Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Студентскиот Пленум е автентична студентска иницијатива која има за цел да ги обедини студентите во Македонија во одбрана на нивните права. Студентскиот Пленум е составен од студенти кои активно се вложуваат во борбата за студентските права
Ако владините политики на младите луѓе не гледаат како на ресурси за опстанок на земјата, туку како на робови кои им се нудат на странските инвеститори за минималци и плати од 200 евра, тогаш што очекувате да се случи, да седат овде во афрички услови?! Не, туку во природата на човекот е да мигрира и да бараат подобри услови за себе и своите семејства
Австријците кои претходно извисија за Дрисла добија црвен картон и за регионалната депонија откако општините од Југоистокот веќе трета година одбиваат да го потпишат договорот со нив иако тие го добија тендерот
Апелациониот суд по разгледување на жалбите ќе одлучи дали ќе ја потврди пресудата на Основниот суд, дали ќе ги укине казните или, пак, ќе го врати предметот на повторно судење.. Новинари од различни редакции се собраа во Судот во знак на поддршка на колегата Кежаровски
Експертите и бизнисмените порачуваат власта да ја послуша Венецијанската комисија и да се откаже од намерата да прави офшор зона во Македонија. Како ваквото сценарио ќе влијае на евроинтеграциите на земјата и кому му одговара земјата да стане даночно прибежиште
Македонија веќе нема време за губење, порачува евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав два дена по извештајот за напредокот на земјава во ексклузивно интервју за ТВ магазинот Еврозум
– Вашите соседи веќе го фатија брзиот воз. Тие се движат, а следната станица е месец декември. Има шанси вашата земја да им се придружи исто така, вели претставникот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, додавајќи дека проблемите во земјата мора итно да се решаваат
Во последниот извештај кој го мери напредокот на Македонија, во делот посветен на економските критериуми Комисијата и порачува на владата дека праксата на континуирано задолжување ја доведува во прашање долгорочна одржливост на македонската економија
Ако го споредите текстот од оваа година и од минатата година, ќе видите разлика, вака одговори евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање дали владата и следната година ќе помине „неказнето“ и ќе добие препорака доколку не ги спроведе реформите во областите кои комисијата ги наведува за критични
Буџетот за регионален развој е недоволен. Владата мора да обезбеди доволно ресурси за да заврши процесот на децентрализација и за да се поддржи локалниот развој, се вели во извештајот. Комисијата забележува и на неефикасната истрага од страна на власта за нападите врз зградата на општина Центар
Иван Соколов, истакнат член на ВМРО ДПМНЕ кој во деведесеттите беше дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ, на својот фејсбук профил јавно го истакна незадоволството од пресудата за поранешниот разузнавач Александар Диневски кој во аферата „Шпион“ доби 4,5 години затвор
Српскиот премиерот Александар Вучиќ вчера ги објави економските мерки со кои планира да ја менаџира кризата. Ќе се кратат платите на вработените во администрацијата, во истиот сектор ќе има и отпуштања, а ќе се намалат и пензиите