Author: Соња Крамарска

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. Двајцата претседатели посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит, а каде неизоставен дел беа и експонати на македонскиот рубин. Во Сули ан, претседателите поразговараа со студенти од Факултетот за ликовни уметности, при УКИМ и посетија едно од ателјеата каде се одржува нивната настава. Претседателите Пендаровски и Штајнмајер престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Хатиџе Муратова и проследија инсерти од…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи присуствуваа на настан по повод завршувањето на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод на делницата Неготино-Кавадарци-Битола во должина од 92 км. Ковачевски во изјавата за медиумите истакна дека ова значи спојување на целата делница од Клечовце (Куманово), до Битола во должина од околу 188 километри. „Гасификацијата значи придобивка за граѓаните, за компаниите, за индустриските зони, а секако има големо влијание и за заштита на животната средина. Компаниите од овој регион, а и регионот на Прилеп и Битола сега можат…

Read More

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи тројцата обвинети виновни за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот кое се случи на 7 април годинава пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје. Со првостепената пресуда обвинетите добија затворски казни од: Анџело Ѓоргиевски (28) – 18 години затвор Клементина Левковска (19) – 18 години затвор Андреј Костовски (19) – 16 години затвор Пресудата ја изрече судечки совет на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ и таа не е правосилна бидејќи странките имаат право на жалба до повисокиот Апелациски суд Скопје. Покрај затворската казна судот определи и надомест за штета за семејството на…

Read More

Инфлацијата во еврозоната падна за првпат во последните 17 месеци, што ги зголеми надежите дека најголемиот пораст на цените за една генерација го достигна врвот и Европската централна банка ќе може да се префрли на помали зголемувања на каматните стапки следниот месец. Забавувањето на цените на енергијата и услугите помогнаа инфлацијата во блокот на единствената валута да падне повеќе од очекуваното на 10 отсто во ноември, што е намалување од рекордните 10,6 отсто во октомври, според податоците на статистичката агенција на ЕУ. Инфлацијата во САД, исто така, падна во октомври, а глобалните показатели укажуваат на тоа дека неконтролираната глобална инфлација оваа година достигна…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР денеска ќе излезе со факти за скандалите во кој се нашол синот на заменик-министерот Назим Буши. Спасовски рече дека тоа што се пласирало во медиумите се шпекулации и дека вистинските моменти ќе ги појасни МВР. „Ќе има одговорност за тој што направил прекршок, кој сака нека е. Дали е министер, дали е директор, дали е обичен граѓанин, за секој еден ако направил прекршок ќе има одговорност“, изјави тој. Синот на заменик-министерот за внатрешни работи во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен, полицајците пријавиле дека автомобилот е владин и…

Read More

Европа мора да го зајакне своето присуство на Западен Балкан и земјите соседни со Русија за да го ограничи своето влијание и министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО да испратат пораки за поддршка на нивната независност, беше заклучено на последниот ден од состанокот во Букурешт. Шефовите на дипломатските мисии на членките на НАТО вчера ветија поголема помош на Украина во оружје и опрема за обнова на инфраструктурата што Русија ја уништува со бомбардирања користејќи ја „зимата како оружје“ и насочени напади врз украинската енергетска инфраструктура за да се лиши населението од греење, струја и вода. Генералниот секретар…

Read More

Основачот на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, е осуден за организирање заговор за блокирање на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД. Поротата во Вашингтон, по тридневно размислување, синоќа го прогласи Роудс за виновен за бунт, по речиси двомесечното судење кое ги разоткри напорите на екстремно десничарската група по секоја цена да го задржи Доналд Трамп во Белата куќа. Роудс е ослободен од другите две точки од обвинението, кои се однесуваа на наводниот заговор. Роудс не влезе со толпата во американскиот Капитол на 6 јануари, но е обвинет дека го водел заговорот што започна непосредно по…

Read More

Владата на Италија планира да воведе данок од 50 отсто на дополнителните приходи што ги заработуваат енергетските компании од растот на глобалните цени на нафтата и гасот, објави Ројтерс, повикувајќи се на увид во нацрт-буџетот на земјата за 2023 година. Според извештајот, овој данок ќе се наплаќа на делот од приходот на компанијата во 2022 година, за кој е утврдено дека е најмалку 10 отсто поголем од просекот на компанијата помеѓу 2018 и 2021 година. Сепак, данокот ќе биде ограничен на 25 отсто од вредноста на нето средствата на компанијата, која е евидентирана до крајот на 2021 година. Според условите…

Read More

Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер денеска и утре е во посета на Македонија. Во рамки на посетата денеска тој имаше говор во парламентот на кој присуствуваа пратениците од сите пратенички групи. Во продолжение го даваме интегралниот говор на германскиот гостин: Голема благодарност за поканата на Северна Македонија. Чест ми е што можам да ви се обратам. Не помина ни половина година кога вие тука во оваа сала испишавте историја. Кога на 16 јули оваа година ја донесовте одлуката која не беше едноставна за никого од вас, за гласање на протоколот со Бугарија, за да продолжите да чекорите по патот…

Read More

Ако за некого може да се каже дека беше шампион во неговата професија, тоа беше докторот Јовица Угриновски. Македонија се гордееше со својот неврохирург од класа на светски професионалци во оваа важна област. Угриновски како најголем стручњак беше повикан на операционата маса кога требаше да се спасува животот на претседателот Киро Глигоров по атентатот што му беше извршен во 1995 година. „Ако сакате мртов претседател, чекајте странски доктори“, им рекол тој тогаш на сите од државниот врв кои во паника размислувале како да постапат и какви одлуки да донесат во врска со тешко ранетиот шеф на државата. Сложениот неврохируршки оперативен…

Read More

Претседателката на Судскиот совет – највисоко тело во судската власт, поднесе оставка. Причините кои ги наведува се во најмала рака неразбирливи. Вели дека не била по ќеф на некоја, според неа, судско-бизнис елита. А очекувавме да каже дека поднесува оставка по епизодата со списокот на имиња за членови на Управен одбор и на комисиите за приемен и завршен испит на Академијата за судии и обвинители, кои членовите на Судскиот совет не сакале да ги изгласаат, односно предложиле и нивни кандидати бидејќи имале право на тоа. Со политички жаргон, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска, го изгубила мнозинството во Судскиот совет.…

Read More

Во периодот од 6.30 до 7.30 часот утрово во Грција беа регистрирани три земјотреси од 4,7, 4,1 и 4,2 степени според Рихтер со епицентар во морскиот дел источно од островот Евија, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Првиот земјотрес од 4,7 степени во 6.32 часот утрово по локално време беше регистриран на девет километри од копното на Евија, а подоцна, за помалку од еден час следеа уште два земјотреси, исто над четири степени. Земјотресите, освен на Евија, беа почувствувани и во…

Read More