Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турска делегација оди во Шведска заради нејзината кандидатура за членство во НАТО

0
By Соња Крамарска on November 24, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Анкара смета дека нордиските земји им даваат засолниште па дури и ги поддржуваат терористичките организации кои се вмешани во последниот и во претходните напади во Истанбул
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 24, 2022 14:56

Турска делегација отпатува во Стокхолм за да разговара за обврските преземени од Шведска и Финска заради членство во НАТО, јави турската приватна телевизија НТВ.

Портпаролот на претседателот Ибрахим Кален и заменикот-министер за надворешни работи Седат Јонал ќе присуствуваат на денешните разговори, на кои ќе се разгледаат чекорите што двете нордиски земји ги презедоа и кои ветуваат дека во иднина ќе ги преземат.

За време на средбата ќе се разговара за теми како што се екстрадиција на членови на групи како Курдската работничка партија (ПКК) и т.н.ФЕТО и ограничување на активностите на терористичките организации.

Минатата недела на зградата на турската амбасада во Стокхолм беа проектирани изјави и фотографии со пропагандни слики на терористички организации, а по инцидентот, Министерството за надворешни работи го повика шведскиот амбасадор во Анкара за да го изрази негодувањето на Турција.

Двете скандинавски земји ги поднесоа своите апликации за членство во НАТО во јуни, но Турција приговори, велејќи дека двете земји толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи, вклучително и претставници на ПКК. Според трипартитниот меморандум потпишан во Мадрид – Стокхолм и Хелсинки се обврзаа дека нема да ја поддржуваат ПКК, сириските курдски организации кои Анкара ги смета за ограноци на ПКК, како и, како што ја нарекува Турција, Фетулахистичка терористичка организација (ФЕТО), која турските власти ја обвинуваат за обидот за пуч во Турција во 2016 година.

НАТО Турција Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.