Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Во време на претседателствувањето на Ричард Никсон, во Вашингтон со години кружела една саркастична шега. Оди вака: Замислете што би се случило да умре Кисинџер. Тогаш Ричард Никсон ќе стане претседател на САД. Конечно, Кисинџер е човекот за кој е изграден фасцинантен култ, оние кои му се восхитуваа и оние кои го презираа се согласуваат во едно- светот никогаш не бил едноставна сложувалка, но со појавата на Кисинџер, нашата судбина зависеше проклето многу од овој Харвардски студент, со дипломска теза за Кант. Видете само како Оријана Фалачи го опишува Кисинџер, како вовед во нивното ужасно по многу перипетии интервју (за…
https://www.youtube.com/watch?v=JLlJZG377qk Александар Станковски-Рембрант, член на Советот за култура во Владата и Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, говорат за најавата на Груевски за десороизација, неговите шанси за формирање Влада, како и улогата на Доналд Трамп во македонската криза.
За четири дена, Доналд Трамп ќе ја преземе претседателската функција, по една од најпознатите бурни транзиции во модерната историја, поставувајќи ја сцената за веројатно тежок период на драматични промени, партиска огорченост и непредвидливи резултати, анализира Си-Ен-Ен. Трамп ќе седне на моќната политичка фотелја со далеку помал рејтинг од неговите претходници, додека мнозинството Американците имаат дилеми за неговата способност да се справи со работата. Тој е во војна со националните разузнавачки агенции, има дисфункционални односи со медиумите, се бори со тврдењата дека е премногу опуштен со Русија и ги отфрла конвенционалните етички стандарди за претседател кој е пред стапување на функцијата.…
Правото на Албанците да говорат на својот мајчин јазик, затоа што на него сонуваат, никој нема право да го оспори. Но, извинете господине Ахмети, вие повеќе немате кредибилитет тоа да го барате, затоа што вие повеќе не говорите на истиот јазик со нашите сограѓани, Албанците. Во светот на политиката, секогаш доаѓа време да се испорачаат сметките, макар и историјата ги прокнижила. Но знам, сега вие со потсмев гледате на оваа стара реваншистичка поговорка, и можеби и во право сте. Денешната историја на окупација на авторитарно лидерство низ светот- Путин, Ердоган, Орбан, поголемиот дел балкански лидери, покажува само едно- мудрувањето со…
Во библиотеката на рударско- економскиот колеџ во Варкува, Русија, биле пронајдени 53 книги. И тоа не какви било книги. Не, другари, немојте да бидете наивни. Тоа се книги од најопасниот вид, оној вид кој мора да се сотре, но со посебен жар, во буквална смисла, да пламнат и да изгорат до последната буква, за да не остане траг, па ако треба ниту пепел. Ех, да. Тие 53 книги пронајдени во непријателска библиотека во далечниот руски колеџ, биле издадени со поддршка на фондацијата на Сорос, која во путинистичка Русија е прогласена за непожелна. Што може друго да се направи под такви…
https://www.youtube.com/watch?v=hh_FWH64Vb0 Пишувате во интернет пребарувачот Mojo.mk и од првиот текст натаму, постојано се смеете. Моџо Килингтон, креаторот на содржината на овој веб-сајт објаснува како влијае неговата сатира, кои му се омилените настани од 2016 и како ликовите кои се предмет на сатира во Мојо.мк ги инспирираат текстовите.
Година во која заминаа легендарни уметници
https://www.youtube.com/watch?v=RzF47R_LnEg Би било самоубиствено да се чека со страв Новата 2017 година. Знам, добро знам, стравот е оправдан, ако го погледнете од прозорец останатиот свет кој повеќе не се контролира, ниту пак има изгледи дека ќе надвладее здравиот разум. После Трамп, односите помеѓу Америка и Русија се сериозна непознаница, како и нивниот светоглед кон се што излегува надвор од нивните фиксирани, кон себе очила. Можете да се потсмевате колку сакате за руското влијание во регионов, но сомнежите кои и на крај се потврдија за директно мешање во претседателските избори во Америка, оставаат доволен простор за останатите руски делувања во регионов,…
Груевски низ московските улици ќе се препотува од сомнеж дали да и верува на сопствената сенка која му надвиснала да го поклопи. Се е прашање на милост, во време на очигледен лудачки сјај во очите за одмазда. Земете го ова сведоштво за време на чешкиот комунистички режим, кога апсењата на интелигенцијата се прашање на чест на диктатурата, се поинаку би било библиски потоп за џелатите. Марта Хубишова, икона во секоја смисла, не само како уметник, туку и како интелектуалец, потписник на Повелбата 77 и оттука гонета, забранувана, распнувана. Ја прашуваат како се чувствувала кога ќе ја виделе на улица, но…
За сите можни сценарија на коалицирање по изборниот процес и прегласувањето во Теарце во Студио на НОВА дебатираат Џевдет Хајредини и Алберт Муслиу, политички аналитичари
После овие избори, преговарачката маса на Никола Груевски остана тажна и празна- на неа се седнати две-три кукли на надувување, кои за неговите потреби глумат спремни за дом ќосиња, но внимавајте, така изгледа само на прв поглед. Груевски не е свесен дека ја надминува оваа на прв поглед безопасна и патетична ситуација- тој преигрува, како неталентираните глумци во театар, кога мавтајќи со пушката, собираат и откинуваат глави пред себе, дури и на публиката од последниот ред. Тој во таа зовриена игра, заборава само едно- дека опасноста секогаш демне, дека доаѓа до момент куклите на навивање да се отргнат од…
https://www.youtube.com/watch?v=BcaPYu8IpPw Лилјана Поповска, ДОМ и Џабир Дерала, ЦИВИЛ, дебатираат за сите нерегуларности на изборите, кои покрај се доведоа до скоро израмнет резултат на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ.