Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Тогаш кога Талат Џафери се обрати на Илинден, како претседател на Собранието, тогаш кога го цитираше Крушевскиот манифест, да, токму тогаш се сруши светот, се струполи со сета сила врз гневните, задушените, осакатените од друг допир, здив и лик, оние кои гордо се нарекуваат себе националисти. Што рече Џафери, тогаш кога потсети дека во Манифестот се втемелени мултиетничкиот, мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на нашата држава : “Елате браќа муслимани при нас, да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на „Афтономна Македонија. Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се…
Заев не смее да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија затоа што оваа земја мора да остане мала, никаква, изолирана, пусто острово кое нема никој свој и никој не сака да го посети. Тврдина изврзана со бодликава жица, со жители под висок напон кои не признаваат никого освен себе и своите мали, никакви животи. Заев не смее да го потпише Договорот со Бугарија, тој не смее да помисли да му пружи рака на Борисов, само така може да го продолжи патот кој Груевски го изоде, оној пат на презир кон соседите, самољубие, зла…
Талентираниот илустратор и карикатурист, препознатлив по култниот стрип во “Фокус”- Игор Стевковски- Стевац ви го претставуваме преку неговиот портрет
Во оваа епизода на “Заедничка азбука”, го учиме зборот Живот- на македонски, албански и турски. Учествуваат: Марина Савеска, економистка, Шпреса Јусуфи- дипломатка, Иван Менкиноски- правник, Арта Тахири- новинарка. https://www.youtube.com/watch?v=KEovZrrTN8o
Со радост и гордост ја прочитав веста дека на настанот за одбележување на годишнината од „пучот“ во Турција ќе присуствуваат официјални претставници на Владата на Македонија. Само ноќта, за време на пучот, беа убиени 300 луѓе, повеќе од 2,100 беа повредени. Овие луѓе ги дале животите борејќи се против Ердоган, никој не им ги знае имињата, но сите им ги знаеме соништата. Секако дека треба да оди македонската Влада да ја одбележува таа годишнина на пучот, тоа е должност на демократскиот свет, побогу. Секако дека треба да се поклони пред нивните гробови, да им ги запамети имињата, едно по…
Има ли позадина, некакви скриени намери или пак е отворен повик за пружање рака кон Македонија- тоа е клучното прашање за анализа и дебата после трилатерална средба во Солун на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, неговиот бугарскиот колега- Бојко Борисов и српскиот претседател, Александар Вучиќ, кои понудија заеднички став дека “стабилизација во Македонија и суштински дијалог за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот со името се предуслов за целосна поддршка од Грција, Србија и Бугарија за евроатлантските перспективи на Македонија”. Поранешниот министер за надворешни- проф. Љубомир Фрчкоски за НОВА е одлучен во ставот дека “трилатерални средби како оваа на релација Србија-…
https://www.youtube.com/watch?v=5hE51AFZTho Портрет на Славчо Димитров- теоретичар на култура и род, еден од најзначајните интелектуалци што воопшто сме ги имале во Македонија, храбар активист. Гледајте НОВА- ви ги претставуваме неговите почетоци, академската кариера, неговата борба како активист.
Томислав Кежаровски новинар и Александар Наков поренешен обвинител и судија, дебатираат за начинот на кој судиите треба да бидат сменети, како и за калкулациите за нов наследник на Марко Зврлевски
Нека живее и понатаму омразата, за тоа сонувавме откако замина Груевски, зарем не? Понудете омраза, истоварајте ја пред нашите врати, посипете не со неа, напикајте ни ја во грло, нека биде нашата нова коска, нашето проголтано, изџвакано влакно од коса, нека никне дивото месо на Горан Стефановски, нека проплука крв од мака Милица Стојанова, таа знаеше, ние знаевме, и пак никој не дозна колку омразата ќе не сотре. Вакви, никакви, кои ниедно идно време не може да ги одвлече од омразата. Ајде, да продолжиме да ги мразиме сите- сега мора да се мрази истата страна. Омразата мора да преживее. Тоа…
https://www.youtube.com/watch?v=mTeUUajJ_G4 Младиот и исклучително талентиран визуелен уметник Ѓорѓе Јовановиќ е еден од најизложуваните и најнаградуваните македонски уметници во земјава и во странство. Во неговиот фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Оттаму, во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата.
https://www.youtube.com/watch?v=NAiwWV6Ao4c Во оваа епизода на “Заедничка азбука”, го учиме зборот Правда- на македонски, албански и турски. Учествуваат: Аделина Марку- дипломат, Славчо Димитров,-теоретичар на култура и род и активист и Ерман Шабан, актер. Гледајте НОВА.
Дебата со Гордана Дувњак – новинар и Мирослав Вуиќ – адвокат, за можноста обвинетите високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, сепак да завршат во притвор. На кој начин судиите можат да почнат да работат независно а не како до сега под партиски притисоци и кое е идеалното решение за наследник на Зврлевски. https://www.youtube.com/watch?v=xEcCIY2zBE4