Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Единаесетгодишно девојче од Британија е застрелано додека си играше на лулашки во градината на нејзината семејна куќа во село во западна Франција. Во нападот во селото Сен Хербо во Бретања се повредени и таткото и мајката на девојчето, додека нејзината осумгодишна сестра се спасила неповредена. Семејството Торнон, кое живее во селото околу пет години, уживало на скара во својата градина, а девојките си играле на лулашки околу 22 часот кога се појавил нивниот сосед Холанѓанец со пиштол и испукал кон нив неколку истрели. 11-годишната Солен Торнон била убиена веднаш, додека нејзиниот татко, 52-годишниот Адриен, бил застрелан во главата. Тој е…
Украина соопшти дека го вратила четвртото село во југоисточниот дел на земјата како дел од нејзината контраофанзива. Киевските сили го кренаа украинското знаме во Сторожево во регионот Донецк во видео објавено на интернет. Министерот за одбрана ѝ се заблагодари на 35. одделна поморска бригада за повторно преземање на контролата врз селото. Тоа доаѓа откако Украина соопшти дека ги ослободила и селата Блаходатне, Нескучне и Макаривка, кои се на работ на регионот Донецк до Запорожје. Борбите продолжуваат и денеска кај Бахмут, Авдиевка и Маринка, со 25 битки во последните 24 часа, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.
Во лавиринтот на италијанската политика, Силвио Берлускони беше маестрален бизнисмен, човек кој ги спои бизнисот и јавниот живот – како никој друг. Неговата личност го привлекуваше италијанскиот електорат, кој продолжи да го поддржува и покрај обвинувањата за корупција и двојни зделки, пишува Би-Би-Си. Четири пати беше премиер и секој пат кога неговата политичка кариера изгледаше завршена, успеваше да им пркоси на своите критичари и да се врати. Девет години откако му беше забрането да извршува јавна функција поради даночна измама, тој се врати во парламентот, избран во италијанскиот Сенат пред да наполни 86 години во септември 2022 година. Но, често…
Трката за избор на нов генерален секретар на НАТО се вжештува бидејќи мандатот на Јенс Столтенберг треба да заврши овој септември. Мислењето на американскиот претседател Џо Бајден ќе има огромна тежина при изборот бидејќи САД трошат повеќе од која било друга членка на НАТО за одбрана. Американскиот претседател Џо Бајден го покани генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг на разговори денес во Белата куќа, објави новинската агенција АП во својот извештај. Столтенберг, кој е на чело на НАТО од 2014 година и чиј мандат беше продолжен три пати, на почетокот на годинава изјави дека ќе се повлече кога…
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. „Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци во текот на изминатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Османи. Премиерот Курти и првиот вицепремиер Бислими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за…
Почина поранешниот италијански премиер Силвиот Берлускони (86). Беше лидер на политичката партија Форца Италија. Во изминатите четири денови беше хоспитализиран во Милано поради леукемија. Тој беше на чело на партијата што беше официјално основана во јануари 1994 година, за првпат да учествува на општите избори во март истата година. Берлускони беше премиер кратко време – седум месеци во 1994 година, пред повторно да биде назначен на истата позиција во 2001 година. Втората влада на Берлускони е најдолгата во историјата на Италијанската Република. Но, на 20 април 2005 година тој понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и…
Речиси две третини од граѓаните на земајва позитивно ја оценуваат иницијативата „Отворен Балкан“, покажа последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје. Преку 63 отсто од населението смета дека е добра иницијативата за засилување на регионалната соработка и економската интеграција меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија. Негативно на ваквите процеси гледаат само 15,9 отсто од испитаниците, што е драстично поголема разлика отколку одговорите на анкетата од истиот институт направена во 2020 година, кога само 42,4 отсто од граѓаните биле позитивни за „Отворен Балкан“, а речиси 40 отсто гледале негативно. Истата анкета открива дека граѓаните сметаат дека со Србија, која заедно…
Правиме напори да ги започнеме уставните измени, кон крајот на јули верувам дека ке ја започнеме постапката, изјави за „Студио 10“ на ТВ 24 вицепремиерот Артан Груби. „Во Собранието има 120 пратеници, нема 80. Сметам дека сите тие, со исклучок на двајца пратеници, се за интегрирање на нашата земја во ЕУ, како што беа за во НАТО. Убеден сум дека ако се претстави добро оваа техничка измена во Уставот би ја прифатиле и граѓаните, а не само пратениците. Ова се само технички амандмани за да го продолжиме европскиот пат на Македонија“, рече Груби. Груби порача дека е битно тоа што…
По вчерашните вонредни парламентарни избори во Црна Гора првото место го зазеде Движењето Европа сега (ПЕС), следува коалицијата околу Демократската партија на социјалистите (ДПС), покажуваат податоците на Мониторинг центарот (ЦЕМИ) врз основа на 99 отсто од обработениот примерок. Движењето Европа сега, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ, освои 25,6 отсто од гласовите и, според ЦЕМИ, ќе има 23 мандати во парламентот. Коалицијата „Заедно“ околу ДПС, предводена од вршителот на должноста претседател на партијата Данијел Живковиќ, освои 23,8 отсто од гласовите и ќе има 21 мандат. Во таа коалиција со ДПС се социјалдемократите (СД), Демократскиот сојуз на Албанците (ДУА)…
Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција (УФП) Арафат Муареми и вработени службеници во Управата, јавниот обвинител врз основа на прибраните вербални и материјални докази утврди дека во однос на двете кривични пријави не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела или друго кривично дело кое се гони по службена должност. Обвинителството соопшти дека во анонимната кривична пријава поднесена од група граѓани на 3 мај 2023 година биле изнесени наводи дека УФП не постапувала по анонимните пријави и оформените предмети биле затворани без да биде известено надлежното обвинителство. „Врз основа на наводите…
Водечките компании во прехранбениот сектор во Франција ветија дека од јули ќе ги намалат цените на стотици производи, соопшти денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, заканувајќи им се со финансиски санкции доколку го прекршат ветувањето. -„Им порачувам на Французите дека во јули цените на одредени производи ќе се намалат“, изјави Ле Мер за ТВ BFM, најавувајќи проверки и санкции за компаниите што не го почитуваат договорот. Ден претходно, министерот се сретна со претставници на 75 компании кои покриваат 80 отсто од потрошувачката на храна во Франција. Во групата производи што ќе поевтинат, министерот ги издвои тестенините, живината и маслото.…
Се зголемуваат доказите дека браната Нова Каховка е крената во воздух, по објавувањето на сеизмички податоци кои покажуваат експлозија во раните утрински часови во вторникот, пишува Гардијан. Независната истражувачка фондација Норсар (Норвешка сеизмичка агенција) вели дека сигналите од регионалната станица во Романија укажуваат на експлозија во 2.54 часот. Норсар нема донесено заклучоци за тоа кој е одговорен. Украинската влада соопшти дека руските окупациски сили имале контрола над хидроелектраната на врвот на браната и ја користеле во моментот на експлозијата, а експертите велат дека би било многу полесно да се крене браната одвнатре отколку да се пука во неа од далечина.…