Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија воведува данок од 50 отсто на дополнителниот приход на енергетските компании

0
By Соња Крамарска on November 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 29, 2022 16:23

Владата на Италија планира да воведе данок од 50 отсто на дополнителните приходи што ги заработуваат енергетските компании од растот на глобалните цени на нафтата и гасот, објави Ројтерс, повикувајќи се на увид во нацрт-буџетот на земјата за 2023 година.

Според извештајот, овој данок ќе се наплаќа на делот од приходот на компанијата во 2022 година, за кој е утврдено дека е најмалку 10 отсто поголем од просекот на компанијата помеѓу 2018 и 2021 година.

Сепак, данокот ќе биде ограничен на 25 отсто од вредноста на нето средствата на компанијата, која е евидентирана до крајот на 2021 година.

Според условите предвидени во буџетскиот план, се проценува дека цел на новиот данок ќе бидат околу 7.000 компании кои произведуваат и продаваат природен гас, струја и нафтени деривати.

Италијанското Министерство за финансии минатата недела претстави поинаква верзија на предлог-буџетот, со данок од 35 отсто наместо 50 отсто, а кој требаше да се пресметува врз основа на остварената добивка, а не врз основа на приходите.

Сегашниот данок за енергетските компании во земјава е 25 отсто.

Конечната верзија на буџетот допрва треба да биде официјално објавена.

Италија се бори со нагло растечка инфлација, која минатиот месец достигна највисоко ниво во последните 40 години од 11,9 отсто на годишно ниво, најмногу поради високите цени на енергијата, кои скокнаа за 71,1 отсто на годишно ниво, покажаа официјалните податоци.

 

данок енергетски компании Италија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.