Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Со меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата попладнево продолжи собраниската седница за Информацијата од Владата по Предлог преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија (ЕУ). Меѓу многуте пратеници од говорницата беше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој на претседателот Талат Џафери му порача „за последен пат да му мафта со прст“. „Претседателе Талат Џафери, прв и последен пат да ви биде со прст да ме карате, оти јас не сум ви дојден дома. Вие тука сте прв меѓу еднаквите и како таков не треба да го узурпирате столчето на коешто седите. Ако имате реплика…
Владата јавно ги осудува крајно нецивилизираните напади и навредите искажани во Собранието од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кон високи претставници на Европската Унија. „Најостро го осудуваме говорот на омраза којшто деновиве опозицијата упорно го шири и се обидува да го наметне во јавноста од собраниската говорница, но и од блокадите и протестите на улица. Главната цел на овие срамни и ниски напади е да го попречат патот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес“, соопшти владината прес-служба. Позициите на Владата се јасни и, како што се наведува, цврсто сме решени да станеме дел од европското семејство каде што и припаѓаме, штитејќи…
Полицијата денеска заплени над 200 килограми марихуана во голема полициска акција во Кочани. Полициска акција сè уште е во тек, а детали од МВР најавуваат за утрешниот ден. Според првичните проценки, вредноста на дрогата е близу половина милион евра.
„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа“, објави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска на Твитер. Фон дер Лајен, заедно со пораката, го ретвитна и делот од своето вчерашно обраќање во Скопје, каде пред пратениците во Собранието порача „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам“. Портпаролката на ЕК, Дана Спинант претходно денеска одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик. Одговарајќи на новинарско прашање, Спинант рече дека вчера претседателката на ЕК,…
Министерството за внатрешни работи (МВР) го обезбеди и третиот пиштолџија од инцидентот кај плоштадот „Секндербег“ за време на еден од минатонеделните протести против модифицираниот француски предлог за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“. Полицијата претходно приведе две лица за користење на огнено оружје-пиштоли во споменатиот инцидент, за разлика од третиот кој употребил т.н. светлосен пиштол. Обвинителството соопшти дека за време на инцидентот меѓу група граѓани кај „Скендербег“ од една страна, со учесници во протестите против францускиот предлог од друга страна, сега осомничениот „извадил пиштол за светлосно-звучна сигнализација марка „EKOL Arаs Magnum” и испукал еден…
На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери објави пауза од еден час. Седницата ќе продолжи во 17:55 часот. Втор ден во Собранието се одвива дебата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ), предложена од страна на француското претседателство со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година. Расправата и попладнево поминува на ист начин како и вчера. Се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има…
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 43-годишно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „тешка телесна повреда“ (квалифицирана со смрт) од чл. 131, ст. 4, в.в.ст.1 од Кривичниот законик. Како што информира ЈО, осомничениот на 8 јули, во вечерните часови, во тоалетот на казино во Велес, му нанел тешко телесни повреди на лице на возраст од 48 години. Како последица од нанесените повреди оштетениот починал. „Осомничениот го забележал оштетениот како игра на еден од апаратите во казиното, дошол до него и започнал вербална расправија. Потоа го однел во тоалетот каде физички…
Четири лица се приведени за време на денешните протести пред Собранието против модифицираниот француски предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската унија (ЕУ), потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Еден час по почетокот на протестот, дел од демонстрантите меѓу двете заштитни огради пред Собранието почнаа да фрлаат со јајца и ролни тоалетна хартија. По трошење на „арсеналот“, продолжија со пеење на патриотски песни и скандирања против преговарачката рамка. По фрлањето со јајца кон Собранието, следуваше перформанс на членови или симпатизери на Левица во кој неколку лица правеа отпечатоци на асфалтот со црвена боја на рацете…
Централниот одбор на ДОМ, на вечерашната седница, донесе одлука да не го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ. „Остануваме доследни на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ, согласно европските и зелените вредности“, се вели во соопштението на ДОМ. Централниот одбор на ДОМ заклучи дека партијата во изминатиот период имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. „Особено сме загрижени поради длабоката поларизација во…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен утре во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски, твитнаа од ЕК како најава на посетата на Фон дер Лајен на Скопје, која утре треба да се обрати и пред пратениците во Собранието, за кусо време потоа да ја коригира објавата и да напише дека претседателката е на средба со претседателот на Северна Македонија. „Претседателката Фон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во северномакедонскиот Парламент на свечената седница во 13 часот“, објави Европската комисија…
„Не за францускиот предлог и за ултиматуми“, „не за менување историја и на учебници“, се дел од пораките од десеттиот протестен марш против модифицираниот француски предлог за деблокада на преговорите на Македонија за членство во Европската унија под мотото „Ултиматум, не благодарам“ што заврши вечерва пред македонското Собрание. Дел од учесниците во протестот поставија шатори пред парламентот и најавија дека ноќта ќе ја поминат таму. Протестот почна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи, по што учесниците во протестот се упатија пред Собранието. „Не, не, не….. Не за францускиот предлог. Ова се историски моменти, се бориме за нашата…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат. Според шефот на дипломатијата Османи, во Протоколот, како и во целиот француски предлог, нема ништо спорно, но дека и Бугарија е незадоволна од предложениот компромис. „Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници. Единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа“, рече Османи за телевизија 24.