Author: Sashko

На социјалните мрежи се појави видео материјал од разурнатиот украински град Мариупол кој е снимен со дрон. Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ). I’ve been trying to avoid posting images of the destruction in Ukraine but this obliteration of Mariupol by the Russian troops needs to be out there. 90% of the city is gone. Duda said it looks like Warsaw in 1944 and it does. pic.twitter.com/G1tRZzhMF0 — Bakhti Nishanov (@b_nishanov) March 23, 2022 „Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде…

Read More

Американската министерка за енергетика, Џенифер Гранхолм изјави дека САД работат на зголемување на производството на нафта и извоз на „секоја молекула“ природен гас во Европа, со цел да се намали зависноста на европските земји од руската енергија. „Веќе го одобривме ослободувањето на стратешките резерви на нафта за да го стабилизираме пазарот. САД ја извезуваат секоја молекула на течен природен гас за да го ублажат недостигот на резерви во Европа. Администрацијата на Бајден ја повика американската нафтена индустрија да го зголеми производството за да ги задоволи моменталните потреби“, истакна Гранхолм. Вашингтон воведе забрана за увоз на руска нафта и други извори…

Read More

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД имаат индиции дека Украинците се тргнати во неколку контранапади. Тој истакна дека украинските сили на југот на земјата, во близина на градот Херсон, се обидуваат да ја вратат територијата. „Тие се бранат многу паметно, вешто и креативно на места за кои веруваат дека се вистински за одбрана. И сега видовме дека на југ, во близина на Херсон, тие се обидуваат да ја вратат територијата, наведе Кирби.

Read More

Елисејската палата соопшти дека прмирје не е на повидок во Украина по одвоените телефонски разговори на францускиот претседател Емануел Макрон со неговите колеги од Украина и од Русија, Володомир Зеленски, односно Владимир Путин. „Засега мема договор, но претседателот е убеден оти е потребно да продолжи со обидите“, се наведува во соопштението од Елисејската палата. Разговорот меѓу Макрон и Путин траел еден час. Денешниот разговор меѓу двајцата државници е осми од почетокот на руската инвазија врз Украина. Францускиот претседател од 24 февруари разговараше 17 пати со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Read More

Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус. Никому нема да му служи ако оди по принципот на надгласување или условување. Тоа е ултиматум. Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, изјави вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери во дебатната емисија „Објектив“ на МРТВ1. „Проблемот не е во изборниот систем. Зошто политичките партии не излегуваат сами и да се мери секој колку поддршка има. Не е проблемот во шесте изборни единици, проблемот е во поддршката. Една коалиција, друга, трета и на крај за една година се распаѓаат скоро сите коалиции“, рече Џафери. Според него,…

Read More

Одредени политички партии и центри се занимаваат со пласирање на лажни вести со цел да креираат паника и на таков начин, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Во гостување на дебата на ТВ 24, Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто храна и нафтени деривати има. Контролите во маркетите ќе продолжат, најави Бектеши, додавајќи дека секој граѓанин во секое време може да пријави недоследности и непочитувања на владините мерки на телефонскиот број 191. Според него, земјава најдобро се справи со енергетската криза. „Залихи на граѓаните…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од Мариупол не останало ништо додека официјален Киев апелира до Москва да дозволи евакуација на цивилите од опколениот град. „Таму повеќе не остана ништо. Само урнатини“, рече Зеленски во видео обраќање пред италијанскиот парламент, пренесе „Би-Би-Си“. Мариупол, кој важи за клучна стратешка мета на Москва, издржа повеќенеделно руско ракетирање. Официјални лица нагласуваат дека жителите останале без вода за пиење, без храна, без лекови и без струја. Според Зеленски, претставници на Мариупол истакнале дека руските сили фрлиле две големи бомби врз градот, но не изнеле детали за жртви и причинета штета. „Уште еднаш е јасно…

Read More

Источниот брег на Тајван го погоди земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е во градот Тајтунг, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот бил на длабочина од 30,6 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Тајпеј.

Read More

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење. Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе агенцијата ТАСС. Тој истакна оти никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и оти целата кампања сè уште се планира. Запрашан за нуклеарното оружје, што постојано му се поставува како прашање од почетокот на руската инвазија, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.

Read More

Цената на бензините и на дизелот останува иста, само Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 останува со цена од 79 денари за литар, Еуросупер БС-98 со цена од 81 денар за литар и дизелот со цена од 77 денари за литар. Останува иста и цената на мазутот – 52,354 денари за литар. Со најновата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повторно ги отфрли повиците за бојкот на снабдувањето со руска енергија по нападот на Русија врз Украина. Шолц изјави дека санкциите воведени кон Русија веќе се одразуваат на нејзината економија и дека секој ден ќе биде сè подраматично. Според него, санкциите се дизајнирани на долг рок да бидат толерантни за оние кои ги воведуваат и затоа ставот на Германија за енергетски бојкот останува непроменет. Шолц додаде дека Германија работи на диверзификација на снабдувањето со енергија и дека, иако ќе биде потребно време, на крајот ќе го има истиот ефект како и бојкотот. Европските земји секој…

Read More

Едно лице загина во напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Киев, објавија западните медиуми, додавајќи дека цел на неколку дронови „камикази“ била зградата на Националната академија на науките. Спасувачките екипи пронашле човечко тело во воена униформа во седумкатница од која сè уште излегува чад. Украинските војници, кои се присутни во тој дел на Киев, пријавиле напад со беспилотни летала на руската армија и тврдат дека собориле еден дрон. Неименуван воен претставник изјави дека станува збор за летала „Орли“, додавајќи дека три лица се убиени. Сепак, веста за тројцата смртни случаи не е потврдена од други извори. Во Киев…

Read More