Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
А јас, веќе не сум сигурна дали овој систем во своите деца ја гледа својата подобра иднина или, пак, од нив ќе одгледува заблудена војска која под плаштот на идеологијата всушност ќе чува стража на чекмеџињата на два – тројца кои не само што речиси не поседуваат сите нас, ами ја поседуваат и нашата надеж
Претседателот на СОНК Јаким Неделков за НОВА информира дека врз професорите кои во моментов патуваат кон Скопје на закажаниот протест пред Министерството за образование кој треба да се одржи во 12 часот се вршат притисоци од страна на полицијата
Синдикатот им се заблагодари на медиумите кои известуваат за тројцата професори кои штрајкуваат со глад и, покрај генералниот штрајк на 1-ви септевмри, најавува и постапка за преиспитување на таксата за јавен сервис поради пристрасното информирање кои не ги застапува инересите на сите граѓани
Неколку дена по новото задолжување од половина милијарда евра, Владата најавува ново покачување на пензиите и на платите во јавниот сектор. Истовремено, Србија најавува кратење од 10 проценти на платите во јавниот сектор и пензиите
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и советниците од групата предводена од опозициската СДСМ ја напуштија седницата на која што денеска треба да се гласаат двата спорни детални урбанистички планови Градска четврт – Капиштец и Тасино Чешмиче – Водно
-Вчера бев на Водно, таму веќе се е изградено и јас не видов дека земјиштето се лизга, а предупредувањата од научната јавност дека земјиштето се лизга и е опасно за градење се стари од 2008 година, еве ви кажувам јас баш вчера бев таму, рече Шиповиќ во разговорот со новинарите на паузата
Со 11 гласа против и 11 гласа за, како и воздржаниот глас на Шиповиќ не се прифати предлогот на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, со кој тој денеска на седницата на Советот на Општината побара да се тргнат од дневниот ред точките кои предвидуваат промена на трите ДУП-ови за Центар
Нема да се менува ДУП-от за Мал Ринг бидејќи советникот на Илија Илиоски побара да се повлече оваа точка од дневниот ред на Советот на Општина Центар, кој денеска заседава. Седницата се одвива во тензична атмосфера и се уште не е усвоен дневниот ред
Шиповиќ избегна да одговори дали денеска ќе гласа за промената на трите урбанистички плана на Општина Центар со кои меѓу другото се предвидува изградба на десеткатница на планината Водно
Мислев дека „Вечна куќа“ ќе понесе чиста стопроцентна “историска” победа, бидејќи сето тоа беше најавувано како историски почеток на новиот Македонски театар. Како да заборавиле што се направило во не така далечното минато. И покрај сета таа помпа да не се земат сите награди ќе излезе дека милионите се неоправдани
-Срамота е во туристичко место да нема никаков доктор, никаква амбуланта. Нема лекар ниту во Пештани, во Љубаниште нема веќе подолго време, во Св. Наум исто така не можевме да пронајдеме, па така Брза помош дојде дури од центарот на Охрид. Срамота е како после ова да ни доаѓаат странски туристи. Една пчела да те касне ако си алергичен нема да преживееш, нема најобична амбуланта, велат за НОВА очевидци на настанот
Во светло на насилните протести по повод доживотните казни на осудените за петкратното убиство кај Смиљковското езеро, НОВА хронолошки ги презентира судењата од самиот почеток до крајот со цел да се видат аргументите на двете страни во случајот „Монструм“