Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во врска со случајот со Барлет Џафери кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција информираме дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството за правда и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година, соопшти денеска Министерството за правда по реакцијата на Комисијата за спречување на корупција. „Потписот за положен правосуден испит го ставил министерот за правда кој ја извршувал функцијата во 2015 година“, се вели во соопштението. Министер за правда во посочениот мандат беше Аднан Јашари. Министерството за правда во денешното соопштение додава дека „во врска со…
Со официјална церемонија денеска во Скопје ќе биде отворена новата зграда на бугарскиот Културно-информативен центар во земјава, јави Бугарското национално радио (БНР). За време на отворањето ќе биде отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Северна Македонија и Бугарија. На свеченоста, како што објави БНР, ќе присуствува директорката на Центарот, Антонија Велева, министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков. Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по договорот меѓу владите од април 2003 година. Свеченото пуштање во употреба на новата зграда на бугарскиот КИЦ се одвива во период…
Канцеларијата на Твитер во Брисел е последната жртва на преземањето на компанијата од страна на Илон Маск,чие затворање се случи во време на носењето регулатива кон социјалните мрежи. Откако стана извршен директор на компанијата кон крајот на октомври, Маск растури голем дел од внатрешните структури на персоналот, прво отпуштајќи ги своите врвни директори, а потоа делејќи откази на голем број вработени и распуштајќи основни тимови. Тимовите за етика, човекови права и пристапност на вештачката интелигенција на компанијата се меѓу „убиените“ досега. Значителен број вработени во компанијата, исто така, избраа да ги напуштат своите работни места поради притисокот од Маск да…
Рекорден број на луѓе изминатата година мигрирале во Велика Британија, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика (ОНС). Во периодот од јуни 2021 до јуни годинава во Велика Британија пристигнале 504.000 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле земјата, со што е соборен рекордот од 390.000 од 2015 година. Во истиот период во Велика Британија мигрирале вкупно 1,1 милион луѓе. Директорката на Меѓународниот центар за миграција при ОНС, Џеј Линдоп изјави дека зголемувањето на бројот на мигранти се должи на големиот број луѓе кои пристигнуваат од Авганистан, Хонг Конг и Украина, на кои им е одобрено право да живеат во земјата.…
Франција отвори истрага за незаконско финансирање на изборната кампања на францускиот претседател Емануел Макрон во 2017 година. Ова го објави весникот „Ле Паризиен“, на кој се повикуваат медиуми од странство. Националното финансиско обвинителство на земјата отвори предистражна постапка во ноември, која беше доделена на тројца истражители. Еден од нив е Серж Турнеур, кој во 2017 година покрена обвинение против поранешниот премиер Франсоа Фијон. Поради истрагата, Фијон се повлече од изборната трка, иако според анкетите имал шанса да го престигне Макрон. Истрагата првично беше покрената во март по извештајот на Сенатот за перење пари од приватни консултантски фирми и затајување данок…
Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на затворена седница одлучува за тоа. Цената на ЕСМ кон универзалниот снабдувач ја носи Владата. Ги имам приближните пресметки во делот на тоа колку би можела да биде цената на струјата по 1 јануари и согласно нашите проекции и дискусијата што ќе ја имаме на Економскиот совет…
Турска делегација отпатува во Стокхолм за да разговара за обврските преземени од Шведска и Финска заради членство во НАТО, јави турската приватна телевизија НТВ. Портпаролот на претседателот Ибрахим Кален и заменикот-министер за надворешни работи Седат Јонал ќе присуствуваат на денешните разговори, на кои ќе се разгледаат чекорите што двете нордиски земји ги презедоа и кои ветуваат дека во иднина ќе ги преземат. За време на средбата ќе се разговара за теми како што се екстрадиција на членови на групи како Курдската работничка партија (ПКК) и т.н.ФЕТО и ограничување на активностите на терористичките организации. Минатата недела на зградата на турската амбасада…
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе не може да победи на бојното поле. На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“. „Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку и јасно кршење на меѓународното право“, рече Шолц. „Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку Путин е безмилосен. Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убивање и целосно да ги повлече војниците од Украина и да се согласи на…
Градот Пресиче, на југот од областа Пуља во Италија, е уште еден во низата што ќе им плаќа на заинтересираните за зголемување на тамошното население, ветувајќи им до 30.000 евра, Иако, како и секогаш, има услови… Оние кои ќе ја прифатат понудата мора да ги искористат парите за да купат празен, т.е. напуштен имот, што чини околу 25.000 евра и да го реновираат. „Има многу празни куќи во историското место, изградени пред 1991 година, кои би сакале повторно да ги видиме со нови жители. Ќе им понудиме до 30.000 евра на луѓето кои сакаат да се преселат овде и да…
Кина го забележа својот најголем број дневни случаи на Ковид од почетокот на пандемијата, и покрај строгите мерки наменети за елиминирање на вирусот. Неколку големи градови, вклучувајќи го главниот град Пекинг и јужниот трговски центар Гуангжу, доживуваат епидемии. Вчера се забележани 31.527 случаи во споредба со априлскиот врв од 28.000. Бројките се сè уште мали за земја со 1,4 милијарди луѓе и официјално нешто повеќе од 5.200 починале од почетокот на пандемијата. Тоа е еднакво на три смртни случаи од Ковид на секој милион во Кина, споредено со 3.000 на милион во САД и 2.400 на милион во Велика Британија.…
ЕУ се повлекува од проектната инвестиција за пристаништето Драч, грант од 28 милиони евра наменет за поддршка на проектот за реконструкција на дел на терминалот во ова најголемо албанско пристаниште, јави Топ чанел. Се додава дека на официјалната веб-страница на „Инвестициската рамка на Западен Балкан“, овој проект веќе има статус „откажан“. „Во описот на проектот на оваа страница, инвестицијата финансирана од ЕУ би овозможила зголемување на преработувачките капацитети на бродовите, зголемување на проектираната длабочина со цел закотвување на бродовите со голема тонажа како и зголемување на стабилноста на кејовите за високи тонажи“, наведува телевизијата. Пристаништето Драч моментално третира околу 90…
Премиерот на Косово Албин Курти тврди дека договорот што синоќа го постигнаа главните преговарачи на Белград и Приштина не е истиот договор што им беше понуден на двете страни за време на преговорите во Брисел во понеделникот. Курти во парламентот во Приштина изјави дека не се работи за договор за регистарски таблички, туку за, како што тврди, договор за преговори за германско-француски предлог за решавање на косовското прашање. Тој вели и дека ставот на Приштина останал ист, но дека „позицијата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел е променета“. Тој објасни дека целта на Приштина е „француско-германскиот предлог за нормализација…