН да преземе итни мерки за демилитаризација на забранетата зона на нуклеарната централа „Чернобил“ со распоредување специјална мисија на ОН во регионот“, вели украинската вицепремиерка…

Read More

Во земјава има вкупно 2.041 активни случаи на ковид-19 од кои најголем дел во главниот град – 1.152. Во меѓувреме продолжува и карванот за промоција на вакцинацијата против коронавирусот во рамки на кој денеска се предвидени активности во Липково, а утре во Арачиново. Во однос на статистиката на новозаболени, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 188 случаи, од 2.245 направени тестови. Вчера, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), починаа три лица, а оздравеа 119 пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 милиони тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа што ќе се одржи во Софија. „Состанокот е на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, а покрај македонскиот премиер, ќе присуствуваат и премиерите на Романија и на Црна Гора, Николае Чука, односно Здравко Кривокапиќ“, соопшти службата за информирање на бугарската Влада. На состанокот ќе се дискутира за влијанието на војната во Украина врз регионот, а шефовите на владите ќе разменат мислења и за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, на енергетиката и на економијата на краток, долг и среден рок. Акцент…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно, a попладне во југозападните делови од земјата со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од -1 до 5 степени, а дневните ќе достигнат од 13 до 20 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 19 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Од четврток до сабота се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, a ќе дува и засилен…

Read More

Од последната наша средба пред пет години, не сум се видел со Никола Груевски, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. „Ниту блиц, ниту криц. Со Никола Груевски не сум имал никаков контакт, ниту директен, ниту индиректен, во последните пет години“, рече Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?reload=9&time_continue=65&v=_NSIyvgQAH0&feature=emb_logo

Read More

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска најавува процес на креирање на антикорупциски политики во спортот, со цел системски да се санкционира корупцијата во таа сфера и воопшто да се подигне свеста во општеството за ова прашање. „Сите сме свесни дека корупција во спортот постои и најчесто, за жал, млади и талентирани спортисти заради такви работи не можат да излезат на површина и не можат да имаат природен развој на талентот и успех во кариерата. Токму од тие причини, ние сериозно ќе се посветиме на активности во креирање на антикорупциски политики во спортот. Благодарение на соработката со UNODC…

Read More

Шведската Влада објави дека од 1 април се укинува забраната за влез во државата за граѓани на земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ). Тоа значи дека ќе се укине задолжителните вакцинален сертификат или потврда за примена вакцина против ковид-19. „Ја укинавме забраната за земјите-членки на ЕУ, а сега Владата одлучи да ја укине забраната и за земјите кои се надвор од европскиот блок“, изјави министерот за правда, Морган Јохансон. Забраната за влез на граѓани надвор од ЕУ беше воведена во март во 2020 година и постојано се продолжуваше до 31 март. Ковид-19 во Шведска од 1 април…

Read More

Градскиот совет на Мариупол тврди дека руските сили го уништиле центарот за рехабилитација за деца во пристаништниот град на југот на Украина. „Окупаторите го нападнаа детскиот центар за рехабилитација во Мариупол. Тоа беше модерна медицинска установа, која беше отворена по реконструкцијата пред само една година“, соопшти Советот.

Read More

Развиорени знамиња, шалови, зурли, тапани, навивачки реквизити и скандирање. Македонија ги дочека своите фудбалски херои. Неколку илјади граѓани попладнево се собраа кај порта „Македонија“ да ги отпоздрават „црвено-жолтите“ кои им приредија ноќ за паметење во четвртокот со сензационалниот триумф над Италија, во Палермо, со 1:0 во квалификациите за Светското првенство. Репрезентативците ги делат 90 минути до Катар во кои во вторник на „Драгао“ во Порто ќе мора да ја пресликаат трпеливоста од стадионот „Ренцо Барбера“ и да демнат шанса за скалп и на „европските Бразилци“, односно Португалците, кога веќе го имаат в џеб на актуелниот европски првак. Автобусот со македонските…

Read More

Сојузниците во НАТО и САД прават планови во случај Русија да нападне некоја територија на Алијансата, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Зборувајќи за военото снабдување на Украина од Запад, Саливан истакна дека се разгледуваат можности за одговор во случај Русија да нападне територија на НАТО, токму поради тоа што Украина се вооружува оттаму или поради кој било друг контекст. Саливан нагласи дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да одговори одлучно, заедно со другите членки на НАТО, во случај Русија да нападне.

Read More

Опколениот пристаништен град Мариупол и натаму е под контрола на украинските сили, изјави високиот функционер на украинската безбедност, Олексеј Данилов. „Мариупол се држи и никој нема да го предаде“, изјави Данилов, цитиран од британските медиуми. Вицепремиерката Ирина Верешчук денеска соопшти дека украинските власти се надеваат оти дел од заробените цивили во градот Мариупол, што е под руска опсада, ќе можат да се евакуираат со приватни автомобили.

Read More

Вработените во постројката за радиоактивен отпад во нуклеарната централа „Чернобил“, која е под контрола на Русија, веќе четири дена не се ротирани. „Украина не може да соопшти кога ќе биде направена смена, поради борбите во градот во кој живеат повеќето од вработените“, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Украина денеска ја информираше МААЕ дека немало ротација на техничкиот персонал во Чернобил од 21 март и дека не знае кога би можела да биде следната смена, се вели во соопштението на МААЕ.

Read More