Author: Sashko

Русија од 16 септември повеќе нема да биде договорна страна на Европската конвенција за човекови права, бидејќи неодамна беше исфрлена од Советот на Европа поради инвазијата врз Украина. Комитетот на министри на Советот на Европа денеска усвои Резолуција со која се потврдува дека Русија ќе престане да биде дел од Европската конвенција за човекови права по истекот на шест месеци од исклучувањето од таа организација. Согласно Резолуцијата што беше усвоена вчера, Европскиот суд за човекови права до 16 септември годинава ќе ги разгледа тужбите против Русија во врска со наводните прекршувања на Конвенцијата, соопшти Советот на Европа. Комитетот на министри…

Read More

Руската новинарка Оксана Баулина загина при денешното бомбардирање на Киев. Оксана Баулина работеше за независниот руски портал „Инсајдер“, кој најмногу известувал за корупција во владата во Москва. Таа загина при гранатирање додека снимала уништување на еден трговски центар. Покрај Баулина, во нападот загина уште едно лице, а две се повредени.

Read More

Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос на одлуката од 22 март. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), исто така, се зголемува за 2,50 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 денари по килограм. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува…

Read More

Русија реши да ги протера американските дипломати како одмазда за протерувањето од Вашингтон на 12 членови на руската дипломатска мисија во Обединетите Нации на почетокот на март, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Нотата со список на американски дипломати кои се прогласени за непожелни лица е предадена денеска, 23 март, на службеник на американската мисија кој беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, се наведува во соопштението.

Read More

Во гранатирањата на Харков, вториот по големина град во Украина, досега се уништени над 1.000 станбени згради, изјави градоначалникот Игор Терехов. Градот, кој се смета за клучна цел на руските напаѓачки сили и претрпе неколку недели тешки напади, се наоѓа на само 30 километри од руската граница. Терехов го откри обемот на штетата, известувајќи за вкупно 1.143 уништени згради во рускиот погром, од кои 998 се станбени згради.

Read More

Германија го опиша барањето на рускиот претседател Владимир Путин за плаќање на енергенсите во рубљи како „раскинување на договорот“. Путин истакна дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и во евра за испорака на гас за Европската Унија (ЕУ). „Таквото барање „значи раскинување на договорот“. Сега ќе разговараме со нашите европски партнери како ќе одговориме на ова барање“, изјави министерот за економија, Роберт Хабек на прес-конференција во Берлин. Владимир Путин денеска најави дека Русија нема повеќе да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за ЕУ, давајќи им на руските власти една недела да изготват…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг би можел да остане на функцијата подолго од планираното, така што нема да биде гувернер на норвешката Централна банка на крајот на годината, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. „Се подготвуваме за ситуацијата Јенс Столтенберг да остане подолго на чело на НАТО. Не знаеме колку долго би можело да биде, една или две години“, изјави портпаролот на норвешкото Министерство за финансии. Столтенберг, претходно денеска, на прашањето дали ќе остане во НАТО, истакна дека таква одлука треба да донесат земјите-членки на Северноатлантската алијанса.

Read More

Кремљ потврди дека пратеникот на Владимир Путин за контакти со меѓународните организации, Анатолиј Чубајс поднесе оставка. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да одговори дали Чубајс ја напуштил земјата, велејќи дека тоа е негова приватна работа, пренесува „Асошиејтед прес“. „Блумберг“ претходно објави дека Чубајс, архитектот на приватизацијата во Русија во 90-тите години од минатиот век, поднел оставка и ја напуштил земјата за што како причина наведе противење со војната на Путин во Украина. Рускиот весник „Комерсант“ објави дека 66-годишниот Чубајс се наоѓа во Истанбул. Чубајс извршуваше бројни високи функции во Русија во изминатите три децении, меѓу кои и прв потпретседател…

Read More

Почина Медлин Олбрајт (84), првата жена на функцијата државен секретар на САД, која помогна во водење на надворешната политика на Западот против Студената војна. Веста за нејзината смрт е потврдена во електронска пошта пратена до персоналот на „Олбрајт Стоунбриџ груп“, глобална стратешка фирма што таа ја основаше. Олбрајт беше централна фигура во администрацијата на претседателот Бил Клинтон, прво служејќи како амбасадор на САД во Обединетите Нации пред да стане врвен дипломат во неговиот втор мандат. Таа се залагаше за проширување на НАТО, се залагаше за алијансата да интервенира на Балканот за да се запре геноцидот и етничкото чистење, се стремеше…

Read More

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко го напушти градот, но останува во „постојан контакт“ со властите за да помогне во спасувањето на цивили, соопшти локалниот совет. Клучниот пристаништен град е важна мета за руските сили и се наоѓа под секојдневни напади од почетокот на инвазијата.

Read More

„Советниците на рускиот претседател Владимир Путин се наоѓаат на раб, бидејќи војната на Русија со Украина се претвори во дебакл, откако руските војници се соочени со посилен украински отпор одошто очекуваа“, изјави Андреј Солдатов, руски истражувачки новинар и стручњак за руските воени и безбедносни служби, за „Њујорк тајмс“. „Изгледа дека на работ се сите“, вели Солдатов. Солдатов нагласи дека „руските воени неуспеси во едномесечната војна со Украина почнаа да ги откриваат „пукнатините“ во руското водство“, пренесува „Бизнис инсајдер“. Украинскиот отпор во голема мера го забави напредувањето на руската војска, а руските сили од тогаш ги засилија нападите врз повеќе градови…

Read More

Израел не ѝ дозволи на Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ на израелската компанија НСО Груп поради стравување дека продажбата на таква софистицирана хакерска алатка ќе предизвика гнев во Русија, објави денеска лондонски „Гардијан“. Заедничкото истражување на британскиот весник и американски „Вашингтон пост“ дава нов увид во односите на Израел со Русија, но и како Тел Авив повремено ги поткопува офанзивните способности на Украина и се спротивставува на приоритетите на САД. Според експертите од 2019 година, украинските власти се обидуваат да го убедат Израел да им даде дозвола за користење на шпионски софтвер „Пегаз“. Украина беше одбиена од НСО…

Read More