Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Прогресивниот данок се укинува и од први јануари останува данокот на личен доход на 10 проценти. Се размислува да се воведе данок за екстра профити на компании кои за време на кризата оствариле натпросечни профити. Хонорарците ќе може доброволно да плаќаат придонеси, но од 2024 година откако ќе се направат законски измени и платформа за фриленсери. Ова се само дел од новините во даночната реформа која треба да почне да се применува од први јануари. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува на проширување на даночната основна по…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека го информирал како Белград гледа на ситуацијата на Косово и дека е подготвен да ја разгледа одлуката на Србија за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана доколку види дека има смисла, а Вархеји порача дека Србија е потребна на тој самит, како и нејзиниот лидер да седи на масата заедно со сите, јави дописникот на МИА од Белград. По средбата со Вархеји, Вучиќ истакна: „И јас му кажав, ниту сум луд, ниту пијан, ниту глупав. Но, посочив се што се случуваше од почетокот…
Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Северна Македонија се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград. По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг. Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија. „Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба“, пишува Дојче веле. Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11…
По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов (1968) дојде и во Скопје. За промоцијата на книгата која лани излезе во превод и на македонски, во издание на „Или-Или“ во кино „Фросина“ дојдоа многу гости и почитувачи на неговото дело, зашто неговите романи од преводната литература се меѓу најчитаните во Македонија. „Бугарскиот Џорџ Орвел“, како што Господинов го нарече британскиот весник „Тајмс“, е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен…
Во продолжение погледнете неколку фотографии од денешниот протест во Скопје на приватните автобуски превозници кои се дел од „Слобода Превоз“. Превозниците го изразија незадоволството од неплатениот долг што го има кон нив Јавното сообраќајно претпријатие. Во меѓувреме, поради наводни неисполнувања на договорот, Град Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“ и ги повика на склучување на поединечни договори. За разлика од понеделничкиот протест кога ја блокираа крстосницата крај „Мавровка“, денешниот протест се одвиваше на булеварот „Илинденска“ кој минува покрај скопското градско раководство. Денешниот протест не беше со интензитет како во понеделникот и не предизвика позначајни проблеми во градскиот сообраќај.
САД ќе преземат дополнителни чекори за казнување на корумпираните функционери, изјави заменик-помошникот државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар на настанот посветен на евроатлантската иднина на регионот во Атлантскиот совет во Вашингтон, пренесе Гласот на Америка. „Не само што е ефективно да се санкционираат поединци, туку ако погледнете дел од она што го објавува Министерството за финансии, ќе ја видите длабочината на корупцијата“, рече Ескобар. Тој го истакна примерот во Босна и Херцеговина, каде што политичарите активно се координираат и соработуваат со организираните криминални групи. „И луѓето треба да го знаат тоа. Штом луѓето го знаат ова, лидерите мора да…
Неколку украински амбасади, вклучително и амбасадата во Загреб добиле „крвави пакети“ со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи. Пакетите, натопени во течност со карактеристична боја и мирис, се испратени до украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, генералните конзулати во Неапол и Краков и конзулатот во Брно, објави на Фејсбук портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко. Инцидентот уследи по серијата писма-бомби испратени на различни адреси во Шпанија, вклучувајќи ја и амбасадата на Украина во Мадрид. Николенко посочи и дека е вандализиран влезот на резиденцијата на амбасадорот во Ватикан, а имале и дојава за пакет бомби…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Се сеќавате како луѓето „масовно“ велеа пред локалните избори кога Шилегов беше градоначалник на Скопје (?): „па можно ли е толку да не си го сака својот град“ или, ако ја додефинираме приказната: „вмроовците“ отсекогаш велеа за време на локалните избори дека тие се „вистинските застапници на народот“, а вистинскиот народ е оној народ што само нив ги бира. Ами, ете ви го народот, браќа и сестри, ете, народот ја одбра Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. И? Ете, издиша пред очите на сите: и Скопје и Арсовска и ВМРО и Мицкоски. Сè летна в облаци. Добро,…
Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков потврди за МИА дека ја разрешил директорката на ООУ „Даме Груев“ Таца Дукова, каде што ученик подолго време бил жртва на врсничко насилство. Врсничкото насилство, како што изјави Нацков, се случило во два наврати во текот на ноември врз деветтооделенец од ова училиште, од страна на двајца негови соученици, во училишната соблекувална за физичко образование и спорт, кога ја искинале неговата долна облека и му нанеле гребаници. Ученикот, кој е и првенец во генерацијата, од истите соученици и претходно бил изложуван на малтретирање преку уништување на неговиот училишен прибор што му бил фрлан низ…
Неверојатно сум им благодарна на македонското Собрание, Владата, медиумите и општеството за неверојатната поддршка и помош за Украина, како и за покривањето и споделувањето на вистинити информации за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, геноцидот врз украинскиот народ, што продолжува и сега од страна на државата – терорист Русија . Украина чувствува силна поддршка од демократските земји во светот, особено, тоа беше многу забележливо во рамки на комеморативните настани во светот во чест на почитувањето на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, што се одржа на 26 ноември 2022 година. Деновиве уште четири земји се приклучија…
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, изјави дека почетокот на пролетта 2023 година може да биде краен рок за постигнување договор меѓу Косово и Србија. Тој за приштинските медиуми рече дека предлогот за конечно решение е европски предлог, со вклученост и силна поддршка на Германија и на Франција. Лајчак рече дека целта е да се постигне целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија до почетокот на 2024 година, а она што не е направено до овој период, како што рече, можеби и воопшто нема да се направи. Лајчак оцени дека двете страни…
Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски најави дека околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред објектите на Град Скопје. Тој додаде дека ако нема резултат и после денешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинден“. Причина за блокадите е што приватните превозници не постигнале договор со Град Скопје и ЈСП за исплата на долгот. Покрај тоа, вчера, градската управа на Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“, поради…