Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Евтини приказни: Наметнувањето нови даноци за хонорарците е само политичка одлука и ништо повеќе. Да се уништат новите медиуми, порталите и секако и невладините. Но, и легално да се земат пари од главните донатори, клучните душмани, како Сорос и УСАИД и некои други, тоа е прашање на живот или смрт
Интервју со претседателот на Адвокатската комора на Канада- Крис Палиаре: За писмото до Иванов и Груевски, изразувајќи силно противење на предложениот уставен амандман со кој ќе се забранат истополовите бракови, граѓански заедници или било која друга форма на животно партнерство за истополовите партнери
Синдикалниот лидер на новинарите, Тамара Чаусидис и Артан Садику, член на Левичарското движење „Солидарност“ зборуваат за денешниот протест поради законските измени кои предвидуваат работниците да плаќаат придонеси за сите хонорари поголеми од 9.500 денари на месечно ниво. Тие сметаат дека со овие промени работниците дополнително ќе осиромашат и предвидуваат дека незадоволството допрва ќе експлодира.
Евтини приказни: Зошто вие не ги седнете министрите и да ги прашате зошто бегаат од студентите, зошто не ги поканат на дебата и не ги сослушаат барем еднаш во животот? Зошто не марширавте заедно со студентите, ако во срцето први ви се граѓаните, па потоа татковината, а на крај партиската припадност која ви обезбедила претседателска фотелја?
Дебата со Ксенофон Угриновски, еден од авторите на учебникот по Граѓанско општество за 8 одд. и Бранко Геровски, главен уредник на “Слободен печат”: Про и контра- Угриновски поднел жалба против новинарката Мирослава Симоновска од “Слободен”, за моќта на власта и ставовите дека граѓаните треба да бидат покорни
Нема студенти кои бараат право на глас, некој да ги слушне побогу, нема професори кои маршираа со своите студенти, не постои професорот Марјановиќ кој со студентите тој ден одеше кроце, полека, затоа што така мора, затоа што тоа е обврска, затоа што не смее поинаку! Не. Само сатанската опозиција и клетите соросоиди беа таму
Претставниците од Студентски пленум Магдалена Петкова и Филип Манев говорат за поддршката која ја добија од граѓаните на денешниот Студентски марш, одлучно ги отфрлаат обвинувањата дека СДСМ стои зад протестите и најавуваат нови, помасовни протести ако власта им наметне екстерно
Очекував низ овие години архитектите да бидат движечката сила, преку разни облици на мирни протести: да стојат со денови, недели и месеци, на Плоштадот во Скопје, да одбијат да се помрднат додека багерите би татнеле, да се бунат, затоа што само така може да се преживее, само така е можно да се живее
Интервју со независната пратеничка Љубица Буралиева, која беше исклучена од СДСМ заради тоа што не ја следеше својата партија во бојкотот на Парламентот: За вандализмот со вулгарната порака кој го пријавила во полиција, за нејзината одлука зошто и го свртела грбот на СДСМ, по што ќе биде запаметена како пратеник
Интервју со Проф. Владимир Пивоваров: За Аферата фалсификување пасоши и видео-снимката која ја објави неделникот и портал “Фокус”, министерката Јанкуловска вели дека никој не пријавил случај на фалсификување, каде е јавниот обвинител Зврлевски и зошто воопшто нема истрага
Не верувам во светоста за која говори Шеќеринска. Да се помести и преврти светот и земјата да стане рамна плоча, да не распарчи атомска бомба и да ги влечкаат сите неблагодарници по улица, се ќе остане исто. Кога Пендаровски вели- “Македонија вечна”, јас слушам друга музика, други гласови кои му одговараат: Не, пријателе, ВМРО-ДПМНЕ е вечно!
Интервју со екс-гувернерот на Народна банка Петар Гошев за екстремната сиромаштија и невработеноста кои власта ги крие, за загрижувачката задолженост и полнењето на буџетот преку казни, и најавените документи и докази на СДСМ, т.н „бомба“, за која Гошев смета дека ќе го покрене народот и ќе го освести за начинот на владеење на Владата на Груевски