Author: Sashko

Познатата канадска пејачка Селин Дион објави дека го откажува остатокот од светската турнеја, „поради сериозни здравствени проблеми“, пренесе „Си-Ен-Ен“. Станува збор за вкупно 16 откажани концерти. Се надевав дека ќе закрепнам, но изгледа дека морам да бидам потрпелива и да го следам режимот што ми го препорачаа лекарите, напиша Дион на својот интернет-простор, додавајќи дека со нетрпение го чека мигот кога повторно ќе се сретне со своите обожаватели. Пејачката изјави дека се опоравува од тешките и постојани грчеви во мускулите, кои ѝ пречеле за време на настапите. Поради истиот здравствен проблем, таа го откажа и својот настап во Лас Вегас во октомври 2021…

Read More

Ми беше чест и задоволство да ви служам во изминатите четири години. Заедно минавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата. Одново да се бориме за секој живот и да се грижиме за здравјето на секој пациент, се вели во обраќањето на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Но, и покрај сите предизивици со глобалната ковид-криза, успеавме да направиме темелни промени во здравството и да реализираме инвестиции на кои сум навистина горд. Го вративме достоинството и мотивацијата на…

Read More

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување Зоран Заев на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, нему и на министрите им посака успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски му се заблагодари на неговиот претходник Зоран Заев за исклучително позитивните остварувања во претходните два мандати и за поддршката во процесот на формирањето на новата Влада. https://youtu.be/R46-NiZcyu0?t=48

Read More

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен. Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Република Северна Македонија Господине Кирил Петков, министер претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија, на самиот почеток, како дипломец на „Колумбија“ и на „Харвард“ и како бизнисмен, сакам да ги поздравам Вашите изјави со кои најавувате нов пристап спрема решавањето на споровите меѓу нашите две држави. Тоа е значаен напредок затоа што претходниот пристап ја доведуваше мојата држава во…

Read More

Силно снежно невреме го погоди источниот дел на САД, поради што дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Повеќе од 200.000 домаќинства во Џорџија, во Северна и во Јужна Каролина останаа без струја. Властите ги предупредија граѓаните да се воздржат од патување поради лошите временски услови. Откажани се 3.000 летови, а 8.000 авиони полетале со доцнење. Снежното невреме стигна и до Канада, каде за само неколку часа паднаа 20 до 40 сантиметри снег.

Read More

Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го користи православниот идентитет за да ги унапреди своите геополитички интереси. Портпарол на Стејт департментот рече дека „Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за да ги задоволи сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени православни цркви и други лидери, притоа поткопувајќи ги другите религии“. Тој, исто така, ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи, додавајќи дека „заштитата на слободата на религијата или верувањето, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД“.…

Read More

Најстудено утрово е во Берово со -10 степени и во Скопје и во Битола со -8 степени. Во Крива Паланка, во Демир Капија и во Струмица се измерени -7 степени, во Тетово, во Прилеп, во Штип и во Куманово -6 степени, итн. Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 36 сантиметри, во Маврово 13 сантиметри, а во Крушево 7 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за канадскиот телевизиски канал СВС ги објасни клучните позиции на Алијансата во однос на односите со Русија. НАТО не може со сигурност да каже какви се намерите на Русија во ситуацијата околу Украина. Може да има промена во плановите. Значи постојат шпекулации за ова прашање, но нема гаранции. Знаеме за значително зголемување на руската војска, распоредување на десетици илјади војници и тешка опрема. Слушаме и многу заканувачки реторики, истакна Столтенберг одговарајќи на прашањето колку е сериозна заканата од руска инвазија на Украина. Тој нагласи дека „НАТО никогаш нема да се согласи да ги повлече…

Read More

Од почетокот на јануари 2022 година до вчера, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент. Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи на ковид-19 од направени 6.141 тестови или 21,9 проценти. Од вкупниот број на позитивни 1.348, регистрирани се 145 реинфекции. За претходните 24 часа беа пријавени осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информираше вчера Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Досега во земјата се…

Read More

Германската министерка за Европа, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.

Read More

Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се изврши примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Во експозето пред пратениците, Ковачевски рече дека фокус на владината програма се граѓаните, економијата и справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот. Расправата за избор на новата влада…

Read More

Вакцинацијата на светското население против коронавирус драстично заостанува зад предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску до постигнување на овие цели, истакна Гутереш. Тој нагласи дека „ширењето на омикрон варијантата е мрачен потсетник дека борбата против коронавирусот мора да биде висок приоритет за светот“. „Сите земји и производители треба да постават приоритет да се обезбеди испорака на вакцини за земјите во развој…

Read More