Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ ќе ја разгледа одлуката да оди во Тирана, Вархеjи со порака – Србија ни е потребна

0
By Соња Крамарска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Западот во офанзива за решавање на српско-косовското прашање. Ќе успее ли убедувачката мисија на дипломатите?
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 2, 2022 15:45

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека го информирал како Белград гледа на ситуацијата на Косово и дека е подготвен да ја разгледа одлуката на Србија за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана доколку види дека има смисла, а Вархеји порача дека Србија е потребна на тој самит, како и нејзиниот лидер да седи на масата заедно со сите, јави дописникот на МИА од Белград.

По средбата со Вархеји, Вучиќ истакна: „И јас му кажав, ниту сум луд, ниту пијан, ниту глупав. Но, посочив се што се случуваше од почетокот на годината и како постепено пропаѓаше секоја можност за нормален разговор со Приштина“.

Вучиќ потенцираше дека Србите на северот на Косово „повеќе нема да го трпат теророт на Курти“ и дека никој тоа не сака да го чуе.

„Ако ова беше начин да ме слушнат, барем направив една добра работа за народот и државата“, изјави Вучиќ.

„Денеска Вархеји како докажан пријател на Србија рече ‘мораш да присуствуваш и пред сите таму да кажеш што имаш’. Јас реков дека веќе кажав се“, рече Вучиќ на прес-конференцијата, пренесувајќи го неговиот став во врска со синоќешната порака дека нема да оди во Тирана на самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Тој рече дека разговарал и со премиерката Ана Брнабиќ и дека и таа смета дека треба да присуствува на Самитот.

„Одев на секој Самит, дијалог. Одев секаде со добра волја и со намера да го зачувам мирот, слушајќи ги најлошите лаги, глупости. Не гледам многу смисла, но подготвен сум затоа што Оливер, како и многу други, сакаат да ја видат Србија во ЕУ“, рече Вучиќ, додавајќи дека „сè уште не донел одлука и дека за време на викендот ќе ја донесе“.

Еврокомесарот Вархеји на конференцијата рече дека Европа е „на клучен, ако не и на критичен, крстопат“.

„Сега сме одговорни да ги исполниме очекувањата и да го одржиме замаецот бидејќи процесот на проширување е еден од трите главни приоритети на лидерите на ЕУ. Токму тоа е причината зошто имаме самит во Тирана каде нашите лидери за првпат ќе дојдат во регионот, да разговараме со регионот за регионот. Неопходно е сите да се вклучат и ни треба и Србија да биде на масата и лидерот на Србија да седне на масата“, рече Вархеји.

Тој додаде дека големо внимание се посветува на односите меѓу ЕУ и Србија и политиката на проширување, бидејќи едно нешто што го покажала руската агресија врз Украина е дека единственото вистинско долгорочно решение за мир, стабилност и просперитет е членството во Унијата.

„Имаме три земји кои решија веднаш по руската агресија да аплицираат за членство, каков доказ ви треба повеќе“, рече еврокомесарот. Како што оцени, придобивките од пристапниот процес може да се видат и во Србија, „но за да се реализира сето тоа мора да работиме заедно“.

„Мораме да дејствуваме заедно кога имаме заеднички предизвици, а можеби дури и кога предизвиците не се заеднички. Во јуни оваа година нашите лидери ја потврдија својата едногласна посветеност на перспективата за членство на целиот регион бидејќи за нас тоа не е само геополитички приоритет, но и основна фундаментална алка и стратешки избор за целиот континент“, посочи тој.

Вархеји изрази надеж дека во Тирана ќе биде потпишан договор за роаминг, кој ќе го внесе Западен Балкан во роаминг зоната на ЕУ, што би значело дека следната година кога луѓето ќе одат на одмор, секој може да има корист од тоа.

Извор: МИА

Александар Вучиќ Оливер Вархеји Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.